Пак ноншалантна игра, несериозен пристап,
Освен првите 15-20 минути кога нагазија и дадоа +15 гола, после то како да снема гориво машината.
Пак огромен пад во играта, празни минути, мачење, губење топки.
Не можи бе Пролет со 100 000 евра буџет, со продаена пола екипа на полусезона да ти се држи до 50 та минута на 2 разлика.
Да се тресиш ти до 50та минута, да не можиш да се одлепиш и да ја решиш утакмицата.
То кажва дека екипата нема јасна стратегија во играта нема пристап, препознатлива игра, односно дека не е сфатена сериозна работата.
Не е само тренерот смени го и демек се решија проблемите.
Покрај Валтер требаше според мене да има една сериозна формална опомена за играчите ( а, можи има не знам)???
Не можи ти да имаш активен професионален договор, да си платен, преплатен за балкански услови и да не покажиш резултати од твојот ангажман.
Ко шо има обврска управата да му исплати плати на играчите, така и тие имаат обврска да покажат зошто се толку платени.
Во ваква лига ти да не можиш да покажиш, односно да го докажиш квалитетот значи нешто не штима, и то сериозно не штима..
Јас да бев на местото на одговорните лица од управата, пола од играчите ќе беа санкционирани со намалени плати.
Со претходни опомени, по сите прописи да се подобрат.
Очигледно е дека не се подобрија и проблемите си седат.
Секоја утакмица се провлеква ова, цела сезона.
Ги остават онде Ласко Андоновски и Василевски шутерски тренинг да имат.
Како само си бушеа браќата, свака част, на тренинг во салата во населбата Пролет вака не си дават голчиња.

Ако не ги скинеше тие зицери Кизиќ и да немаше толку грешки кај Пролет во напад ќе имавме уште една епизода како со КЛУБОТ СО АПЧИЊАТА.
Недозволиво е за една професионална екипа, во која се фрлени толку пари вака да игра на терен.
Толку чисти зицери да се промашат, топки да се фрлат во ветер е недозволиво за една професионална екипа.
Ги гледам вчера со одење играт, демек сама ќе се победи утакмицата, депресија да те фати од играта.

Чиста среќа шо Пролет нема ротација, па имаа големи дупки во одбрана, па успевавме некако да даваме лесни голој.
Ако налетавме на екипа шо има да смени играчи, шо ќе те уморат во напад да се мачиш, ко шо ни напрај КЛУБОТ СО АПЧИЊАТА во тој случај ќе беше весело.
Не треба да чудат сите тие бламажи во Лига Европа, таму не поминват вакви игри.
Секоја грешка се казнува.
4та, 5та екипа од Португалија не изремети, шо ќе биди со Порто, Бенфика, Спортинг?
Во Украина војна имало, Мотор бил ослабен, последен бил во Цвајта, ДА, ама таму се тренира и се излегва на терен без калкулации.
Можи ќе изгубат од сите,ама нема да изгледат како ние шо изгледаме во напад секоја утакмица на домашен терен
Ни дојдоа со лево крило Захар Денисов на плеј, и не пореметија.
Да не прајме муабет шо ни напрај Турченко, лекција по ракомет, го измети паркето детето, а има само 22 години.
Да се мачиме по +1 минута во напад., да не знајме шо играме, да чекаме Танкосен со некој неуиграна акција да дај гол, на мускули.
Е то беше Пелистер во вторникот со Мотор, па и со младинците на Војводина.
А, ако не се смени нешто драстично во иднина многу тешко ќе оди работата во наредниот период.
Не само на тактички план, туку и со дисциплината ќе оди у

цела сезона.
Во многу незгоден период иди утакмицата со 1961.
По репрезентативна пауза.
Во период ко немаме тренер, а уште помалку шо не можиме да знајме шо да очекуваме од новиот тренер.
Ќе бидиме без ритам.
Ќе не чека полна сала, навивачи, атмосфера, притисок од трибини.
Оваа селекција на играчи заедно досега не изиграла меч во гости со тензија, со притисок од трибини.
Сите гостовања во ЛИГА ЕВРОПА ни беа како на екскурзија, како и гостовањата во СуперЛига, Бутел, Пролет, Голден Арт и останата боранија.
Одиме на дуел со екипа шо реално играчки е послаба од нас ( освен на десен бек и лево крило кај шо се далеку подобри од нас, голман Лесјак е поголемо име од Томовски, ама овај има поголемо искуство на наша лига, плус факторот Борко можи да ни се удри од гла, можи и на пикер неаме предност, иако требаше да ја имаме, со оглед на формата на промашените зицери на нашите, такви промашвање од Столе, па и од Аларов нема да дочекаме).
Играме со екипа шо е поуиграна, има игра, пред се има далеку подобра психичка подготовка од нас, и искуство да се справи со вакви утакмици кај шо се прај тензија.
Тие ги решават утакмиците со слабите екипи далеку полесно од нас.
Со Алкалоид во гости есента, уште од старт си напраја серија и чао, така се прај,.
Изглегваш, нагазваш јако прво полувреме, ги шлапаш на терен и со контри и ги оставаш тие дечиња ко Митев, Ѓорѓиев, Џонов, Серафимов, она крилото зведата Илиески, и остала боранија "звезде у успуну" сами да се распаднат и да изгледат како аматери на терен и да се вратат во реалноста дека се никој и ништо во однос на реален европски квалитет на ракомет..
Е така се игра.
Не ко ние, да му даваме шанса на секоја Ш екипа од скопските населби да ни продава сила и да си игра мајтап со нас.
Да се тресиме онде со Пролет до последен напад дали ќе тепаме во гости, или да играме со Бутел 9:9 на полувреме.
То е тој психилошки момент шо го немаме ние, а го има 1961 и мора да сме реални тука.
Видовме лани Борко шо ни напрај, кога го изремети Стипе, а и другите, со неколку мали провокации и ги извај од такт.
Истото го напрај и во Супер купот во Охрид. ги поремети едноставно, живи топки му фаќаше.
Во Охрид победивме на мускули на ќоро, со +1000 навивачи во салата.
Го изгубивме Сери за цела сезона.
Се жалат провоцирал Талески вчера, овај провоцирал, вака така.
Шо те интересира шо прат другите?
Ќе провоцират, ќе те пецкат и то е дел од тактиката, шо еве дава резултати.
Талески мајтап си игра со нас, од кај сака шутка, си билда статистика. пресвртница во кариерата му беа тие утакмици со нас лани.
Не отепа едноставно, и ќе не провоцира, со право.
Ко не најдовме противигра за дечкото, то е пропуст на стручниот штаб.
Бабиќ 3 сезони не најде лек за 5-1 одбраната на Вардар.

Ниту пак проба да најди некоја контра тактика/
Уште полошо од то шо не провоцират. е шо ние се фаќаме на тие јадици и губиме концепт во играта.
Нека провоцира, шо сака нека прај, не треба тебе то да те интересира.
Ти ако си професионалец и имаш подобар квалитет, пред се ако верваш во твојот квалитет и имаш јасна тактика како да се справиш со играта на противникот на терен ќе ги анулираш тие провокации и ќе покажиш дека си поквалитетен и ќе ја земиш титулата во Скопје, а не да се тресиш онде во Битола, пред +4000 навивачи, да не можиш ни нерешено да извајш.
Не смеат ни да помислат да се коцкат во Скопје,
ДА СИ КУПВАТ ХЕНДИКЕП, демек да изгубеле со шо помалку разлика во Скопје па Битола ќе сме надокнаделе.

Ние еден Алкалоид дома. со +2000 публика, урлање, викање в сала, со колење-бесење со 2 разлика го тепаме, не пак хендикеп да бркаме во меч за титула.
Со противнички навивачи в сала, со тензија, со провокации и слично, и судиите да те искинат
Не дека немат потенцијал да го тепат било кој противник од Супер Лига дома, ама на терен не знат то да го прикажат, оти имат сериозна психолошка бариера или пак несериозно си ја сфаќат задачата, како и да е, не изгледа на терен ко шо треба и сите ни се смеат.
Зато не смеат да се коцкат и да блефират, оти ќе ги чини скапо.
Во Скопје треба да се оди на победа и ништо друго не треба да е во игра, со сите сили, без никакви калкулации.
Да се фрли се шо имаме на располагање за ова утакмица, па шо ќе биди, нека биди.
Ко сме кај гостувањата во Скопје, не мислам само на утакмица за 3 недели, туку и на утакмицата со Алкалоид.
Овде ќе се крши титулата.
Ако играт како досега, без да се напрај еден ресет на психички план и на самодовербата мислам дека на едно од гостувањата во Скопје ќе се лизниме.
Се надевам дека грешам.
Како и да е, да одиме со ред.
Да видиме со тренерот прво, па ќе имаме некоја претстава шо не чека.