Работа како диспечер во камионџискиот бизнис

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.336
Абе сега да се трошки баш и не се трошки, после некој месец кога ќе научат зимаат по 1000+ евра, за Македонија е солидна плата.
па тоа, повише рачун имаш да го работиш тоа овде кај што животот е поефтин него во Америка.

За Америка најубаво од ова што сум приметил е у камионџије да влезеш. Како Павле Чутура и Јаре. Работење година две за фирма и после си купуваш еден камион и само ги редиш. Па на крај отвараш аутсорс фирма некој Трајче овде да те диспачира.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
За Америка најубаво од ова што сум приметил е у камионџије да влезеш. Како Павле Чутура и Јаре. Работење година две за фирма и после си купуваш еден камион и само ги редиш. Па на крај отвараш аутсорс фирма некој Трајче овде да те диспачира.
Или да научи троа хемија, и да се прави готвач :D
@Del Boy во Америка за 3-4 години:

1679690816473.png
 
Член од
10 март 2022
Мислења
137
Поени од реакции
139
Единствено добро сменско работење е една недела прва смена, друга недела втора смена. Од понеделник до петок. Лошо во само втора смена работење е комплетното губење социјален живот во рок од неколку месеци. Само трета е изводливо ако работиш од дома и не си микроменаџиран постојано, а за ефектот од идење само трета по здравје навистина незнам. Јас подобро и повеќе сум спиел кога сум работел трета отколку кога сум идел само прва. Иначе 2прва/2втора/2трета/2дома е јадење бед од се помалку со тоа што викендот и биоритамот ти се константно ебани и најчесто воопшто не спиење првиот ден од прва смена поради тоа што си работел до 06:00 пред ден ипол, си легнал во 7 и сеа си правиш притисок да заспиеш во 22 или 23 часот за да станеш наспан во 5. И нормално идеш и нервозен и неспиен на работа. Иначе 37000 + бонуси ко што прочитав претходно е солидна плата. Али нигде не пишавте:
-Колку е почетна плата за кадар без искуство?
-Дали нашите или нивните државни и верски празници се работат и како се плаќаат?
-Дали викенди се работат и како се плаќаат?
-Дали се работи прекувремено и дали е платено?
-Дали минат труд е платен?
-Кој левел на англиски е потребен?
 
Последно уредено:

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Работев некој месец во оваа професија и можам да кажам дека ова е една од најлошите работи што сум работел а сега и ке образложам некој од причините.

Прво и основно платите. Пред некој година дена во фирмава кај што работев даваа плата 21к, имаше некој кој се уходани по пола година нив им беше основица 25к денари + бонуси(не толку големи). Истиот период диспеч во Скопје 700-800евра беше платено, во мојот град 350е... како бе пријатели ?

Друго. Премногу притисок, напната атмосвера и тензија дефинитивно не вреди ни за поглеми пари во мк.
Од месец март/април до октомври значи во период од 6 месеци дознав од други , дека буквално целата диспеч екипа од некој 15 тина души, сите до еден заминале или биле избркани, А познавав стварно добри ликови кои беа ептен добро запозмаени со работата и газеа со преку 9 10 шофери, буквално најаките што беа сите заминале.

Трето. Работно време по наше беше само 14-22 односно втора смена. Викенди не се работат. Е сега малце повеќе за работата...
После некоја недела ти е доделен шофер па кога ке се научиш почнуваш да работиш со 2 со 3 итн... Ете некоја бројка од 5 шофери да ги менаџираш е океј исполнлива цел. Ама тука буквално од тебе бараја за одреден период да имаш преку 9-10 шофери. Ги гледав тие со толку шофери буквално глата не знаеа кај им е.
ПО НЕРВОЗНИ створења немам видено.
Сите до еден после година дена напуштиле. Исто така до 22:00 си на работа, ама испораката може покасно(по наше време), или некој друг проблем со возачот па така ти МОРА да си достапен на вибер за него и кога не си на работа.
Во други фирми во југозападниов регион со диспечов знам што земаат 40+к денари ама глобално ретко кој е задоволен ради принципот на работа.

Четврто. Ако си истраен и решен да се бавиш со оваа професија можеби НАЈУБАВО РЕШЕНИЕ е да ја научиш тука работава под конец како иде да работиш неколку месеци за смешни пари па после истово да го работиш онлине директно за америчка компанија на некоја од платформиве за работа ап ворк или друга, па да си земаш директ од нив иста плата како и диспечот во Америка.
Би пишувал и повеќе за работата но мислам доста е, ова е еден краток осврт од моето кратко искуство. :)
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Јас веќе 2ипол години го работам ова, се префрлив од BlueWay Logistics во друга фирма бидејки беа дно дна со организација, тука сум година ипол, напреднав со позиција и плата ама работното време ме уништува секој ден.
Цел биоритам и живот ти се пореметува, слободно време и да немаш, само викенди. Условите што ги нудат вакви фирми се далеку од добри, со оглед на тоа дека работиш на сите мкд празници, на нивните амерички јас често сум на работа бидејки мора да има луѓе и нормално нема американци да работат. 20 дена вкупно одмор со вклучени holidays, sick days(боловање не признаваат, ти кратат од тие 20 дена) Ноќни саати, викенди ништо не е дополнително платено, к-15 нема. До лани имавме бонуси на 3 месеци 15% од плата, сега и тоа скратија поради лошиот маркет. Покачување на годишница треба да се молиш за едвај 5-10% да добиеш. Работа од дома не дозволуваат, обврзан си во канцеларија, зјапаат на камери нон стоп. Кога видиш ако не работиш диспеч да земаш 2-3-4$ илади долари месечно, не вреди да се жртвуваш. Верувам дека има фирми што не се вака со услови, но на прсти се бројат.
 
Фала за деталниот одговор. Си требала првата фирма пред да си одиш да ги пријавиш во трудова за се горе наведено. Барем исплата на к15 одма ќе добиеш.
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Фала за деталниот одговор. Си требала првата фирма пред да си одиш да ги пријавиш во трудова за се горе наведено. Барем исплата на к15 одма ќе добиеш.
Види, ова за втората фирма зборувам, кај што сум моментално. Првата беа безредие, не се знаеше ни одмори ни празници ни денови таму. Инаку општо зборував, не ги видов твоите прашања погоре. Но сега гледам дека поголем дел имам опфатено. Заборавив да кажам дека америчките празници знае да се работи по 12,16, 18h on the call.
За к15, На минимална плата сме пријавени, останатиот дел на девизи го исплаќаат. Трикот за к15 е тоа што ќе ти го пуштат легално, ќе ти фигурира на сметка ама ти ги кратат доларите што ги земаш. Значи ти пак ќе имаш иста сума на пари, а они ќе се покриени законски.
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Четврто. Ако си истраен и решен да се бавиш со оваа професија можеби НАЈУБАВО РЕШЕНИЕ е да ја научиш тука работава под конец како иде да работиш неколку месеци за смешни пари па после истово да го работиш онлине директно за америчка компанија на некоја од платформиве за работа ап ворк или друга, па да си земаш директ од нив иста плата како и диспечот во Америка.
Ова под точка четири ти е најдобриот совет кој си го напишал,можеби на нет има и онлајн курсеви за оваа работа,не сум проверил,ако има уште поубаво,не се замараш со его-манијакални и исфрустрирани шефчиња
и токсични колеги
 
C

confusion

Гостин

Се е во ред само што кога работиш со луѓе, ова болдираново е невозможно. Не само колеги и шефчиња, прво ако работиш со owner operator возачи, првин со нив ќе се замараш пошто се прости, его манијакални и исфрустрирани, вечити жртви.
Ако имаш било каков проблем во комуникација и социјализација со луѓе, менаџирање на карактери, ова не е работа за тебе, како диспечер на сите ќе им бидеш крив и прв показалец кога нешто не е како што треба, без разлика дали си крив или не.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Претпоставувам на сите досега кои сте се пробале, уште на интервју ви ги кажале кои се условите за работа, па на крај од ден на вас останува дали ќе прифатите или не.

Океј, не дека оправдувам некои работи кои се случуваат по одредени фирми, ама пак ќе речам, ако не ви одговараат услови, работно време или не знам шо, тогаш ова не е за вас.

Дека некој ќе ви даде плата исто како во америка, не се надевајте, само то ќе ви речам. Буквално целата поента на аутсорсингот е кратење на трошоци, нема никаква логика некој ни виден ни чуен дека ќе ви дај иста плата како шо би му платил на некој во САД.

Шоферите биле прости, не разбирале итн. Не знам шо очекувате, Нил деграс тајсон дека е камионџија во америка, па ќе расправате атомска физика?

А за муабетот со его-манијакалните и исфрустрирани шефчиња, одете работете во некоја индустриска зона, во фабрика на лента, па ќе прајме муабет.
 
Член од
18 декември 2017
Мислења
14
Поени од реакции
5
Работата не е толку страшна колку што е одговорна а реално е платена во Градови како Прилеп Кавадарци Битола земаат по 800 до 1100 еуро плата со не е лошо знам еден дечко што работат во Прилеп со женатаму и земаат 2 ипол илјаид евра 2 цата плата тоа не е воошто лошо.

Инаку јас работам како менаџер во Прилепска фирма и можам да кажам дека бевме едиствени во Прилеп што му дававме можност на неискусни за да пробаат да работат али реално тешко можеш да задржеш чоек поради тоа што трошиш време ресурси пари нервози и на крај ти вика едноставно не сакам ова да го работам че одам да работам во производство значи ко на зафрканција му е сватена рабтата и затоа и ние почнавме само со искуство да бараме

Позз дечки
 
Барајќи само со искуство може да испуштите некој навистина квалитетни кадри и ќе го собирате шкартот од другите фирми,ви текна на тоа?
 
Член од
18 декември 2017
Мислења
14
Поени од реакции
5
Да се ни е размислено али проблемот е во тоа што имаме дадено на преку 70 нови дечки за да пробаат со работа етапно перфект со англиски зборлести и сето тоа едноставно му е тешко не се пронајдуваат имаат многу одговорност тешко му е и слично
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Работата не е толку страшна колку што е одговорна а реално е платена во Градови како Прилеп Кавадарци Битола земаат по 800 до 1100 еуро плата со не е лошо знам еден дечко што работат во Прилеп со женатаму и земаат 2 ипол илјаид евра 2 цата плата тоа не е воошто лошо.

Инаку јас работам како менаџер во Прилепска фирма и можам да кажам дека бевме едиствени во Прилеп што му дававме можност на неискусни за да пробаат да работат али реално тешко можеш да задржеш чоек поради тоа што трошиш време ресурси пари нервози и на крај ти вика едноставно не сакам ова да го работам че одам да работам во производство значи ко на зафрканција му е сватена рабтата и затоа и ние почнавме само со искуство да бараме

Позз дечки
Поретки се тие што земаат 900-1300 евра како што велиш парот што си го знаел.

Другари блиски работеа во иста фирма (Седиште во Битола за USA клиент), зимаа по 30к~ плус бонуси, конкретно за превоз на автомобили.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Поретки се тие што земаат 900-1300 евра како што велиш парот што си го знаел.

Другари блиски работеа во иста фирма (Седиште во Битола за USA клиент), зимаа по 30к~ плус бонуси, конкретно за превоз на автомобили.
Тие работат како brokerage.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom