Како граѓаните на Македонија дошле до сопствената земја

  • Креатор на темата Креатор на темата dastan
  • Време на започнување Време на започнување
Кога почнале да поседуваат имот Македонците? Крајот на 19 век, после Берлинскиот мировен договор 1878, ниту па имале право да живеат во град или да се школуваат, работеле во имотите на беговите. Претходно не ми се верува дека имало земјопоседници Македонци.

јамајка ти стварно не знаеш ништо што се дешавало пред 45та ко што се гледа. Македонците не смееле ни во град да живеат, што не ќе прочита човек.
 
јамајка ти стварно не знаеш ништо што се дешавало пред 45та ко што се гледа. Македонците не смееле ни во град да живеат, што не ќе прочита човек.
Немора мене да ми веруваш, прочитај кој живеел во градовите до 1878. Единствени немуслимани што живееле во градовите, биле власите и Евреите. До 1878 година Османлиска Турција била феудално општество. Објасни ми како поседувале имот Македонците во едно феудално општество? Реков и претходно се знаело која која нива ја работи, но тоа не значело дека таа нива му припаѓа нему, земјиштето припаѓало на државата, а бегот само бил тој што го собира данокот.

Еве од прилика каде почнале промените https://mk.wikipedia.org/wiki/Ѓулхански_хатишериф

Ова воглавном почнало да се применува после Берлинскиот мировен договор, после поразот на Турците во Руско-Турската војна. Тогаш се отворени првите училишта на Егзархијата.
 
Последно уредено:
Кога почнале да поседуваат имот Македонците? Крајот на 19 век, после Берлинскиот мировен договор 1878, претходно ниту па имале право да живеат во град или да се школуваат, работеле во имотите на беговите. Претходно не ми се верува дека имало земјопоседници Македонци.
Имам турски тапии дома за посед на имот, само не се сеќавам на датумите на печатите.
 
Имам турски тапии дома за посед на имот, само не се сеќавам на датумите на печатите.
Епа баш види ги. Све ова е десено после 1839, а во најголема мера после 1878. Претходно Македонците биле буквално робови. Све друго е приказни за мали деца на тие што сакаат да го престават османлиското ропство како пикник.
 
Немора мене да ми веруваш, прочитај кој живеел во градовите до 1978. Единствени немуслимани што живееле во градовите, биле власите и Евреите. До 1878 година Османлиска Турција била феудално општество. Објасни ми како поседувале имот Македонците во едно феудално општество? Реков и претходно се знаело која која нива ја работи, но тоа не значело дека таа нива му припаѓа нему, земјиштето припаѓало на државата, а бегот само бил тој што го собира данокот.

што да прочитам бе јамајка. Ти ме правиш будала при здрав разум. Не значи дека ако било феудално општество дека луѓето немале имот.
 
што да прочитам бе јамајка. Ти ме правиш будала при здрав разум. Не значи дека ако било феудално општество дека луѓето немале имот.
А што значи феудализам бе Рон? Ти пишува во Хатишерифот, до пред 1839, немуслиманите немале право да имаат имот. Тоа во реалност и во голема мера се спровело после 1878.
 
А што значи феудализам бе Рон? Ти пишува во Хатишерифот, до пред 1839, немуслиманите немале право да имаат имот. Тоа во реалност и во голема мера се спровело после 1878.

кај живееле ако немале имот, у задруга?

имаш милион села низ Македонија. Не значи дека ако формално немале тапија додека не се упишал имотот официјално дека не бил нивен.
 
кај живееле ако немале имот, у задруга?

имаш милион села низ Македонија. Не значи дека ако формално немале тапија додека не се упишал имотот официјално дека не бил нивен.
Живееле на имоти кои биле официјално на државата, а биле управувани од бегови. Секое село во тој период пред 1839 имал Бег и закрепостените селани работеле директно за него. Немало независни селани-христијани пред 1839. И не ретко беговите меѓу себе ги тргувале селаните, буквално како робови. Значи животот бил многу тежок Рон, буквално робовски живот. Па згора на тоа кога ќе дојдат јаничарите секои 3 години во селата да земат 1/10 од децата за јаничари. Никаква правдина, ништо. Животот на христијаните не вредел ни 5 пари.
 
Живееле на имоти кои биле официјално на државата, а биле управувани од бегови. Секое село во тој период пред 1839 имал Бег и закрепостените селани работеле директно за него. Немало независни селани-христијани пред 1839. И не ретко беговите меѓу себе ги тргувале селаните, буквално како робови. Значи животот бил многу тежок Рон, буквално робовски живот. Па згора на тоа кога ќе дојдат јаничарите секои 3 години во селата да земат 1/10 од децата за јаничари.

кој ги ранел тогаш? Храната од небо му паѓала на народот?

Сега морало нешто да се даде, но никој не бил роб у буквална смисла како што ти замислуваш како у америка црнци у синџири памук што береле. Далеку од тоа било тука.

Не викам дека било сјајно, но живеел народот. Ете и религијата ја задржал што е најбитно.
 
И црквите биле забранети од 1767 до 1839 Рон. Мислам дека само фанариотите делувале тука, ама не сум сигурен. А за јадење им оставале за јадење, морал некој да им работи. И на црнците им оставале јадење. Иначе не биле во синџири, ама беговите не одговарале ако убијат некого или ако му силуваат жена/ќерка. Немало многу супштинска разлика од тоа како им било на црнците. Иначе феудализам тоа значи, работиш на имотот на бегот/феудот, не на твој имот.
 
И црквите биле забранети од 1767 до 1839 Рон. Мислам дека само фанариотите делувале тука, ама не сум сигурен. А за јадење им оставале за јадење, морал некој да им работи. И на црнците им оставале јадење. Иначе не биле во синџири, ама беговите не одговарале ако убијат некого или ако му силуваат жена/ќерка. Немало многу супштинска разлика. Иначе феудализам тоа значи, работиш на имотот на бегот/феудот, не на твој имот.

никаде не пишав јас дека немало такви работи. Имало пљачки, но најчесто биле праени од арнаути. Поготово во тие места каде што ги имало доста. Турците реално немале некакво високо мислење за нив у тие времиња.

Тоа за црквата не верувам дека е точно. Црквата била тоа што народот го држела. Да била забранета народот би се потурчил многу полесно.
 
Немало обиди за потурчување пред тоа, пошто на султанот му требала раја која работи бесплатно. Тоа уствари била економијата во Отоманската империја. Со данокот во крв е обезбедено људство (јаничари), вишокот раја робувала. Потурчувањето во најголем дел иде крај на 19 почеток на 20 век.
 
Кога почнале да поседуваат имот Македонците? Крајот на 19 век, после Берлинскиот мировен договор 1878, претходно ниту па имале право да живеат во град или да се школуваат, работеле во имотите на беговите. Претходно не ми се верува дека имало земјопоседници Македонци.
Не знам точно од кога, ама кога моите претци бегале од Турците од село Волино, Охридско на блиската планина, високо горе, било 18 или 19 век, и си запоседнале ничија земја која и ден денес моите роднини ја поседуваат. Истата, се знае границата. И не работеле за феудалец, биле свои на своето.

А тоа дека плаќале даноци, плаќале, која банда како ќе помине низ село. И на комитите им плаќале, на пример.
 
И моите слично кога имало некој колеж и избегале високо во планина и нормално си запоседнале некоја земјичка, скришна куќичка во која живееле заедно со стоката, колку што можат да се прехранат. Имот и тапии немале, не ни можеле да имаат до втората половина на 19 век. Тоа ми е муабетот. Полињата и убавата земја ја поседувале Турците, на никој не му било гајле горе во планина некој планинци што прават. Уствари 90% од денешните Македонците се опстанати затоа што бегале во најтешките времиња по планини како твоите и моите предци.
 
Малку ми е нелогичен муабетот. Си имало народ по градовите, стари граѓани со стебла со векови си има, кој каде имал куќа се знае, кое место чие било. Ете да земеме пример автобиографијата на Прличев за Охрид, си пишува убаво. Си имало трговци, лекари, богати луѓе наши Македонци. Како тоа не било возможно Македонец да има имот кога имало и богати? Автобиографијата на Прличев опишува и период пред 1850.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom