... да се почека извештајот од судска медицина, да не се шпекулира.
Дехидратацијата е еден од најголемите ризик-фактори за електролитен дисбаланс.
...инаку кој доктор, ете и педијатар нека е, дава чист раствор на гликоза на дехидрирано шестгодишно дете и тоа истечено 500 мл, па дополнително ставиле уште 500мл, кога веќе постои хипоглусал раствор кој е комбинација на физиолошки и гликоза, а девојчето со покачена гликемија во крвта?
...мајките се едуцирани уште од раѓање на бебето дека при дехидратација на бебето од било која причина се дава прашок за рехидратација кој ќе го растворат во вода давајќи капка по капка како идеален баланс помеѓу декстроза и соли (електролити), кои се одговорни за воспоставување на нормално ниво на базна киселина, а не само од „шеќер“ (гликоза).
Да се потсетиме:
Што се електролити и која е нивната важност за нашиот организам?
Електролитите се минерали односно позитивно и негативно наелектризирани јони и се неопходни за живот и правилно функционирање на организмот, ги регулираат нервни и мускулни функции, хидратација на телото, pH на крвта, крвниот притисок и обновување на оштетените ткива.
Во нашето тело постојат различни механизми кои ја одржуваат концентрацијата на електролити во рамнотежа неопходна за правилно функционирање на телото, мускулите и невроните зависат од движењето на електролитите помеѓу екстрацелуларната, меѓуклеточната и интрацелуларната течност (течност внатре, надвор или помеѓу клетките).
За контракција на мускулите потребни се калциум (Ca2 +), натриум (Na +) и калиум (K +). Нарушено ниво на електролити може да доведе до мускулна слабост или мускулни грчеви, срцето, мускулите и нервните клетки користат електролити за да го одржат напонот во клеточните мембрани и да ги пренесат електричните импулси до другите клетки.
Прегледај го приврзокот 372958
Во нашето тело од електролити се важни:
натриум (Na +),
калиум (K +),
калциум (Ca2 +),
магнезиум (Mg2 +),
хлорид (Cl1-)
водород фосфат (HPO42-).
Натриум (Na +)
Тој е еден од најважните електролити во телото. Тоа е позитивно наелектризиран екстрацелуларен јон и е важен за одржување на волуменот на крвта и киселинско-базната рамнотежа на течности, како и функцијата на нервите и мускулите.
Калиум (К +)
За разлика од натриумот, калиумот е интрацелуларен позитивно наелектризиран јон, иако може да се најде и надвор од клетката. Учествува во преносот на нервните импулси и има улога во мускулните контракции, важен е за контролата на крвниот притисок, клеточната делба, развојот на ембрионот и друго.
Калциум (Ca2 +)
Калциумот е најзастапениот есенцијален макро минерал во нашето тело. Се наоѓа во коските и забите, а дел во лимфата и другите телесни течности. Учествува во голем број функции - од згрутчување на крвта, регулирање на отчукувањата на срцето до пренос на импулси.
Магнезиум (Mg2 +)
Исто така е суштински минерал со повеќекратна улога во телото. Се наоѓа во клетките, коските и учествува во нивната изградба, важен е во функцијата на централниот нервен систем и одржувањето на нормалниот крвен притисок.
Хлорид (Cl1-)
Хлоридот е најголемиот анјон (негативен јон) и се наоѓа во екстрацелуларната течност. Заедно со натриумот, делува на одржување на рамнотежата и притисокот на различните течности во телото. Тој е важен и за одржување на киселоста, а најмногу го добиваме (како и натриумот) од солта во исхраната.
Водород фосфат (HPO42- )
Анјонот кој е присутен во најголем процент во коските, а остатокот е внатре во клетките. Тој игра важна улога во градењето на коските и забите, производството на енергија, работата на мускулниот и нервниот систем и регенерацијата на ткивата.
Симптоми кои укажуваат на нерамнотежа
Променетите нивоа на магнезиум, натриум, калиум или калциум може да предизвикаат еден или повеќе од следниве симптоми:
- неправилно чукање на срцето
- слабост
- тикови и грчеви во мускулите
- абнормален крвен притисок
- конфузија
- напади
- интоксикација
- замор, летаргија
- конвулзии
- болест на коските
- нарушувања на нервниот систем
За дијагностицирање на електролитниот дислбаланс постојат повеќе типови на тестови – проверката на електролитите во крвта, тестови на урината, а во дијагностицирањето можат да помогнат и ЕКГ и рентген снимање на бубрезите.
... едни кажуваат дека девејчето било донесено со висока температура, други дека немало температура, прашање дали во овој период било вакцинирано со програмата за задолжителна имунизација ?
Прегледај го приврзокот 372959