Здравството кај нас

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.287
Поени од реакции
7.239
...ти ништо не напиша уште бараш резиме?
Од што може да почине толку младо девојче без предходни заболувања ако не од спукан абцес на слепо црево и како последица на тоа сепса!

Ко ги читам "експертиве" на Фејсбук, мука да ти стане!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
bitola-devojce-400x240.jpg

цитирам :

"... Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана Христовска.

Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со физиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето.

Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.

„Детето било донесено за преглед на одделението на 22.03.2023г. околу 10,00 ч. без претходен упат од матичен доктор.

Била примена на преглед специјалист педијатар, кој искреирал ‘итен упат’ со упатна дијагноза E86 – дехидратација.

Во 10:07ч. добиен е анамнестички податок за покачена температура од пред три дена и болки во грло, заради кое мајката и дала сируп Co-almacin.

Ден пред приемот е без покачена температура, со повраќање во два наврати, а од вечерта и отоци на очните капаци и болка во нозете по што мајката го прекинала сирупот.

Од клиничкиот преглед во наодот констатиран е присутен оток на очните капаци
, хиперемични лаци во тонзилофарингеална регија и обложен јазик“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според кажувањата на родителите, детето претходните два-три дена примало некаква терапија, но директорот Обедниковски вели дека тие како болница имаат пристап само до мерките што ги презеле специјалистите кај нив во болницата, а за сè друго ќе почекаат да заврши истрагата, која е во тек.

Јана примила инфузија која била физиолошки раствор со 5 проценти глукоза, па одново е земена крв за дополнителни анализи, каде е проверуван шеќерот.

„Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа и потоа ординирана терапија –‘Хипоглусал 1’ – 500мл. ( 250 мл.5% Глукоза и 250 мл.0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin.

По добиените резултати, во 10:45 часот земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус“, се додава од ДСЗИ.

Тие констатираат: „По завршување на инфузијата состојбата се влошила“.

„Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност (поспаност).

Докторката која извршила првично преглед побара помош од вториот присутен педијатар.

Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата.

Во меѓувреме детето прави срцев застој по што е направена е реанимација.

Извршена е и консултација со специјалисти – педијатри од ЈЗУ УК за детски болести од оддел за кардиологија и за неврологија за транспорт во таа здравствена установа.

По препорака на специјалистот – анестезиолог во болницата направени се дополнителни анализи на ензимскиот и ацидобазниот статус (креатин киназа и тропонин ) во 13.34ч и во 13.49ч.

Поради дополнително влошување на состојбата, во 14,00 ч детето е пренесено во службата за интензивно лекување САРИЛ каде е направена кардио пулмонална реанимација и дадена е терапија, но без успех. Од страна на анестезиологот е констатирана смрт во 15.20 часот“, додаде ДСЗИ.

Изјави дале и специјалистите педијатри

„По изјава на двете докторки – специјалисти педијатри по добиените резултати од направените ензимски иследувања за покачени показатели за срцево страдање (креатин киназа и тропонин) известена е мајката на детето за сериозноста на состојбата.

Телото на починатото дете е дадено на обдукција. Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на ДСЗИ“, додава инспекторатот.
Освен за инспекцискиот надзор во битолската болница, од ДСЗИ засега нема информација дали е направен увид и во документацијата на починатото девојче која се водела кај матичниот доктор.

Сведоштво за последните моменти на Јана имаше и татко ѝ за „Макфакс“. Тој и неговата сопруга се убедени дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузијата, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.

Со став излезе и битолското Обвинителство, од каде што посочија дека издале наредби за да се утврди фактичката состојба...."

затворен цитат.

... сега моја претпоставка после сето ова, еден вид анафилактичен шок највероватно од антибиотик, а да не приметат медицинските лица, главна индикација да им биде само дехидрираност, неповрзаност на матични лекари од примарно здравство со секундарно здравство, да не се даде соодветна антишок терапија кога веќе има отоци на очните капаци што завршува со фатален исход од срцев инфаркт (покачен тропонин) , не ми се верува дека е тоа резиме на овој трагичен случај во здравството во 21 век.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.287
Поени од реакции
7.239
цитирам :

"... Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана Христовска.
Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со фисиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето.
Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.

„Детето било донесено за преглед на одделението на 22.03.2023г. околу 10,00 ч. без претходен упат од матичен доктор. Била примена на преглед специјалист педијатар, кој искреирал ‘итен упат’ со упатна дијагноза E86 – дехидратација во 10:07ч.
Добиен е анамнестички податок за покачена температура од пред три дена и болки во грло, заради кое мајката и дала сируп Co-almacin.

Ден пред приемот е без покачена температура, со повраќање во два наврати, а од вечерта и отоци на очните капаци и болка во нозете по што мајката го прекинала сирупот.

Од клиничкиот преглед во наодот констатиран е присутен оток на очните капаци
, хиперемични лаци во тонзилофарингеална регија и обложен јазик“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според кажувањата на родителите, детето претходните два-три дена примало некаква терапија, но директорот Обедниковски вели дека тие како болница имаат пристап само до мерките што ги презеле специјалистите кај нив во болницата, а за сè друго ќе почекаат да заврши истрагата, која е во тек.

Јана примила инфузија која била физиолошки раствор со 5 проценти глукоза, па одново е земена крв за дополнителни анализи, каде е проверуван шеќерот.

„Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа и потоа ординирана терапија –‘Хипоглусал 1’ – 500мл. ( 250 мл.5% Глукоза и 250 мл.0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin.

По добиените резултати, во 10:45 часот земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус“, се додава од ДСЗИ.

Тие констатираат: „По завршување на инфузијата состојбата се влошила“.

„Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност (поспаност).

Докторката која извршила првично преглед побара помош од вториот присутен педијатар.

Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата.

Во меѓувреме детето прави срцев застој по што е направена е реанимација.

Извршена е и консултација со специјалисти – педијатри од ЈЗУ УК за детски болести од оддел за кардиологија и за неврологија за транспорт во таа здравствена установа.

По препорака на специјалистот – анестезиолог во болницата направени се дополнителни анализи на ензимскиот и ацидобазниот статус (креатин киназа и тропонин ) во 13.34ч и во 13.49ч.

Поради дополнително влошување на состојбата, во 14,00 ч детето е пренесено во службата за интензивно лекување САРИЛ каде е направена кардио пулмонална реанимација и дадена е терапија, но без успех. Од страна на анестезиологот е констатирана смрт во 15.20 часот“, додаде ДСЗИ.

Изјави дале и специјалистите педијатри

„По изјава на двете докторки – специјалисти педијатри по добиените резултати од направените ензимски иследувања за покачени показатели за срцево страдање (креатин киназа и тропонин) известена е мајката на детето за сериозноста на состојбата.

Телото на починатото дете е дадено на обдукција. Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на ДСЗИ“, додава инспекторатот.
Освен за инспекцискиот надзор во битолската болница, од ДСЗИ засега нема информација дали е направен увид и во документацијата на починатото девојче која се водела кај матичниот доктор.

Сведоштво за последните моменти на Јана имаше и татко ѝ за „Макфакс“. Тој и неговата сопруга се убедени дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузијата, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.

Со став излезе и битолското Обвинителство, од каде што посочија дека издале наредби за да се утврди фактичката состојба...."

затворен цитат

... еден вид анафилактичен шок највероватно од антибиотик, а да не приметат медицинските лица, главна индикација да им биде само дехидрираност, неповрзаност на матични лекари од примарно здравство со секундарно здравство, да не се даде соодветна антишок терапија кога веќе има отоци на очните капаци што завршува со фатален исход од срцев инфаркт (покачен тропонин) , не ми се верува дека е тоа резиме на овој трагичен случај во здравството во 21 век.
Анафилактичен шок после три дена и без уртикарија со таква брза клинична слика не одговара баш.

Срцевите ензими се речиси секогаш покачени кај сепса со мултиорганска инсуфициенција.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Анафилактичен шок после три дена и без уртикарија со таква брза клинична слика не одговара баш.

Срцевите ензими се речиси секогаш покачени кај сепса со мултиорганска инсуфициенција.
Image_1679702864.jpg
scv20230325_011457.jpeg

...денес све е индивидуално, не може да применуваш класична дефиниција за анафилактичен шок, не мора уртикарија

download (22).jpeg sign-and-symptoms-of-anaphylaxis.jpg
доволен знак се отоците на очните капаци, навремена антишок терапија, па дури и еден обичен кортикостероид ќе завршеше работа, лечат дефидрација, а девојчето во шок состојба, срцев застој, тие мислат за транспорт, ненормални, хитноста не дозволуваше многу консултации и транспорт, удри еден адреналин човече, срцето и' застана душиче.

aae4653ba48d841da08e0c0bfd54cb80ceb87120-1500x1500.jpg
 
Последно уредено:
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Прегледај го приврзокот 372978
Прегледај го приврзокот 372979

...денес све е индивидуално, не може да применуваш класична дефиниција за анафилактичен шок, не мора уртикарија

Прегледај го приврзокот 372975Прегледај го приврзокот 372977
доволен знак се отоците на очните капаци, навремена антишок терапија, па дури и еден обичен кортикостероид ќе завршеше работа, лечат дефидрација, а девојчето во шок состојба, срцев застој, тие мислат за транспорт, ненормални, хитноста не дозволуваше многу консултации и транспорт, удри еден адреналин човече, срцето и' застана душиче.

Прегледај го приврзокот 372976
Вака од страна е едно, на пример: зошто да администрираат адреналин ако виталните параметри се добри на прием? Сигурно подоцна во реанимација е администриран, понатака ценам дека дете на 5-6 год. сигурно има и претходно примано антибиотик и би знаеле родителите доколку е алергична на некој..трето, даваме антибиотик по телефон или пак родителите некогаш на своја рака започнуваат антибиотска терапија без претходно да се обави преглед, лабораторија, микробиологија итн…

Што стварно се случило не знам, вака од страна можеме само да шпекулираме..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Докторка да прашувала сестра што да правиме..ако е ова точно,единствена легитимна мерка би била давење во леген со вода.Све да ви ебам корумпирано и ненормално,зинале само за пари и мито и кој со кого да се изебе по канцеларии.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Вака од страна е едно, на пример: зошто да администрираат адреналин ако виталните параметри се добри на прием?
...читај,
,,
„Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност (поспаност).

Докторката која извршила првично преглед побара помош од вториот присутен педијатар.

Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата...,,

...колку време тука се изгубило , мислење за колку време на веќе истоштено дете?
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Malku imav vreme I pochnav da razmisluvam I dojdov do nekolku zakluchoci.
1.Fokus e medium koj ne dava tochno informacii I e vo dnevnopolitichka shema na profit.
2.Nitu edna zdravstvena ustanova a posebno privatna(Remedika) nema da otstrani organ vo kolku ne se potpishes deka si soglasen.
3. Vo naodite I vo informacijata stoi deka zdravata dojka e otstraneta vo soglasnost so pacientkata za da ne bide vo rizik za karcinom na dojka.
4.Vo kolku bil naodot na tenkoiglena biopsija(5 grupa-carcinom) se otstranuva samo kvadratot kade e carcinomot vo prviot akt na operacija.(naodot za tipot na biopsija e objaven vo Celina). Cela dojka vo privatna bolnica se otstranuva samo Po baranje na pacient.
5.Naodite od biopsija od drzavna ne vazat vo privatnite bolnici I obratno(znachi sekogash pravat nova biopsija).Od lichno iskustvo potvrduvam.
6. Postoi vo naukata lazno pozitivni naodot I lazno negativni naodite I na sekoja biopsila kade se zema kletka a ne primerok na tkivo e pogolem toj procent.
7. Vo zakonot kade po tvoe baranje baras ostranuvanje na zdrava dojka (po princip na Andgelina Dzoli koja preventivno napravi otstranuvanje na obete dojki poradi visok rizik za karcinom) ne mozes da baras otshteta nitu od lekar nitu od bolnica.
8. Neuki novinari plateni od Golemite gazdi pravat bombastichni prikazni.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
понатака ценам дека дете на 5-6 год. сигурно има и претходно примано антибиотик и би знаеле родителите доколку е алергична на некој..
...не само антибиотик туку и други лекови кои се пиеле еднаш, може втор пат кога ќе се пијат да развијат алергиски реакции со различна јачина зависно и од состојбата на телото сите различно реагираат, затоа се има протокол на следење и рагирање кога се има појава на било кој алергиски (знак) симптом од испиен лек, било прв пат, втор или трет пат пиен во текот на животот, еден...еден симптом е доволен да се посомневаме и благовремено да се реагира, тука е важно брзо да се реагира, дај му на детето ,,заштита,, од таков сомнеж, а не чиста инфузија да третираат дехидрација, кога има друг симптом на потечени очни капаци и болки во нозете во таква состојба ја донеле и тука мораше да се реагира од што потекуваат очните капаци???

...јас се сеќавам за еден случај на 30 шен ловџија го донеле со брза помош на кардиологија со симптоми за пред инфарктна состојба, веднаш реагирале во тој правец на индикација, дури и терапија на хепарин, но состојбата уште полоша, тогаш во тие моменти спомнал некоја болка во ногата, се нашол тука специјализант му ја видел ногата, еден очен капак потечен и веднаш рекол ова е анафилактичен шок му дале шок терапија за 10 минути све се смирило, ни инфаркт ни бутур, ниту уртикарија, само убод локално од стршлен или пчела што на чуден начин му влегла и го боцнал во ногата, ниту бил алергичен на инсекти, ете го здрав прав ама со шприц со него за секој случај.

...зборот ми беше, не е све школски, па мора сите симптоми да се има, па да се даде дијагноза посебно кога телото е во животно загрижувачка состојба и секоја секунда е важна за брза реакција, па зошто тогаш веднаш одредуваат терапија од clexan само од еден покачен параметар д-димер? што не се проверуваат и другите параметри кои сите заедно ако се вон референтни вредности, па да даде дијагноза на присутна тромбоза и тек после да се ординира clexane? се растурија за време на ковид од давање на clexane, па и сега на труднициве, па после ќе искрварат на пораѓај, ама ај друга тема.
2.Nitu edna zdravstvena ustanova a posebno privatna(Remedika) nema da otstrani organ vo kolku ne se potpishes deka si soglasen.
... не се сложувам, па ќе искоментирам, све е тоа во ред бомбастични новинарски искази, но тука не се пишува за естетска хирургија, па пациентката ќе потпише дека сака интервенција, макар тој прав нос или уши ќе бидат ,,посмешни,, од нејзините претходни на нејзин ризик и желба, овде се работи за животно загрозувачки момент ,,канцер,,.
... која жена сака доброволно да ги острани градите ако не е советувана од медицинско лице да го стори тоа со сите процедури што и ги наложуваат да ги направи, таа само да трпи и да плати од џеб и нормално да потпише пред операција ,,дека таа сакала така,,, па нормално дека ,,сака,, ако и кажале дека има рак на дојка и дека МОРА да се оперира?
... брзо ги забораваме антиковид вакцини? се потпишувало дека доброволно се вакцинира дотичниот, а од друга страна грин пас пропусници, забрани и казни и бркање од работа за тие кои не се антиковид вакцинираат поради нелогиката дека е класична вакцина, па сега пост долгорочни последици од генетските mRNK кој ќе биде крив?
...,,ненајдена смрт" на спортисти, млади , појава и будење на ,,смирени хронични болести,,, па и канцер кој бил ,,смирен,, све тоа од антиковид вакцина од страв да не се умре, вака ќе се спасиме ако ја примиме, иако пак се заразуваме, пак ја пренесуваме и пак се разболуваме од ковид, каде е тука логиката?
... важно сите потпишале доброволно, а ДЕНЕС околу пост антиковид последици штама, било новинари, било приватни или државни болници никој ништо не се спомнува како ризик фактор на некоја новонастаната здравствена состојба, тоа не е добро.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.287
Поени од реакции
7.239
Прегледај го приврзокот 372978
Прегледај го приврзокот 372979

...денес све е индивидуално, не може да применуваш класична дефиниција за анафилактичен шок, не мора уртикарија

Прегледај го приврзокот 372975Прегледај го приврзокот 372977
доволен знак се отоците на очните капаци, навремена антишок терапија, па дури и еден обичен кортикостероид ќе завршеше работа, лечат дефидрација, а девојчето во шок состојба, срцев застој, тие мислат за транспорт, ненормални, хитноста не дозволуваше многу консултации и транспорт, удри еден адреналин човече, срцето и' застана душиче.

Прегледај го приврзокот 372976
Колку позабавена е алергиската реакција, толку таа не доведува до симптоми кои предизвикува шок.

Анафилактичен шок се јавува веднаш после примањето на причинителот и тоа е брза и масивна реакција.

Овде има 3 дена растојание, така да анафилактичен шок е малку веројатно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Колку позабавена е алергиската реакција, толку таа не доведува до симптоми кои предизвикува шок.
Анафилактичен шок се јавува веднаш после примањето на причинителот и тоа е брза и масивна реакција.
Овде има 3 дена растојание, така да анафилактичен шок е малку веројатно.
...може слабо искуство имаш, пациент може и те како после три дена од примање на истиот антибиотик да покаже алергиска реакција токму втор, трет ден, после примање на иста доза антибиотик, не си приметил во болнички услови ординирање на антибиотик и три дена кортикостероид?

...во најново време такви несакани алергиски реакции дава ciprofloksacin и тоа после земање две дози т.е следниот ден.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.287
Поени од реакции
7.239
...може слабо искуство имаш, пациент може и те како после три дена од примање на истиот антибиотик да покаже алергиска реакција токму втор, трет ден, после примање на иста доза антибиотик, не си приметил во болнички услови ординирање на антибиотик и три дена кортикостероид?

...во најново време такви несакани алергиски реакции дава ciprofloksacin и тоа после земање две дози т.е следниот ден.
Баш тоа дека имам искуство со такви пациенти и баш затоа се дава кортико кое дава ефект после половина час!!!

За анафилактичен шок се дава адреналин!

:facepalm:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.698
Поени од реакции
19.728
6 годишно дете да ти се лизне од раце за толку кратко време.. не знам кој протокол за траума го имаат, или можеби детето било предоцна донесено, жално многу, се повеќе луѓе исплашени од здравствениот систем.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Баш тоа дека имам искуство со такви пациенти и баш затоа се дава кортико кое дава ефект после половина час!!!
За анафилактичен шок се дава адреналин!

:facepalm:
...зашто толку све буквално нели реков некој тип на „анафилактичен шок“, за тебе све ти се исти алергиските реакции? ако нема уртикарија тогаш не е алергија затоа што така пишува во книга дека мора да има промена на кожата, е па не мора, сега ние не сме на лице место, па знаеме што и како било и ти се фати прво за инфузијата, па после слепо црево и сепса, онака дебатираме според информациите кои некои ги пишува што не мора да се точни.
...ти не коментираш за случајот со можни различни ситуации, ти мене ме коментираш, со мене се натпреваруваш што пишувам што не, не приметуваш дека си некако преоптеретен тоа што јас пишувам, а не за што пишувам?
... за анафилактичен шок се дава адреналин, ама не веднаш човече, зависи од тежината на самиот шок и издржливоста и моменталната состојба на пациентот, колку такви пациенти со таква реакција се дојдени во болница, не им се даде веднаш адреналин, а се водат како анафилактичен шок.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.923
Поени од реакции
35.266
Точно е ова или фб докторчето пак лупа глупости?

Screenshot_20230325_171138_Facebook.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom