50 - 50 старателство како дифолт, без алиментација, за спас на светата институција БРАК !

Член од
15 март 2023
Мислења
31
Поени од реакции
52
Разводите се множат, зошто?

1. Жените напуштаат 80% од случаите, а во 87% се иницијатори на разводот.
2. Жените во 90% добиваат старателство над децата.
3. Жените како старатели, добиваат алиментација.

И после се чудите зошто разводите се множат?
Жената не губи ништо при развод, освен мажот, сопругот ( кој и онака е проблемот нели? )
Децата се кај неа.
Пола и повеќе од имотот останува кај неа.
Месечна надокнада за претрпена самотија.
На мажот му остануваат долговите, трошоците, секирациите што мора да моли за време со сопствените деца.

Сега појасно ви е?

Ако постои закон со кој при развод старателството однапред се поставува на 50% - 50% никој не може да уценува со децата и да ги користи како оружје за изнуда ( ова би исклучувало екстреми, кога едниот родител свесно се откажува од старателство, не е во можност да биде старател ако на пример е во затвор или има физичка или ментална болест, итн ) ако на мајката или таткото би му следувала алиментација само ако долг период поради останувањето дома со децата немал работа и начин за да по разводот се издржува, во секој друг случај се делат само трошоците за децата ( се прави фонд за таа намена до кој двајцата старатели по разводот имаат пристап и се користи исклучиво за потреби на децата ).
Ако се постават вакви параметри - разводите ќе се намалат за 70% и сопружниците ќе се трудат да ги решат проблемите наместо да бегаат од нив со развод.
Се додека разводот е профитабилен, процентот на разводи ќе расте.
Тоа е како на просечна плата од 500€ да даваш социјална помош од 1000€... Никој нема да сака да работи.
Стоп за финансирањето на лоши родители!
Стоп за голготите на децата на разведени родители !
 
Член од
5 март 2023
Мислења
398
Поени од реакции
1.537
Затоа се потпишува предбрачен договор и мнооогу добро се размислува дали со таа жена треба да стапиш во брак затоа што врти-сучи жените профитираат, ем децата кај нив, ем алиментација, ем пола имот од мажот. Згора на се, таа децата ќе ги наелектризира против мажот и може да се случи цел живот твоето дете да те мрази без причина и душата да те боли. П.С. Ова е главната причина поради која нема никогаш да стапам во брак.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
Да му се плукнам ја на тој брак во кој е потпишан предбрачен договор,тука нема љубов нема ништо освен едно голо лицемерство..
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.407
Поени од реакции
62.002
Лаичко прашање. Доколку мажот е невработен, на кој начин би требало да плаќа алиментација?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Да му се плукнам ја на тој брак во кој е потпишан предбрачен договор,тука нема љубов нема ништо освен едно голо лицемерство..
Абе сеа и ти, љубов. Брак е повеќе за заедништво некое, полесен живот, делење финансиски и животен товар со некого. Затресканост во некој се губи со години, и се формира некоја зависност. Ако си млад и имаш пари, глеј да си се осигураш на време со некој предбрачен договор, зошто со степенот на разводи денес, ќе ти стопи некоја се. Не дека жени се лоши, ама ретко кој брак добро завршува. Емоции беснеат, луѓе се чуствуваат оштетени, бараат одмазда, и сл. Инаку има и случаии жени кај што плаќаат алиментација. Хели Бери плачеше за тоа пред некоја година, она му плаќа на бившиот, и него, и за издржување на децата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Затоа се потпишува предбрачен договор и мнооогу добро се размислува дали со таа жена треба да стапиш во брак затоа што врти-сучи жените профитираат, ем децата кај нив, ем алиментација, ем пола имот од мажот. Згора на се, таа децата ќе ги наелектризира против мажот и може да се случи цел живот твоето дете да те мрази без причина и душата да те боли. П.С. Ова е главната причина поради која нема никогаш да стапам во брак.
Па ти можеш и да не потпишеш развод, не може никој со сила да те натера на тоа.
Лаичко прашање. Доколку мажот е невработен, на кој начин би требало да плаќа алиментација?
Нема да плаќа.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.593
Лаичко прашање. Доколку мажот е невработен, на кој начин би требало да плаќа алиментација?
Мислам дека нема да плаќа. Ако работи на црно исто мислам декљ нема да плаќа, моментот е ако работи осигуран, тогаш ќе почнат да му зимаат.

Не знам што ќе се деси ако има заостанати плаќања x години, па реши да работи одигуран ради пензиско.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
Абе сеа и ти, љубов. Брак е повеќе за заедништво некое, полесен живот, делење финансиски и животен товар со некого. Затресканост во некој се губи со години, и се формира некоја зависност. Ако си млад и имаш пари, глеј да си се осигураш на време со некој предбрачен договор, зошто со степенот на разводи денес, ќе ти стопи некоја се. Не дека жени се лоши, ама ретко кој брак добро завршува. Емоции беснеат, луѓе се чуствуваат оштетени, бараат одмазда, и сл. Инаку има и случаии жени кај што плаќаат алиментација. Хели Бери плачеше за тоа пред некоја година, она му плаќа на бившиот, и него, и за издржување на децата.
Бац те разбирам ја што сакаш ти да кажеш/оправдаш ама на крај ќе се сведе пак на мојата констатација која ја пишав во една реченица..Од таков брак се раѓаат нервозни деца,детството не го ни осеќаат и им проаѓа пред очи,брзо созреваат(во негативен аспект) и на крај постануваат луѓе/машини кои совршено одговараат во светот кој живееме(исто негативен аспект)...
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.893
Мене ме интересира колку е алиментацијата во Македонија? Еве пример мажот ако зима 500 евра плата шо сама по себе е едвај доволна да го истурка месецот, колку од таа сума ќе му скинат?

Јас би воведол алиментација али само за лица шо не си ги сакаат децата и нејќат да ги одгледуват. Неможе ти си се борел на суд за нив, си ги сакаш имаш одлична комуникација со нив и на крај суд да одлучи да ти ги зема и плус пари да и даваш на кокошката шо нема денар у џеб и неможе да им пружи ништо.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344

во зависнот од платата се пресметува алиментација и дали има едно дете или повеќе.
Мислам дека минимумот е 2.000ден по дете.
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 373154

...различно мислење од мажите, еве друго размислување од мушко врти денес на ФБ!
... како да вика ''pick me''. А објавава ми е некако цела глума од голем космополит по социјална мрежа колку да се ''излиже'' кај женски пол.
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Не знам дали имате чуено за Наум Рибароски сум имала можност да разговарам во неколку наврати со човекот тој е од граѓанска иницијатива - група родители и веќе со години водат борба да се има споделено старателство. Предобро смислено и многу подобро од ова што сега го имаме, но се уште неприфатено колку што знам за да се направат промени во закон за семејство и сл.

Се борат против тоа да децата се доделуваат на чување и воспитување само на едниот родител а другиот родител да добива минимално време за остварување на своето родителско право. Дополнително и да не се врши родителското отуѓување најчесто од родителите на кои им се доверени децата, и тоа на начин со постојани негативни коментари за другиот родител но и со дејствија што го ограничуваат контактот на другиот родител со децата.

Знам дека постојано го контактираат луѓе и гледа да помогне некако но ја немаат силата да направат законодавни промени што ќе важат за сите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom