Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Мојот пристап е малце поинаков во учење опции, фјучерси и останати деривати. Јас би ве советувал да не одите директно на книга пошо ќе јадете фруст и ќе се откажете во недела дена. Дериватите се едно 1000 пати повеќе комплицирани од акциите. Ова е моја препорака за учење каде редоследот е многу побитен од материјата:
  1. https://www.youtube.com/watch?v=7PM4rNDr4oI&t=2795s - овој Крис толку детално и даскалски го има соџвакано бејсик левел шо во 3 саати веќе можеш да совладаш 25-30% од работите.
  2. https://www.youtube.com/watch?v=33mgja-YrDY&t=118s Бидејќи опциите се ,,жива материја'' препорачувам да се студираат на почеток Greeks исто така од него како основа на сите цени.
  3. Стандардна девијација и Implied Volatility нека биде чекор после.
  4. https://www.youtube.com/watch?v=mwttDWfDQ9c&t=918s - спредови се стратегија која обврзувачки треба да се совлада бидејќи истите се фондација скоро на сите сложени стратегии кои шо постојат.
  5. Sheldon Natenberg - Option Volatility and Pricing е букварот на опциите кои би го студирале паралелно со пракса веќе кога ќе бидете навлезени. Јас ја има прочитано 2 пати со танталови маки пошо истата е покомплицирана и од самата реалност.
  6. Mean Reversion Trading од Nishant Pant можеби треба да ја прочитате пред Шелдон пошо индијчево има толку многу базичен пристап без никаков ролинг, без комплицирани стратегии, ултра бејзик единсвено со debit spreads и 4 технички индикатори. Негова неколку пати докажана референца е дека секој може со 2500$ да направи 25000$ во помалку од година дена доколку се правилно постават и почитуваат неговите правила.
  7. Време е за Тејсти. Да Tastytrade, Tastyworks, Tastylive нека ви бидат опсесија на YT. Ова се легенди и веројатно пионири во овој ,,неоказино'' свет.Тука имате од пракса, туториали, тренинг, дејли трејдинг буквало сее. Бонус паралелно читајте ја The Unlucky Investor's Guide to Options Trading. Нивен апроуч и еднорсмент.
  8. Paper Trading на IBKR или E-options нека ви биде бар 3-6 месеци пракса пред да одите со реални пари. Малце ќе најдете потешкотија околу маркет дата но без него нишо ова погоре нема да функционира.

Една работа сакам на сите да ви разјаснам околу стереотипот дека конкретно Опции се коцка по дефиниција или некакви си оружја за масовно уништување. У основа точно има гемблинг менталити еднакво исто како во сите берзи но ова е само ако се наоѓаш од страната на играчот или коцкарот односно кога купуваш опции. Пазарот на деривати нуди можност вие да бидете од другата страна или страната крупијето и казиното. Значи коа продаваш опции или комбинации вие сте пазарот или маркет мејкерот и отворате можност другите да се ,,коцкаат''. Затоа секоја стратегија доколку е адекватно поставена во себе носи од 65-70% шанса за победа без никакви интервенции од типот ролинг, авериџинг даун, 50-70% стоп лос или заштита коа ќе тргне на лошо шо доколку паметно се изменаџира шансите за профит на секоја рака доаѓаат преку 80%.
Кој сака нека дое да дебатира со мене во овој дел, ќе ви го докажам тоа апостериори. Можевте да видите од моите постови дека јас 90% од времето продавам опции и само мал дел 10% користам за ,,банџи'' разонода.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Очекувам вистинскиот краш на СнП и Насдак да дојде. Ќе биде покољ. SnP под 3200 Nasdaq под 9000 па горе до 10.000 и 60.000 соодветно.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Очекувам вистинскиот краш на СнП и Насдак да дојде. Ќе биде покољ.
Несомнено. Но прво следи blow up фаза и на двете. После вчерашниот бејл аут од ФЕД за депозиторите на Силикон, види ги фјучерсите на Насдак, СПмини и БТС.

#R.I.P Bears # Bulls, ready for departure? :pistoldz:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Несомнено. Но прво следи blow up фаза и на двете. После вчерашниот бејл аут од ФЕД за депозиторите на Силикон, види ги фјучерсите на Нансдак, СПмини и БТС.

#R.I.P Bears # Bulls, ready for departure? :pistoldz:
Се гледаме на -20/-30% во следниве 12 месеци.
 

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Да, за истото зборувам (тоа со селфито), но кај мене пишеше точно дека треба пасош да сликам (и бројот на пасош беше посочен дури).
Дали кај тебе пишеше личната карта или пасошот да го сликаш?
Мислам дека кога правиш иницјален акаунт, веројатно со стаил "пашапорт" и сеа ти бара. Јас стаив на пошеток кард ИД.
али види што ке ти кажат од ИБКР.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Потсетување да си го ставите појасите оти ќе биде турбулентно.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Дечки информација од денес што ми јавија.
Комерцијална Банка имале договор со ИБКР за ко-брендирана платформа, што практично значи дека ќе ја користат платформата на ИБКР.
Ова требало најверојатно да придонесе до пониски трошоци за префрлање на средства на брокерската сметка, но согласно моменталната регулатива и преземање на обврската за пријавување и плаќање на даноците од капитална добивка и дивиденда. Така во иднина нема да има потреба да се пријавува во УЈП, бидеќи Комерцијална Банка по службена должност ќе ги вршат овие активности.
Сега останува уште да се надеваме дека значајно ќе ги намалат провизиите.
Иначе процесот бил во финална фаза и може да профункционирал веќе од април.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Дечки информација од денес што ми јавија.
Комерцијална Банка имале договор со ИБКР за ко-брендирана платформа, што практично значи дека ќе ја користат платформата на ИБКР.
Ова требало најверојатно да придонесе до пониски трошоци за префрлање на средства на брокерската сметка, но согласно моменталната регулатива и преземање на обврската за пријавување и плаќање на даноците од капитална добивка и дивиденда. Така во иднина нема да има потреба да се пријавува во УЈП, бидеќи Комерцијална Банка по службена должност ќе ги вршат овие активности.
Сега останува уште да се надеваме дека значајно ќе ги намалат провизиите.
Иначе процесот бил во финална фаза и може да профункционирал веќе од април.
Ova bese moj insajder ;)
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Не те разбирам, сакаш да кажеш дека имаш пријател кој работи во Комерцијална Банка, на случајов?
Па сподели повеќе информации ако имаш.
ИБКР и Комерцијална потпишале договор за соработка. КМБ брокер во блиска иднина ќе отвори можност за тргување со опции - левел 1, кеш акаунт (y)
Да имам и бев таму за време на разговорот :) Се шо знам несебично пренесувам тука.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Да имам и бев таму за време на разговорот :) Се шо знам несебично пренесувам тука.
Па што не кажеш така....:):):)
Еве сега видов дека си ја споделил информацијава уште во февруари :):):)

Малку да ја искористиме инсајдерската врска...Дали можеби имаш информации за провизиите и подетално, кој би бил бенефитот од одење преку КБ намести ИБКР директно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom