Можам да ви кажам во Прилеп што се случува по бурекџилници/продавници:
Пред 3 години, После 3 години:
Перек со биено сирење: 25 денари --- 45 денари
Бурек 4тина: 45 денари --- 70 денари
Јогурт чаша во бурекџилница: 10-15денар --- 20денари
Чаша јогурт и бурек 4тина = 90 денари.
Леб: 22-26денари --- 38+ денари.
За среќа има сеуште месарници во Прилеп каде што за 100 денари имаш сендвич со Ловечка плескавица (Шарска), кога ќе размислам дека за 90 денари јадам бурек и јогурт, очигледно е дека ќе си нарачам ловечка.
Иако можам секој ден да купувам што сакам за јадење, едноставно престанав да купувам по продавници (освен што пазарам еднаш/двапати месечно во маркет) и си готвам дома редовно сега бидеќи не сакам да збогатам некоја лакома капиталистичка свиња, не ме сваќате погрешно, сакам да придонесувам и да купувам македонски производи, но се си има граници искрено.
Исто е многу чудно што откупната цено на млекото е иста, а сирењето и кашкавалот скокнаа дури за 30% во цената, млечен кашкавал од 270/300 денари на 450-500 денари, со поскапување на струјата да речиш во ред 330-340 денари нека биде, ама ова е претеризам.