Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.389
Од сите оружја употребени во оваа војна, најмногу ме изненади Терминаторот. Многу убоито оружје, разновидно и многу подвижно. Ако се намери на една цел, буквално ја растура
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
што Советскиот сојуз што ја создавал со децении за некоја голема инвазија на Европа.
...Сад со се ЕУ во НАТО им дојде до границите на Русија, овој па Русија ќе правела „инвазија“ во Европа :pos:а овие што прават сега дошле на кафе до граница на Русија?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Од сите оружја употребени во оваа војна, најмногу ме изненади Терминаторот. Многу убоито оружје, разновидно и многу подвижно. Ако се намери на една цел, буквално ја растура
Мене овие дроновите кој фрлаат бомби врз главите на противникот ми се многу језиви, подмолни/педерски да не кажам , не знам дали се толку масивно употребувани во предходни војни , не ми се верува .
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.389
Дроновите мислам дека прв пат вака мааовно се употребуваат. Русите од почетокот беа запрепастени од Бајрактарите. Дури после некое време се созедоа и ја увидеа моќта на дроновите, впрочем кои и самите ги имаа, но некако како да не им ја знаеја моќноста
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.178
Поени од реакции
22.775
Situation around Bakhmut city: From the north Russian Army advanced south of Berhivska and took partial control over the homonymous reservoir lake approaching to the outskirts of Bohdanivka. Meanwhile from the south Russian Army restarted the operation to capture Ivanivske and continue advancing towards Korsunskoho Avenue.

Fp7mQWcWcAAJegm.jpeg
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ќе го ставам и тука.
1. Разознавањето им кикснало, во држава во која што имаат неколку милионски наклонет народ, спремен да војува и војува за нив 8 години.
Од причина што не сакаш да го коментираш и не успеа. Украинците, силно потпомогнати од америте ги надиграа русите во нивен спорт.
ФСБ си ја заврши работата во Херсон и Запорожје. Киксна во Киев, Чернихив и Харков.
Знаеја дека има џавелини на пат, па имаа кафези на тенковите, ама не знаеја колку многу ги има.
Русија знаеше дека тешко дека ќе може да ги скрие трупите што ги собира, па наместо тоа реши да трупа опрема насекаде, од Белорусија до Белогород. Наместо да се крие, им даде на западот море од информации. Кај што наочиглед се трупаше највеќе, таму САД мантраше уште од септември дека ќе се нападне. Во моментот кога се нападна, има тука постови од тие што следат западни извори, викаа дека Русија ќе нападне со 50% од својата воена сила, а дефакто Русија нападна само со 160К. Дури и во првите моменти на војната, извори на САД и НАТО, почнаа да рачунаат за колку дена ќе падне Киев. Дека стотици иљади се спремаат да го нападнат и слично.

Цела приказна од декември до почетокот на војната, буквално се збореше дека ќе се удри на Киев, се постираа слики од масовни трупања на опрема на северот од Украина, вклучително и во Белорусија, па спремни авиони за воздушен десант, па спремни бродови за десант на Одеса. Имаше тогаш излегоа многу експерти кои објаснуваа дека Русија ќе направи широка операција со преку 500К војска.

2. Сакале да направат воздушен мост, на 100 километри од граница ? (воздушна линија)
А што те буни тука?
Па самите Руси имаа објавено видео со Тупољеви наредени на аеродром и припреми за десант. Кој го спори ова?
Првичниот удар на Хостомел со хеликоптери не успеа да ја сопре украинската ПВО на подолго време, па главниот удар беше откажан. Што е паметно, продорот од север изгледаше ветувачки, додека не заглави, ама беше помал ризик.
Егзактли, самите Руси објавија и западот се фати на јадицата.
Ајде размисли каква операција би била масовно носење опрема која треба да го завземе Киев. Да речеме би биле потребни не помалце од 1000 летови, од кои многу ќе треба да се враќаат назад и да носат нова тура. Еден ден има 1440 минути, колку може аеродромот да сервисира летови? Колку време треба да се растовари Авионот, па пак да летне у Русија, па да се товари па пак да дојде назад со нова тура. А за опасностите да не зборам. Колку и да ги умтрват ПВО-то на Украина, нели планираат да го завземаат Киев, а Киев е на 20-тина километри од аеродромот, па така практично од Киев со далеку понесофистицирани ПВО системи ќе можат да се соборат големите и трапави авиони, кои за да слетаат ќе им треба лак. Замисли таква една комплексна и опасна операција, наспроти, возење 150 километри до Киев. Западниот пат од Чернобил беше целосно обезбеден.

3. Им снемало бензин на 100км од граница, па се створила гужва од 40 километри, која BTW преку ноќ ја снема.
Тоа се 3 различни настани, и нема врска со реалноста да се еден настан. Не знам зошто си ги споил.
Има видео докази и од конвојот, нема докази дека бил баш 40км ама проценка е тоа.
Кај Суми и Чернихив имаше најмногу возила без гориво снимани од фармери или т. Одврана. Различно место, различна област.
Конвојот не го снема, едноставно стаса каде што тргнал со задоцнување.
Русија го негира конвојот, не се случил. Какви докази имаме за конвојот освен наводни сателитски снимки, кои и не мора да бидат вистина. Во дадениот момент, кога излегоа приказните за конвојот, имаше Руски видеа со колони БТР-и и тенкови кои наводно чекаат да нападнат на Киев, ако ми текнува со знак V. Многу такви видеа имаше, но одеднаш преку ноќ сите тие возила ги снема, престана да се збори за нив. Не ни знаеме од каде беа тие видеа, многу веројатно биле спремна пропаганда и западот пак се фати на јадица. Додуша сигнификантно е што имаше многу напуштени возила. Буквално возени до таму кај што се возени и едноставно напуштени. Но и тоа е дел од замајавката.

Е сега на југот имаме перфектна акција, без никаков проблем, без таканаречени логистички проблеми и конвоји што носат муниција, а на север се дешава монти пајтон на Русите. Сега кога имам време читам за стратешки маневри, Русите едноставно отворија повеќе линии на наводен напад, а дефакто во реалноста делуваа само на 3 линии, и тоа од Крим. Таму се случи главниот напад. Една линија идеше према Керсон, една према Енергодар, и главната према ДНР. Во моментот кога ги постигнаа овие 3 цели, едноставно се повлекоа од северот. Ова дури и не е нешто невидено. При вакви операции, нормално е да се направат повеќе стратешки маневри, за да се прикрие главниот удар.

Почетокот на војната или ајде да кажам шаховски, отворањето, беше единствениот стратешки маневар што го направија Русите. Од тогаш до денеска, ако ги занемариме 3те повлекувања што ги направија, немаат никакво стратешко маневрирање, цел фронт е сведен на тактичко исцрпување, што ти како војник најверојатно знаеш е доста поскапо и понапорно, а од друга страна и готово без проспект за напредок. Поради тоа е и фамата дека Русија се мачи. Не се мачи Русија, туку едноставно не прави никакви стратешки маневри поради некоја причина.

4. Битката на Хостмел е најблиска битка да до Киев, нема нешто поблиску до Киев, нема никаква проба да се влезе во Киев.
Не знам кој го тврди ова ама кој и да е греши.
Ирпин и Буча се појужно, Украинците сами си кажаа дека има инфилтрација во сам Киев
Не е некоја тајна ова, има едно чудо снимки
Имаше инфилтрации во Киев, и кога ќе правиш вакви припреми, нормално е да има извидница која ќе врши притисок. Тука многу луѓе сметаат дека ако има борба, тогаш тоа не е маневар за залажување. Какво би било тоа залажување ако на пример не се земе клучна точка, како што на пример е аеродромот Хостмел, кој го завземаа уште првиот ден и иако Украинците цело време тврдеа дека го вратиле, Русите го држеа се додека сами не се повлекоа. Буча и Ирпин се на Југ, но збориме за битка, а не за престрелки. Има видеа како изгледа Битка, види ги Мариопол, Бахмут, Соледар, Маринка. Тоа е битка, Ирпин и Буча се престрелки. Ирпин и Буча, нема отпор попут тој на југот.

Дури и не верувам дека ќе ги чистеле Ирпин и Буча, да не имале секојдневни провокации од таму,


5. Дали мислиш дека 9К војници или еве најголема естимација од 30К е доволна да се завземе Киев, ако ги знаеме непријателствата и антируското расположение што го имаше 8 години.
Не сум сигурен, можно е теоретски
Еве јас ќе ти одгворам. Исис го завзема Мосул со 1500 души. Теоретски секако дека е можно. Градот е сличен по големина како Киев, го чуваше околу 30К војска, која да бидеме искрени и не беше баш мотивирана да се бори против ИСИС. Киев, после сите тие перипетии што се случуваа во последните 8 години, милитаризација, сериозно наоружување надополнето со западна модерна опрема. Наострен народ да се бори, максимално анти-руски ориентиран. Тешко.

Имаше неколку луѓе тука, кои следат западни извори и аналитичари, со тврдења дека Украина ќе падне за неколку дена (значи прозападњаците излегоа со тие естимации), но ќе си имаат закрвен народ и герила, што дефакто и не е далеку од вистината. А кога ќе размислиш малце, герила е доста ефтина варијанта за западот, вака ќе мора цел режим да оддржуваат. Мислам дека Русите не планираа брза војна. Тие направија нешто што никој не го очекуваше. Нападнаа со премалку луѓе и избегнаа регрути, туку само платеници, направија корекции во територијата за да може полесно да го бранат освоеното (значи ставам акцент на бранат). И од тогаш немаат направено никаков стратешки маневар, туку водат позициона војна со бомбардирање кое речиси на границите на разумот, ако ги видиш градовите и притоа не само што го уништуваат непријателот, туку патосираат и моралот. Па така можеме да гледаме како им иде регрутацијата сега, за разлика од почетокот. Притоа користат енормни количества на муниција, со што ги надминуваат Украинците за 8 пати, иако Украина буквално ги празни магацините на НАТО, и на неколку пати е кажано дека далеку ги надминува производствените капацитети на НАТО државите.

Ако САД од 2001 до денеска во војните што ги водела искористила 337.055 бомби и ракети од 2001 до денеска, Русија овие бројки ги троши за неколку дена. Тоа што го прави Русија е стравично и буквално не престанува да го прави тоа.


Болдот
Таму беа три операции
Продорот од север, преку Чернобил
Продорот од североисток, преку Чернихив
Десантот на Хостомел
Што постигнаа?
Тоа што требаше да го постигнат, го постигнаа. Ги залажаа Украинците, го залажаа западот. Додека на Југот све се одвиваше како што треба.



Да сумирам.
Тоа што го гледаме, може да се интерпретира на многу начини. Еден од начините што се гледа е спрема стереотипите што западот го има према Русите. Дека се расипани, корумпирани, глупи, пијаници и слично. Кога му пишав на @Ne_sum_ja колку корумпирана држава е САД и дека корупцијата оди се до претседателот, тој ми кажа дека тие тоа можеле да си го приупштат, додека кај Русија корупцијата биле смртоносна. Наместо едноставно да се запраша, од каде се тоа информациите, дека Русија е корумпирана? Кој ми ги дава? Истата таа корумпирана држава кај која корупцијата иде до претседателот? И ние сега треба да веруваме на приказните што ги шири таа корумпирана држава?

Не, Русија не е корумпирана држава. Од друга страна Украина е корумпирана, и дека е корумпирана затоа успеал Бајден и компанија да влезат таму и да ги тераат да играат како што ќе им свират. А дека Русија не е корумпирана држава, на Бајден и компанија тоа им смета, дека неможат да влезат таму и да прават што сакаат. Да беше Русија корумпирана, многу лесно ќе му беше тоа на Бајденовци и Клинтоновци да го постигнат, како што впрочем беше во времето на Елцин.

Дали се Русите глупи можда? Па не виделе после 8 години, колку се спремни Украинците да убиваат Руси. Или можеби си мислеле Азов и остали нацистички гомна, едноставно ќе се предадат, особено после пораката на Путин дека ќе ги најде сите злосторници и дека ќе изврши денацификација? Не, не се Русите глупи.

Се додека почнуваш од овие премиси, твоите претпоставки ќе ти се многу погрешни. Русите се многу паметни луѓе, кои дале многу во светската наука, кои имаат одлично образование, кое е можеби најдобро во светот. Нивната воена традиција и военото образование е на многу високо ниво. И доколку ги занемариш овие работи, ти не можеш да направиш анализа за тоа што се случува. Русите не се ни глупи, ни корумпирани, ни пијаници. Оваа војна е во најмала рака спремана 8 години, а не би се зачудил да е спремана дури и повеќе. Дури не би се зачудил да излезе дека во магазини лежат армати и терминатори.

Имајќи во предвид све што се случуваше последните 20-30 години, Русија не стави све на улог, за да прави непромислени потези, базирани на лоши разузнавачки податоци.

Дополнително, ако ја погледнеме мапата и ако направиме подетални анализи на теренот. Може и некој малце што се разбира, да види дека моментално е можеше да се избегне битката во Бахмут во ова ниво со Стратешки маневар и отсекување на залихите, нешто што се случи во Мариопол. Меѓутоа за тоа се потребни уште барем 100К војска, за да се обезбеди добро котелот. Истото може да се случи и на неколку места на фронтот. Но Русија како што гледаме воопшто не маневрира, едноставно го користи овој начин на чистење, кој реално кажано повеќе ги кошта. Може не во луѓе, меѓутоа во материјал сигурно.
 
Последно уредено:
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Добро, и колку од тие 150.000 заробија или опколија со освојување на Ступки?
Господине, Русија се бори против цело НАТО и напливот на топовско месо од Украина. И плус цел Донецк беше утврдуван од нацистите и НАТО 8 години, така што и во секоја дупче има одбрана. Ама затоа платеници, ги елиминираат таквите проблеми покрај професионалната НАТОвска тренирана војска. :kuracc:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Господине, Русија се бори против цело НАТО и напливот на топовско месо од Украина. И плус цел Донецк беше утврдуван од нацистите и НАТО 8 години, така што и во секоја дупче има одбрана. Ама затоа платеници, ги елиминираат таквите проблеми покрај професионалната НАТОвска тренирана војска. :kuracc:
Одлично. И Бахмут е оперативно важен затоа што во него има/ше сконцентрирано многу украинска војска и на тоа место се трошеше многу НАТО оружје плус се урива моралот на истата војска. Оперативната важност на Бахмут е во времетраењето и загубите на Украинците таму. Не во освоеното селце, па дури и целиот град.

Дека Русија се бори против НАТО (не цело, туку украински војници нескромно помогнати со НАТО логистика) е факт, не е Бахмут местото кај што го дознаваме тоа.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Важноста на Бахмут е дека е претпоследната одбрамбена линија за целосен пад на Донбас.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.881
Поени од реакции
12.987
Важноста на Бахмут е дека е претпоследната одбрамбена линија за целосен пад на Донбас.
Претпоследна. За неа ќе биде година , година и пол војување.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.681
Поени од реакции
42.261
Бахмут е новиот Сталинград, Герасимов обезбедил све што треба, Пиригозин млати ко да нема утре, кај и да е ќе го опколат деновиве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom