Сега со Тошибава ме збуни. Јас ја имам Seiya, повремено вади некој чуден звук, како авион на слетување, тивко ама звукот постои. Башка шо ме буни со греењето, периодов кога спуштија температурите под нула, морав да ја подигнам температурата на 27,28,за да дува топло, додека Ауксот, на 22, 23,топеше, го прашав монтерот што не е во ред и дали така е нормално, ми рече дека Тошибите така работеле, као треба да ја дотераш на висока температура за да грее, сепак потрошувачката не била висока и така. Ја купив од Телеком, како шо видов стоена им е во Енергија некој период, е сега колку е стоена незнам,и каде, картонот од амбалажот беше бааги оштетен како влага да го јадела. Дали требаше да се провери и дополни при монтажата, не знам, и ова со звукот капак на се.