Прегледај го приврзокот 372353Прегледај го приврзокот 372354
Од вчерашното гостување во Кичево против Фортуна. Два автобуси и 5 коли од Скопје, плус неколку кичевчани.
На два дена пред утакмица стигна допис со забрана за присуство на публика за двете страни, што малку ја спласна организацијата. Сепак, гостувањето не беше откажано и се отиде во Кичево. Со оглед на тоа што стадионот има трибина на која може да се влезе со прескокнување ѕид или да се навива од надвор, секако имавме опции во случај да не не пуштат.
На крајот, сепак не пуштија на трибина. На стадионот имаше 130-тина Комити, едно 70-100-тина нивна обична публика на спротивната трибина, како и 80-тина обична публика кои дел влегоа со прекачување на спротивната трибина, а некои ги пуштаа на врата. Дел од нив беа со дресови Вардар, скокнаа на голот, може и од Скопје беа дојдени.
Кичево сака фудбал, да беше отворен натпреварот, мислам дека цела трибина ќе се наполнеше.
Одамна не сум бил на главнава трибина, воглавно сме седеле на гостинската. Сум заборавил дека одма има куќи позади нас, па и од таму гледаа луѓе и не снимаа.
Прво полувреме одлично навивање. Второ полувреме, мешавина од навивање и пцуење со правење притисок. Последните 15-20 минути само се пцуеше, за да настане делириум кога падна голот, по што мораше да реагираат ебр затоа што мислеа ќе влеземе во терен.
Имаше премногу полиција, од сите страни бевме опколени и не држеа уште 15 минути по мечот.
Немаше корео, бидејќи беше неизвесно дали ќе влеземе на стадион. Не ни дозволија ниту да снимаме од долу, затоа и нема подобри снимки и слики, освен официјалните од клубот.
Да кажам и секоја чест за еден Комита (од форумов) кој вчера дојде од Штип до Скопје, па со нас во Кичево и назад за Штип
Тенка е линијата меѓу депресијата и еуфоријата, ја дели гол во 95та минута
Се славеше со играчите уште 10тина минути по утакмицата. Замерка моја е што не ја згрмивме еднаш БИСЕР БАЛКАНСКИ со нив.