Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Пријател бил со психопатот Л.Рон Хабард можеш да замислиш колку двајцата взаемно "духовно се надградувале" :pos:
Не гледам видеа посебно вакви со брзо зборување... Сликица од Кроули, масонски симбол и уште нешто и готово... Ти реков, научи за Кроули повеќе и за Хабард, кој кому како бил пријател - лесно е, верувај ми... на два клика си од одговорот само треба да знаеш како да пребараш :)

Или ти бараш Хабард Кроули Психопат Пријатели :)

П.С. Ако си за скиентологија има тема за тоа, да не одиме офтопик тука.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Да го оправдам Кроули или било кој Телемит никогаш не ми било целта... ако го правам тоа, тогаш Телема ќе нема смисла и јас ќе зборувам лаги! Јас само зборувам за нештата за да ве запознаам вас каде што може да најдете и да прочитате и сами да одлучите за нештата... Ако се пронајдете, супер... ако не се пронајдете, пак супер - не може насила да бидете она што вашето највнатрешно не може да го разбере и му е туѓо... нели?

Телема е философија која зборува дека секој има волја и секој има свој пламен кој што гори во срцето на секоја ѕвезда - ничиј пат не може да биде оправдан или осуден бидејќи ние не можеме да ги облечеме истите чевли и да ги правиме истите чекори кои ги правел некој... тоа со судење, оправдување - е стара излитена шапка.

Телема е философија на животот! А тој е апсолутно разновиден.

Тоа така го гледаш ти бидејќи по се изгледа тоа ти го правиш во однос на христијанството - бараш оправдување на една догма.
Погрешно. Јас само зборувам за нештата бидејќи вие за нештата знаете од весници и нет, ниту еден наслов немате прочитано или оригинална мисла на некој за да пресудите каков бил и што сакал да каже - се е преџвакано за да авторот ве наведе да мислите како што тој мисли! А тоа е погрешен метод...

ТИ реков. за Кроули има книги многу напишано, луѓе кои ги следеле неговите дневници, по весници што е пишувано, има бааги книги - ако сакаш да ја видиш сликата на Кроули - може да се запознаеш со него многу лесно денес. Но, си треба време и малку читање книги :)

Денес премногу се знае за Кроули од сите страни - само христијани дрдорат сешто злобно без да имаат и најмала идеја за што зборувал. Се плашат луѓето од човек што прави што му е волја и не се грижи што мислат другите за тоа... кога ја имаш таа моќ, никој не може да те контролира со лажни обвинувања и проклети морални и етички бладања ;)
Се плашат луѓето од човек што прави што му е волја и не се грижи што мислат другите за тоа... кога ја имаш таа моќ, никој не може да те контролира со лажни обвинувања и проклети морални и етички бладања ;)
Сериозен си? Тукушто ги оправда на пример сите војни во светот кои ги иницираат токму оние кои прават што им е по волја.


Или ти бараш Хабард Кроули Психопат Пријатели
Ми се допаѓа кога си прецизен и кога знаеш на што мислам.
Автоматски споено мислење:

Ако си за скиентологија има тема за тоа, да не одиме офтопик тука.
Ниту за Дијанетика ниту за Скиентологија не се бавам со такви срања.
Автоматски споено мислење:

Ова е чисто оговарање сега, читаме некој што пишува за мртов човек каков бил бидејќи што знам, не му се допаднал нему тоа што го прочитал.
Дај Боже никогаш повеќе да не се раѓаат такви малоумни психопати и дегенерици. Се надевам дека гори во пеколот.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
” Thou canst by no means interpret the Sphinx in Terms of the Formula of the Slain God.
….
But the Light of the New Aeon revealeth this Sphinx as the true Symbol of this our Holy Art of Magick under the Law of Thelema.
In Her is the equal Development and Disposition of the Forces of Nature, each in its Balanced Strength; also Her True Name is Soul of NU, having the Digamma for Phi, and endeth in Upsilon, not in Xi, so that Her Orthography is ΣΦΙΝΨ whose Numeration is Six Hundred and Three Score and Six.”
Liber Aleph, DE SPHINGE AEGYPTIORUM
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
секое учење како сатанизам бидејќи не е христијанство?
Дали си прочитал негде дека некого убедувам да биде христијанин или да спомнувам христијанство? Цел форум знае дека ме интересира темата за Рамна Земја на која во моментов немам привилегија да коментирам таму. И воопшто не ме засега ако ти така размислуваш. Важно е да се знае каков психопат и шарлатан бил тој што ја создал телемата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Човек како тебе, што вели „дај боже“ и потоа устата и умот му се полни со зло - не смее да каже дека е христијанин ниту може да му се верува. Премногу зло носиш сине во тебе заради тоа што некој е нешто што ти не го разбираш или ти е непознато... Но сепак знаеме дека си христијанин по тоа што постојано се за тебе е сатанизам, а сатанизам нема надвор од христијанството :) А и знаеме кој лик си од претходно на форумов...

Телема не е создадена :) Пак ќе се учиме што е Телема? Па разгледај ја темава наназад малку, 10+ години расправаме за ова - а книгата не е ниту одблиску колку христијанската света книга или куранот или евреите, уште помалку пак источните свети книги...
Треба да се повторувам? Ако сакате, нема проблем - мене ми е ок да зборувам што повеќе за Телема...

Мислам дека уште помалку е создадена од Кроули. Но тоа го мислат луѓе кои сметата исто така дека Кроули го создава на пример О.Т.О. :) Затоа велам јас може да се прочита некоја книга за Кроули и самите книги на Кроули за да се оправда било каков суд за самиот човек :)
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Треба да се повторувам? Ако сакате, нема проблем - мене ми е ок да зборувам што повеќе за Телема...
Дали мене ме персираш или им се обраќаш на оние што мислиш дека ќе се преобратат и ќе ја прифатат Телемата ? Многу си ми проѕирен... :pos:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Дали мене ме персираш или им се обраќаш на оние што мислиш дека ќе се преобратат и ќе ја прифатат Телемата ? Многу си ми проѕирен... :pos:
Пак христијански концепт во однос на внатрешен пат на еден човек. Како тоа мислиш да се преобратат? Како што се препелкаат христијани во муслимани, муслимани во христијани и било кои други комбинации и истите бројат глави и се самозадоволуваат од една проклета бројност од луѓе кои ќе умрат на Земјата со надеж дека потоа следи... убавина? :)
Не оди тоа така во новиот еон и Телема...

Целта на зборувањето за Телема на форумов е за одредени луѓе да знаат каде што може да пронајдат и да прочитаат за нештата со една цел - запознавање подобро со Телема и философијата на новиот еон. Толку. Како вие мислите дека оди тоа некој да биде Телемит? Реално е многу лесно: го прифаќа Законот на Телема и дејствува... и тоа нема врска со друг Телемит :)
Ова зборување не е наменето за тебе... што бараш ти од Телема и херметиката на новиот еон? Ништо :) А ете, ние зборуваме тука со тебе, со која цел? Па за да има што да читаат другите... ти си алатка за мене.

Не може никој да насамариш или присилуваш да биде нешто што не го разбира или не му го бара духот да кажеме... не може со нож и со закани за отфрлање од општеството да се присили некој да прифаќа духовен пат кој што знае дека не е за него... што бараме ние со такви луѓе? Тоа не се слободни луѓе, тоа се кукавици, робови на земските страсти! Таквите ќе ти ги оставам тебе... борете се слободно.

Ние, Телемитите кои сме го прифатиле Законот на Телема не можеме да влијаеме на никој да се преобратува, да прифаќа или да практикува нешто што не е во негова природа да прифати или да дејствува така, бидејќи сепак добро ја разбираме разновидноста на човештвото.
НО сепак сме тука за да бидеме некоја форма на патоказ, ослеснителна можност за нозете на еден аџија кој што талка и бара нешто кое што знае дека постои - но не може да го најде и само добива фантоми или искривени слики за нештата од злобни дрдорковци кои иако разбираат и знаат малку - сепак нивните внатрешни пориви ги туркаат да прават тоа што го прават, без контрола.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Не оди тоа така во новиот еон и Телема...
Кој си ти да го знаеш тоа? На која основа го донесе овој заклучок туку-така? Зошто "сатанизмот" го нарекуваш со чудни имиња како што е "телема"?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Кој си ти да го знаеш тоа? На која основа го донесе овој заклучок туку-така? Зошто "сатанизмот" го нарекуваш со чудни имиња како што е "телема"?
Не можам да ти кажам :)
Да повториме во однос на тоа како многумина ќе станат Телемити или како што милуваат да кажат христијаните - „сатанисти“ :)

Пак христијански концепт во однос на внатрешен пат на еден човек. Како тоа мислиш да се преобратат? Како што се препелкаат христијани во муслимани, муслимани во христијани и било кои други комбинации и истите бројат глави и се самозадоволуваат од една проклета бројност од луѓе кои ќе умрат на Земјата со надеж дека потоа следи... убавина? :)
Не оди тоа така во новиот еон и Телема...
Исто и ова:
Не може никој да насамариш или присилуваш да биде нешто што не го разбира или не му го бара духот да кажеме... не може со нож и со закани за отфрлање од општеството да се присили некој да прифаќа духовен пат кој што знае дека не е за него... што бараме ние со такви луѓе? Тоа не се слободни луѓе, тоа се кукавици, робови на земските страсти! Таквите ќе ти ги оставам тебе... борете се слободно.
"IT IS OF LIBERTY that I would first write unto you, for except ye be free to act, ye cannot act. Yet all four gifts of the Law must in some degree be exercised, seeing that these four are one. But for the Aspirant that cometh unto the Master, the first need is freedom.
The great bond of all bonds is ignorance. How shall a man be free to act if he know not his own purpose? You must therefore first of all discover which star of all the stars you are, your relation to the other stars about you, and your relation to, and identity with, the Whole."
- Liber CL, Of Liberty , To Mega Therion
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Магика во Теорија и Пракса ја има на македонски јазик како дел од огромната ризница на езотерија позната како "Магика, Книга IV" или Liber ABA позната и како "Blue brick" бидејќи е голема и плава како цигла

Преведена и издадена од О.Т.О. Македонија :love:
Секој што сака да ги одгатне симболите на херметичката наука, може да ја набави оваа книга која е капитално дело на Кроули.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Ете гледаш не болеше ништо. Само промени го насловот во "законот на сатанизмот" за да им биде јасно и на останатите членови со што се бавиш. Јасно е?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Крајот на претходниот еон донесе хаос и промени следните 3 века... Паднаа империи, Рим исчезна како снегулка, исламот се појави, настанаа невидени мешања на народите и учењата...

Ние имаме само еден век зад нас, дај ни време не брзај... 2000 години се многу време за новата иницијација.
Ние пишуваме историја!

Па. Две војни се случија за да се промени стариот ков од христијанско уредените општества... Ќе биде слобода ти ветувам.

Мора вакви изјави од луѓе, што сподели ти, за да се разгневи толпата и да разбере дека не може да нема слобода и чиста волја, човекот не може да е роб... а тогаш кога ќе збесне човештвото...?
Римската империја повторно владее со светот.

Имате еден век, но со развојот и примена на технологијата, направено е нешто, што претходно ни за 10 века не можело да се постигне.

Твоите ветувања се сладок отров, твојата слаткоречивост е првиот сигнал кој ми укажува дека или сакате да ми го бапнете или нешто да ми земете. Јавните изјави од луѓе кои се на врвот, како овој Јури, Шваб, тој на БИС (https://www.bis.org/) и остала тајфа, само го потврдуваат тоа.

Целта на "овчарите" е баш народ да збесне, за народот да ја заврши целата валкана работа за "овчарите". Затоа и народ во сите области го поларизираат, гневот ќе го истури врз ближните, а не врз "овчарите".

За давање време, тие лажни ветувања кај мене не проаѓаат (народ сака да го лажат, да живее во надеж и после да лелека), а и ќе видиме дали ќе се остварат прогнозите дека универзумот ќе се вмеша и камен врз камен нема да остане, така да не барај од мене време.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
За давање време, тие лажни ветувања кај мене не проаѓаат (народ сака да го лажат, да живее во надеж и после да лелека), а и ќе видиме дали ќе се остварат прогнозите дека универзумот ќе се вмеша и камен врз камен нема да остане, така да не барај од мене време.
Ништо не барам од тебе, посебно не може да се бара од човек тоа што го нема. Ти кажав како одат нештата.

Народот се уште како тебе не ја разбира Телема и новиот еон, затоа велам кроце...
Полека. Има начини и начини, брзо и насилно не може да помине Телема во светот и секој да има слобода, живот по негова волја, љубов исто, светлина најмногу бидејќи без познавање на Законот, не може ништо од ова погоре.

Зар не гледаш дека насила не може некој да те ослободи од прангите на старото време, мора сам, а ние сме тука да помогнеме... :love: Предолго сте учени дека друг мора да ве промени и да дејствува во ваше име... Телема е спротивно од стариот еон.

Дури и ти се уште ништо не разбираш и не знаеш за Телема и сметаш дека е исто како минатото бидејќи ти самиот си закотвен во минатите идеи и разбирања на нештата.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Народот се уште како тебе не ја разбира Телема и новиот еон, затоа велам кроце...
Полека. Има начини и начини, брзо и насилно не може да помине Телема во светот и секој да има слобода, живот по негова волја, љубов исто, светлина најмногу бидејќи без познавање на Законот, не може ништо од ова погоре.
Колку убаво и романтичарски пишуваш за сатанизам човек да помисли дека за нешто убаво пишуваш. Ние овде конкретно сакаме да ни пишуваш за Алистер Кроули и неговиот сатанистички живот. Сакаме да знаеме со какви црни магии се занимавал, каков канибал бил, како убивал и сексуално злоставувал деца. Сакаме конкретни пикантерии од неговиот живот. Не сакаме поетично и милозвучно изразување :)
Автоматски споено мислење:

Дури и ти се уште ништо не разбираш и не знаеш за Телема и сметаш дека е исто како минатото бидејќи ти самиот си закотвен во минатите идеи и разбирања на нештата.
Што правел конкретно Алистер Кроули во минатото? За да можеме да разбереме што сакаш да ни доловиш во врска со "Телемата"?
Автоматски споено мислење:

Секој што сака да ги одгатне симболите на херметичката наука, може да ја набави оваа книга која е капитално дело на Кроули.
Еден извитоперен, болен психопат, манијак и убиец на деца не може да напише нешто корисно за човештвото туку баш напротив. Сега ќе излезе по твое дека дури е и "научник". Знаејќи светската псевдонаука како НАСА и компанија со што се бави можеме истото да го заклучиме и за манијакалниов психопат и убиец А.Кроули.
Автоматски споено мислење:

Ние, Телемитите кои сме го прифатиле Законот на Телема не можеме да влијаеме на никој да се преобратува, да прифаќа или да практикува нешто што не е во негова природа да прифати или да дејствува така, бидејќи сепак добро ја разбираме разновидноста на човештвото.
Како да дејствува? Да прави што сака без покајување?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom