@Saber Rider
1. Да форумот е отворен, но си има одредени теми каде што во истите се дискутира на темата за кои и се направени. На пр. ова е Рк Пелистер тема, и слободно пишете на темата Рк Пелистер.
2. Самиот знајш дека ниеден вистински навивач на Пелистер нема да пиши ние сме бр.1, па само некоја страна поназад можиш да видиш а и мојот последен текст во навивачки групи е дека групата е најбитно после сите свои проблеми да преживее а не да се споредува со овај или онај. На никој не можиш да забраниш да си пиши шо мисли, но треба самите да прајте проценка кои се тие шо пишат. А за самокритични дека не сме, добро би било тие шо се најсамобендисани самите да се погледнат во огледало. Ова е тема за рк Пелистер и не би продолжил за групи понатаму да пишам.
3. А ако ти се прај анализа на Чкембари зошто сме сега толку а утре онолку, имаш тема навивачки групи слободно анализирајте, сега не е битно друго ништо освен утрешното дерби.
4. Треба и ние и вие да сме среќни шо имаме дерби, ако сте сметале дека ви било појако дерби со пирати ваша работа, јас лично сметам дека ракометното ривалство овие две години со изданијата го достигна својот врв, поголемо и подобро од кога било претходно.