не, погрешно си ме разбрал, воопшто не го реков тоа. Реков дека треба да бидеме самокритични кон оние кои на туѓа слава и хероизам правеа злодела и пркос. Реков дека не смееме да ги сметаме за светци сите генерално, секогаш има исклучоци. Не може или сите или никој.
Оливер Китановски, попознат како Орце Млекото, загина во Арачиново од пријателски оган, и нема некој што има кажано лош збор за него. Човекот бил длабоко религиозен и максимално етички коректен професионалец. Тигар со најдобри оценки од почеток на кариерата до неговата смрт. И сега дали е во ред да го ставиме него во ист кош како и оној што ја дал командата за оган на тенковите што всушност ја донесе неговата смрт? Го знаеме по име и презиме командантот на баталјон кој не сакал да се координира со „мачињата оти били пичиња“ па дал наредба за огнена стрелба што заврши со смрт на еден Тигар, еден ПЕП, 4 ранети од ПЕП. Исто ли треба да ги третираме двајцата?
ај да бидеме реални
Комшија мој на маало си идеше со Хермелин, го полнеше со ракија и се враќаше на терен. За 4 месеци дигна куќа на 4 спрата и на крај дезертираше оти го распоредиле кај Слупчане, после војната инспектор стана оти бранител бил. Е ај сега него да го ставиме во исти кош со Ѓоко Лазаревски, херој кој сам им се спротистави на УЧК и остана да се бори, свесен дека ќе загине сам, ама им овозможи на цивилите од Лешок да се евакуираат. Во ред ли е тоа?
Дај да бидеме озбилни за вакви работи