Повеќе битни работи за Никола Николовски Кољо Американецот и луѓето што го опкружувале.
Кољо познавал доста луѓе од подземјето во Македонија и Србија во деведесетите, како на пример Сеат Ибраими, Петрит Аме, Фламур Аме, Жељко Ражнатовиќ Аркан, Слободан Костовски Коле, Зија Асани, Миленко Мандиќ Манда, Агим Шерифи, близнаците Дејан Трајковски и Даниел Трајковски од Ѓорче и уште некои од тоа време, во Белград во Хотел Хајат седел заедно со Петрит и Аркан, потоа таму во дискотеката Амадеус ги запознал Коле и Манда преку врска со Аркан, со Зија исто така седеле во дружба со Петрит, но повеќе се дружел со Зија кога бил со негови другари од детството, кога седеле заедно секогаш имале смеа зошто Зија бил хумористичен тип, имал таков дух во себе и бил психички јак, во затвор од 1992 година до 1993 година или 1994 година зедно отслужувале казна Зија, Агим и Бајруш Сејдиу, биле во екипа со уште неколку и секогаш они играле фудбал во Идризово заедно, тогаш Зија планирал и правење свој фудбалски клуб после излегување од затвор а тоа дали пропаднала идејата заради разни околности веќе останало во заборав и ретко кој би имал сеќавање зошто е одамна, инаку спојувањето на Кољо со Агим Џелал Ајети Џељо го направил Фламур Аме во тој период, во глобала Кољо бил улична школа лик со доста луди другари во детството, а со Петрит имале многу взаемна почит и он го викал Колето па во повеќе наврати Кољо велел "Јас пак ете не знам да кажам помеѓу Аркан или Пјетро кој е појак" што е онака интересен момент од тие времиња.