Веќе изминаа година дена во кои втората најголема светска сила не успеа да го скрши јуначкиот отпор на храбриот украјински народ. Малку кој можеше да предвиди едно вакво сценарио но ете сме после година дена и сеуште нема на повидок руска победа, напротив.
Не може а да не се запраша човек каков е тој живот под руска чизма кога жителите на најсиромашната и најкорумпирана земја во Европа = Украјина, се до таа мера одлучни да не дозволат да бидат окупирани од северниот сосед, по цена на живот и смрт, по цена на враќање половина век назад, во никој и никаков случај не сакаат да живеат под руска контрола.
За жал нема на повидок скорешно мирно разрешување на ситуацијата па којзнае колку ќе трае оваа војна. Ако се точни проценките за 960 милиони долари на ден кои РФ ги вложува во војната тогаш таа ќе трае се додека последиците од оваа агресија не започнат да се осеќаат на домашен терен. Не знаеме за колку време тоа би се случило но без разлика, тоа е неминовно.
Чудесно е како од 2014 украјинската армија од шака пацови се трансформира во ефикасна воена машинерија!
Слава Украјини!
Херојем Слава!
Измина година дена во која најголемата воена сила ОТАН+ во која има над 30 (триесет) велат земји, никако не успеваат да скршат една земја како Руската Федерација или како што велиш ти втората најголема светска сила.
Каква е таа прва воена светска сила која не може да скрши една земја како РФ?
Бидејќи судирот е во повеќе димензии (как би рекел наш Лошо) а ти гледаш само една димензија од судирот, признаваш дека ништо не ти е јасно, не грижи се не си единствениот.
Таа најсиромашна земја остана без 15 милиони жители кои јуначки одлучија да не бидат американски патриоти и да не им послужат на западниве ... како топовско месо (додека тие им праќаат оружје и... тие само треба да војуваат против Русија за интерес на тој запад или според зборовите на Борељ градината рајска).
На прашање на фр-репортерот зошто цивилите и понатаму остануваат кога е видливо дека укронаците се повлекуваат од градот Артемовск, срамежливо добива одговор дека сакаат да ги дочекаат Русите нивните ослободители!
За жал твоја и... нема разрешница во блиска иднина, ќе нема се додека првата воена сила не биде поразена, при што треба 3 пати на ден да молиш да не ескалира (а со секој изминат ден се повеќе ескалира) почнат ракети да летаат на сите страни, а заради еден куп сверџгани со испиен мозок ние Македонците сме ставени во ситуација да се чувствуваме посрамнени затоа што тие одлучиле да станат и нацифашисти или во најмала рака љубители на нацифашизмот... ваквата своја настраност ја покриваат со демократија.