Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    759
Па да, војници од кај нас кои иделе во Ирак и Авганистан, буквално бараа да фатат врски за да ги носат на нато мисии на што повеќе месеци.

Не си го знаел ова? Ќе се изненадиш, прашај онака некој поголем у маало.

Прашај поголеми у маало какви мисии беа тоа во Авганистан,/
Грото беа надвор од воените операции и дремеа по камповите.
Војната во Украина е директива на фронт и е сосема поинаков терен од она што беше Авганистан.
Од веројатност да те погоди некоја крстосувачка ракета, до тоа да си утврден во некој камп каде што нема припар и обезбеден од радиус неколку километри, има разлика.
 
Вакво перење мозок немаше ни во комунизмот.

Дури и кога добива битки Путин тој сепак губи.

381563-napishi-naslov-bez-da-napishesh-kiselo-e-grozjeto.jpg

Putin obsession бе. А не е опсесија на тие што го бранеа, знаејќи дека ќе го изгубат, по цена на 5-цифрени загуби.

Точно, ама нео-нацистичката хунта во Киев и нејзините слободарско-демократорски господари се опседнати со борба до последниот Украинец, додека Русите се опседнати со победа со што е можно помал број на жртви и загуби.

Само што ете, Русите не знаеле дека победата всушност значи пораз. :confused:

Прашај поголеми у маало какви мисии беа тоа во Авганистан,/
Грото беа надвор од воените операции и дремеа по камповите.
Војната во Украина е директива на фронт и е сосема поинаков терен од она што беше Авганистан.
Од веројатност да те погоди некоја крстосувачка ракета, до тоа да си утврден во некој камп каде што нема припар и обезбеден од радиус неколку километри, има разлика.

Ако се толкави ентузијасти за воена служба во туѓи држави, а во корист на анти-македонските слободарско-демократорски режими, би требало да бидат во првите борбени редови и да урлаат слава Украини - чисто за да се знае што да им пишува на надгробните споменици, само нека си одредат настрана пари од првата плата како платеници за спомениците, самостојно и своеволно заминале, по автоматизам од свој џеб да си платат за гробните парцели, погребите и надгробните споменици.
 
Клинтоне, и тие се луѓе, ќе одат да одморат некој ден и на нов фронт. Уште колку градчиња има за рамнење со земја во Украина ехееее.
Пола вајна околу Бахмут војуваат и таман да го обиколат на одмор ќе одат?
Како се оди на одмор во војна? Им ја прекинуваш муницијата на предните единици па ги повлекуваш?
Генијално
 
Пола вајна околу Бахмут војуваат и таман да го обиколат на одмор ќе одат?
Како се оди на одмор во војна? Им ја прекинуваш муницијата на предните единици па ги повлекуваш?
Генијално
Замена на свежи сили, нели ги фалевте Украинците дека прават исто така ;)
 
По мене, Вагнер ќе го заменат со војска, кога ќе проценат дека одбраната на Украинците попушта, и дека имаат шанса за голем продор. Засега, го јаде Вагнер и доброволци, во Москва сите среќни и радосни, нема многу мобилизирани.

Ако тие завршат работа, тогаш ќе префрлат на редовна војска и специјалци, и ПР наративот ќе биде “еве вака функционира редовна војска“.

Далеку е од завршување работава, ако ако го освојат Бахмут ќе одат на Часив па на Констатиновка или Крематорск секогаш ќе има потреба од вагнеровци
 
Оти не им даваат муниција ако е редовна ротација?
Oто се многу јаки, кај поминале пепел се направени тоа градовите како нулерка да фрлиле, Путин рекол чилаут малку полека.
 
Oто се многу јаки, кај поминале пепел се направени тоа градовите како нулерка да фрлиле, Путин рекол чилаут малку полека.
Тоа е таа интелектуална дискусија
 
Не е некој извор, ама има многу шпекулации дека Вагнер брзо ќе биде исфрлен од игра
Вагнер не се таму самоиницијативно или по некое си извлекување на лозови. Путин и неговите советници одлучиле кога и како да се приклучат исто ќе одлучат кога да се тргнат. Нема тука исфрлување од игра, наративот е смешен и сака да прикаже недостаток на контрола на Кремлин.
 
Вагнер е одличен потег на Путин, не ме сфаќај погрешно, а и Точка не е некој веродостоен извор. Затоа пишав шпекулации.
Ама колку беше паметен потег Вагнер, толку беше глуп анектирањето на ЛНР и ДНР, сега се што правеа валкан веш е на контото на РФ. Анексија требаше да се случи после апсолутна контрола на териториите, не половична.
Секогаш има некој што е опортунист на туѓа кожа, кај нас тоа беше Љубе Бошковски, во РФ за сега тоа се наѕира кај Пригожин.
Не можам да мерам заслуга на Пригожин во успесите на Вагнер, бидејќи немам доволно информации. Но, во историјата многу генерали и слјжбеници биле жртви на својот успех, или ароганција по некаков успех, ништо ново
 
Пригожин е фронтмен, не е некој кој учествува во одлуки од највисоко ниво. Како што гледаме Вагнер е малтене национализирана безбедносна институција, која треба да делува во насока на политичко амортизирање на воени интервенции. Не е нешто врз што Пригожин има контрола. Мислам има контрола во рамките на тоа што му се дозволува. Дури и да се насетува ароганција на Пригожин, тоа не значи дека ќе го тргнат Вагнер, туку ќе го тргнат Пригожин. Значи тргањето на Вагнер би било само планиран свич, доколку се деси. Тргањето на Пригожин би била друга приказна.

Иначе што се однесува до анкетирањето/референдумот. Баш напротив, дојде во право време. И ако ништо друго со брзањето на референдумите требаше да стане јасно дека Руските сили не планираат да ги држат по секоја цена дел од окупираните територии. Све се деси непосредно пред тоа што се нарекува контраофанзива на Украинската војска. Цела работа беше да се вклопат новите предели во Рускиот устав, за да може редовната армија да се деплојува таму. Колку луѓето да си мислат дека Путин е самоволен автократ, он е голем бирократ и све мора да биде подржано со постоечките закони.
 
Вајда и ова го планирале како дел од диверзијата
 
искри летаат:icon_lol:

Медведев му одговори: Украина да се нарече Шовинистички Бандера рајх
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom