Како граѓаните на Македонија дошле до сопствената земја

  • Креатор на темата Креатор на темата dastan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.129
Поени од реакции
1.291
ме интересира дали некој знае или има веродостојни документи како првично (не за последниве 5-60 год.) граѓаните на Македонија дошле до сопствената земја, под сопствена земја мислам на земјоделското земјиште, шуми, пасишта... кое денес го имаме повеќето со имотен лист и владеење.

скоро па да сум сигурен дека сето не е првично купено, бидејќи не биле сите имотно ситуирани а и доволно образовани и паметни да инвестираат и да се впуштаат во такви работи,

се надевам ќе развиеме конструктивна дискусија и ќе дознаеме и откриеме нешто ново.

повелете :masa:
 
Си ја вратиле земјата назад од Турците.
 
Си ја вратиле земјата назад од Турците.
во ред е се тоа ама како се одредувало кој која парцела да ја добие, со која големина, класа... бидејќи турците тука биле 500 год. нема сигурни информации кое на кого било пред да завладее турчинов
 
Моја фамилија бегале од Турците и се населиле на планина. Најблиското село на планината било подолу, а тие зафатиле дел од просторот над селото, што не бил ничија земја, каде биле гробиштата. Со тек на време, селото се поместувало нагоре, денес гробиштата што првобитно биле надвор од селото сега се среде село. Мислам дека ова е едно од ретките села што имаат среде село гробишта, а делот што моите пра-пра-пра роднини го зазеле, денес е сред село исто така. :)

Турците кога решиле да прават тапии, документи за имот, ги направиле како што селаните кажувале која нива, пасиште, шума чија е. Границите се поставувале со камења граничници. Како изгледале тие тапии, јас лично не сум ги видела за да знам што опишувале за да се знае каде е точно земјоделското земјиште.

Таквите тапии земени се како валидни за натаму. Едно време се плаќало данок на земјоделски имот (денес не се плаќа за поседување нива, пасиште, овоштарник, шума, освен за градежно земјиште), па многумина се откажувале од шумите и нивите и пасиштата во корист на државата (која и да била во моментот) затоа што осиромашувале, на пример.

Јас така сум чула, еве ако помага во муабетот. :)
 
во ред е се тоа ама како се одредувало кој која парцела да ја добие, со која големина, класа... бидејќи турците тука биле 500 год. нема сигурни информации кое на кого било пред да завладее турчинов

Во секој период имало луѓе од обичните класи кои што се издигале наспрема другите. За време на робството имало луѓе кои соработувале со окупаторите па после нивното заминување тие ги наследиле најповолните и најдобрите имоти, земји. Тоа се т.н ефендии, чорбаџии..
Обичните и сиромашните ако имале среќа ке фатат нешто ако не, мизерија.
 
во ред е се тоа ама како се одредувало кој која парцела да ја добие, со која големина, класа... бидејќи турците тука биле 500 год. нема сигурни информации кое на кого било пред да завладее турчинов
Се одредувало според тоа која фамилија веќе живеела и го работела тој имот - нивен бил имотот. Класи на земјиште не знам од кога постојат? Сигурно од многу подоцна од првите тапии.
 
во ред е се тоа ама како се одредувало кој која парцела да ја добие, со која големина, класа... бидејќи турците тука биле 500 год. нема сигурни информации кое на кого било пред да завладее турчинов
Не се знае точно на кого биле, највеќе која парцела кој ја работел за Турчинот, после станала негова.
 
Не се знае точно на кого биле, највеќе која парцела кој ја работел за Турчинот, после станала негова.
а србите што биле во вардарска, туристи или администратори
 
Па во Српско Македонците почнале да поседуваат земјиште. Претходно работеле на феуди.
ако земиш така и во турско имало богати чорбаџии, мајстори, воени лица, екими и др со македонско потекло
 
лол, луѓево мислат дека во турско време македонците немале имот.

Па најстарите скици се од турско време. Се знаело која нива чива е итн. После комуњарите кога дошле све покрале и поделиле за пролетери да го бричат стапот на готово.
 
Последно уредено:
Не е точно, Македонците имале земја и во турско.
Кога почнале да поседуваат имот Македонците? Крајот на 19 век, после Берлинскиот мировен договор 1878, претходно ниту па имале право да живеат во град или да се школуваат, работеле во имотите на беговите. Претходно не ми се верува дека имало земјопоседници Македонци.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom