Имам работено и амерички и европски/македонски диспеч. Истотака и факторинг за америчка фирма, кого што го интересира слободно нека ме контактира по ПП. Веќе не работам ова ама што можам да ви помогнам и посочам, не е проблем прашувајте.
Не е работа за секој, доста напорна и нервозна работа е, работното време ако си од МК е обично од 2 до 10, 11ч. Од друга страна доста платена работа е за наши стандарди али јас секако не би ја препорачал работава освен ако нема друго што затоа што рачунај со диспеч ќе замрзиш телефон, ќе замрзиш луѓе, целиот начин на говорење и понашање ќе ти се смени пошто работава нема да те остави рамнодушен.
А за стартување и учење на овој бизнис
@Del Boy сега ти е шансата затоа што нон стоп искусни диспечер или оставаат работа или ги бркаат поради лоши резултати што не е по нивна моментално. Ова ти е само од еден аспект, друг аспект е дека сега ти е најлошо да почнеш да работиш зошто сите гледаат само цифри и плачат и кукаат како бизнисот отишол во кукуруз и не знам колку сите ќе имаат трпение и спасение да учат и развиваат во овој бизнис зошто голем дел од фирми во Америка моментално се во егзистенцијална криза, односно треба да ги снема за година, две.
На кратко, во Америка камионџискиот бизнис е во огромна криза која трае веќе година дена и ќе продолжи да трае сигурно уште толку ради многу работи, ради самите фирми, ради брокерите, ради самите клиенти/фабрики што каснат/намалуваат производство и нормално ради самата економска криза откако почна ратов.