jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.317
Значи да навиваме да им дадат фантоми.Америка и ЕУ имаат лимитиран пристап до ПВО системи зошто се концентрираат на воздушна супериорност со помош на ловци. Пред војната Украина имала 100 батерии од најразлични варијатни на С-300. САД имаат вкупно 15 Патриот батаљони секој со по 4 батерии во него или вкупно 60 батерии. Европа тоа што го има е уште помалку и понетестирано во војна. А тука влегува и нормално и факторот на цена, џеповите на Америка и ЕУ не се без дно, а нивните системи се далеку далеку поскапи од еквивалентните системи на другите.
За Американците реално би било далеку полесно да им дадат на Украинците 100 Ф-16 ловци за да одржуваат контрола врз воздушниот простор одколку да им ја заменат целата ПВО одбрана. Проблемот е што Американскиот имиџ и мит за нивната непобедливост во небото е од централно значење за нивната положба во светот. Кога ќе почнат да паѓаат Ф-16ките целиот мит ќе биде скршен,а тоа апсолутно не можат да си го дозволат.
Автоматски споено мислење:
Туку еве одприлика која е клучната точка која треба да се запамти, за да се разбере накаде идат работите. Притоа Кси е во Москва, а не обратно.
Последно уредено: