jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.316
Авијацијата е поисплатлива за стратешки маневри или она што го кажуваат западните аналитичари big arrow offensive. Тогаш треба авијацијата да продре и да го отвори патот на делување. Мислам дека тоа го направија во почетното отварање. Кога немаат амбиции за таква офанзива, тука и моќта на авијацијата е излишна. За што ќе им е авијација, да лупаат ровови? Незнам јас од каде ти е информацијата дека ако падне на метар од тебе граната од 152 или 204мм Малка или 240 Тулипан ќе можеш нормално да функцинираш. Како прво имаш тука удар на детонација, на 10 метри да падне гранатата, нема да можеш да се соземеш долго време, џигерот ќе го посереш. На 1 метро си мртов. Дури и во бункер што удираат гранати ги осеќаш низ цело тело и пак си ко зашеметен. Нападот на авијацијата е позитивен што во зависност од бомбата што се фрла, и претежно има концентрирана моќ, не е дека е попрецизна од артилеријата. Артилеријата е невероватно прецизна во модерно време. Дури и обичен минофрлач со искусна екипа е екстра прецизен.Ова има логика имајќи предвид дека територијата што е обиколена не е повеќе од 25 до 30 км/2.
Дронот мора или да е во комуникација со операторот, или да користи сигнал од сателити за наведување за да стигни до целта. Со електронско попречување, дроновиве се ко изгубени.
Не Јамајка, авијацијата е неколку пати побитна и помоќна од артилеријата.
Нема да постои време на полнење, полетување, лет до целта и сл. Постојано ќе имаат авиони на небото, вооружени да нападнат било која цел, нормално доколку нема закана за авионите.
Нема да се заебаваат со месеци со артилерија, кога врз секоја мета може да фрлаат прецизно по стотици килограми експлозив, за разлика од артилеријата што на пример, граната може да падне на еден метар од ровот и војниците во ровот може да продолжат да функционираат како ништо да не било.
За разлика од авијацијата која може да достави пола тон експлозив и да го руши ровот и се во него експресно.
И било која мета.
Настрана тоа што нуди еден куп опции што артилеријата не може да ги постигни.
Напади длабоко позади противничките линии, уништување логистика, спречување засилување, прецизни напади врз утврдени цели, постојано уништување на инфраструктура итн.
Замисли само кој удар е да не можеш да доставиш основни залихи и луѓе до фронтот затоа што ќе бидеш бомбардиран прецизно стотина километри од фронтот.
Да имаше Русија можност да воспостави воздушна доминација, Русите ќе ја имаа окупирано цела Украина со овие жртви што ги имаат моментално.
Користењето на авијација како подршка во блиска борба од друга страна е и доста ризична операција. Пошто рачунај дека тука авијацијата лета низок лет, а ПВО системите и не играат многу улога во низок лет, тука може да се скине авион и со рачни ПВО системи, игла, стрела, стингер и ним слични, па и со пво топови и митролези со поглем калибар, една обична Прага може растур да направи. Така да не гледам како може во еден модерен конфликт, со добро опремени армии, да добие воздушна доминација, за да може да се употребува авијација или хеликоптери во борби попут тие во Бахмут, Авдивка, Маринка, Угледар и слично. Дури и да беше обратна ситуацијата, на пример Америка да напаѓаше а Русија да ја помагаше Украина, ќе се соочеа со истиот проблем. Само што наративот се прави ете Русите се неспособни. Па дури и имало слична ситуација, Америка во Виетнам има изгубено 10К летала, што авиони што хеликоптери.
Дури и да збориме само за ПВО без манпади, не е едноставна работа да се уништи ПВО, друго е што Ирак на пример покрај броени системи попут С125 и слични, претежно се потпирал на ПВО орудија попут Прага (Слично и СРЈ) кои дефакто им се броени и шака радари, што фиксни, што антички, И доволно би било да се унишитат тие 10тина радари и завршена е приказната за ПВО. Украина имала на почетокот над 1000 ПВО ракетни системи со сопствени радари и тоа збориме за сериозни ПВО системи попут БУК, КУБ, С300 и разни западни системи кои сеуште се надополнуваат,а да не збориме за ПВО топови, кои се класи подобри од оние на Ирак и СРЈ. За да ги уништиш со антирадар ракети, треба да се уклучени. И тие не ги уклучуваат тек така, се уклучува еден за мамка, а други чекаат сачекуша, па ротираат менуваат места бегаат, па еден куп топови и близина, па рачни манпади. Русиве гледам дека имаат успех со ракетинтиве ракетниве напади, доста ПВО единици им имаат уништено, со пуштање на претходница од дронови или слично, ама уште Украинците имаат доволно ПВО системи за да се бранат.
Едноставно дури и без западната помош, не е Украина држава на која лесно и се онеспособуваат ПВО системите. Русија добро ги знае бројките со кои располага Украинското ПВО. Па затоа и начинот на војување го приспособуваат на зададените услови.
Така да секој обид да се наметне мислење дека Русите се инфериорни во ситуацијава и споредба дека САД би направиле партал (што се цели кога се збори за доминација на небо), е нон сенс. Бидејќи споредбите не се адекватни со Ирак.
Во цела оваа војна што се води, единствено што фали се големите маневри и све е сведено на оперативно-тактичко ниво. Ама тоа не значи инфериорност, Едноставно големите стратешки маневри носат поголем ризик, а како што кажав Русија не е спремна да го земе тој ризик. Како што кажав и во одговорот на Владе, сметам дека на Русија и фалеле уште неколку години спремање, да можат и организациски да се спремат добро за оваа акција. Но имајќи во предвид каква адаптација прикажаа, мислам дека набргу ќе се консолидираат. И сметам дека во даденава ситуација, ниту САД немаше да се снајде подобро, ниту пак ќе беше во подобра позиција во моментов. Напротив, ваква една војна денешниов САД прво и основно не е спремен политички да ја издржи.