Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Се обидуваш мене нешто као да ме збуниш или омаловажиш? :pos:
Не, се обидувам да ти укажам колку не знаеш за работите а се обидуваш да ги исмеваш - иако не разбирам зошто имаш потреба да исмеваш работи кои се далеку од тебе. :)

Зошто не побараш Магика (на македонски) што значи а не да се потпираш на google и google translate од англиски што превеле? Не знам зошто не отидеш да бараш на википедија, може така ќе ти биде најдобро, штом сите овие ствари ти се извор на информации? :)
На англиски сешто ќе ти излезе и има огромна база на информации кои не знам колку се релевантни за Телема и Магика.

Ме зезаш и ти мене сега...

1676634759972.png
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
Со магија не знам што може да постигнеш...
Самата реченица "Do What Thou Wilt Shall be The Whole of the Law" содржи многу повеќе од магика. Исто така овде на форумов обидувајќи се да пишам "магика" автоматски ми пишува магија исто како за "телемата" и телесната но има и зошто... Вака слободно читајќи опис за една книга на Алистер Кроули наидов на овој податок: Screenshot_2023-02-17-12-49-59-92_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Што треба ова да значи? Каков човек бил Алистер Кроули? Sorcerer,Charlatan ?Вака излегувам во право кога пишувам дека телемата=телесната :)
Автоматски споено мислење:

а се обидуваш да ги исмеваш
Јас се смеам на работи што се смешни а па на смешни религии со задоволство...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Самата реченица "Do What Thou Wilt Shall be The Whole of the Law" содржи многу повеќе од магика. Исто така овде на форумов обидувајќи се да пишам "магика" автоматски ми пишува магија исто како за "телемата" и телесната но има и зошто... Вака слободно читајќи опис за една книга на Алистер Кроули
Содржи, како не содржи. Небитно е кој што зборува за Кроули.

Оваа книга со описот за Кроули да не е од оние христианските, кои земаат учење и јадат слакти за него иако немаат врска што е што од тоа учење? :)
Како оние за масони книги и нивните симболи колку се сатанистички :D
Или ова е онаа со Рок музиката како се е сатанизам... да не беше Кроули и Телема немаше да имаме хипици и немаше да се роди рок музиката и метал... ќе слушавме гајди и ќе се радувавме татко ни и мајка ни да не омажат/оженат бидејќи ние - неспособни!

Батали тоа, од тоа нема фајде освен да се полниш со омраза кон човек што ти не знаеш што пишувал и колку... и што сакал да каже. Ова е чисто оговарање сега, читаме некој што пишува за мртов човек каков бил бидејќи што знам, не му се допаднал нему тоа што го прочитал.
КОј ти бара да ти се допадне било што од било кој? Тоа не е причина за да се омаловажува некој... битно е знаењето и што пракса се има низ животот. Зборови без дела се... ужас!

Тоа е стих од „Книгата на Законот“. Што го постираше погоре и не се пишува така со сите големи букви. Само последната е голема Law (Закон)
Постојат коментари на Liber AL vel legis, за луѓе кои не се запознаени со Телема и Книгата на Законот. Се вика „Законот е за Сите“, ја има на македонски јазик.

Извадок од коментарите може да го прочиташ тука, на мојот блог. Овој коментар се однесува на цитатот:

„Нема Закон над Прави што ти е волја“
- Liber AL, III:60


Има и други коментари на блогот но ќе мора да побараш и да видиш....

P.S. Најдов есеи за магика на мојот блог, може да се запознаеш подобро со тоа што означува. Едниот може да го ѕирнеш тука, а другиот овде.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Го најдов овој текст на мојот блог со наслов „666-ти пат за Телема и Магика“ во кој сум напишал некогаш за магијата и магиката:

Малубројните сериозни практичари и иницијанти, чувари на знаења кои се пренесуваат со еони низ човековата историја, ја видоа големата празнина и невистина која се шири како болест во однос на магиката и Телемата(волјата) и решија да излезат од својата таинственост и да почнат да ги „издаваат“ своите тајни за да бидат достапни секому. Тие увидоа дека моќта која ја нудат тајните знаења не лежи само во аристократијата, ами открија дека и оној селанец со раце испукани од земјата, ако ги изведува праксите може да ги искористува моќите кои ќе ги здобие.
Тие увидоа дека „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“!

Сите тие магии, сите тие сеанси од минатото (додека се молчеше мудро во тајност) само донесоа магиката да не биде разбрана и да биде дел од тоа семејство на измамници и губитници и друмски разбојници (слично направија хипиците со нивното злоупотребување на дрогата).

ТЕЛЕМАТА како философија и Закон на Новиот Еон, предизвикаа да биде одбивна бидејќи намерно или не, луѓето не ја разбрале магиката како уметност и наука, ами ја поврзаа со најподлите и најниски дејствија кои може да ги смисли Црниот Брат.

Да биде одбивен Законот на Новиот Еон бидејќи му дава апсолутна слобода на човекот – да се воздигне или пропадне – како му е волја – во зависност од својата вештина, искуство и знаење – јас го сметам како типичен пример на незнаењето кое се провлекува од Стариот еон.
Но денес…“
- 666ти пат за Телема и Магика
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
1677143196599.png

Хепта цело време се пува дека новиот еон ќе биде поразличен од досегашните стари, од попови, оџи, рабини, папи, а уствари уште поголем тоталитаризам :aplauz:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Прегледај го приврзокот 368803

Хепта цело време се пува дека новиот еон ќе биде поразличен од досегашните стари, од попови, оџи, рабини, папи, а уствари уште поголем тоталитаризам :aplauz:
Крајот на претходниот еон донесе хаос и промени следните 3 века... Паднаа империи, Рим исчезна како снегулка, исламот се појави, настанаа невидени мешања на народите и учењата...

Ние имаме само еден век зад нас, дај ни време не брзај... 2000 години се многу време за новата иницијација.
Ние пишуваме историја!

Па. Две војни се случија за да се промени стариот ков од христијанско уредените општества... Ќе биде слобода ти ветувам.

Мора вакви изјави од луѓе, што сподели ти, за да се разгневи толпата и да разбере дека не може да нема слобода и чиста волја, човекот не може да е роб... а тогаш кога ќе збесне човештвото...?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Хепта цело време се пува дека новиот еон ќе биде поразличен од досегашните стари, од попови, оџи, рабини, папи, а уствари уште поголем тоталитаризам :aplauz:
„Затоа што Црните Браќа и нивните Култови, се поставуваат себеси наспроти Промената, скрши ги на половина. Да, иако од лошото доаѓа полошо, продолжи по тој пат; тоа личи на отворање на чир, првиот ефект е крајно штетен, но последниот е чистота.
Не обранувај внимание на оние кој викаат: Анархија, Неморал, Ерес, против тебе, и се плашат да ја уништат злоупотребата за да не би дошло до полоши работи. Севкупната Воља на Вселената е насочена кон Вистината и добро ќе направиш ако ја ослободиш од затнатоста. “ :love:
- ЗА ВЕШТИНАТА НА ХИРУРГИЈАТА, Liber ALEPH
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
да не беше Кроули и Телема немаше да имаме хипици и немаше да се роди рок музиката и метал... ќе слушавме гајди и ќе се радувавме татко ни и мајка ни да не омажат/оженат бидејќи ние - неспособни!
Тоа скратено се вика сатанизам против традиција.
Автоматски споено мислење:

Небитно е кој што зборува за Кроули.
Како мислиш небитно е кој што зборува за Кроули? Кога попрво небитен е самиот Кроули. Која духовност ја ширел ако телесните задоволства му биле опсесија? Зошто некој писател во опис за книга би го нарекол Кроули шарлатан и магесник? Затоа што се бавел со сатанизам и магии ете затоа.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Тоа скратено се вика сатанизам против традиција.
Само се потврдуваш што пишува над овој твој пост!
Ах, скратеново твое само покажува инфантилност и неспособност да се види другиот ;)

Рековме дека според христијанството се е сатанизам. Дури и исламот е некоја форма на сатанизам бидејќи нели, не може бре две религии со две вистини, мора едните да исчезнат! :coffee:
И источните религии кои се многу пред христијанството денес еден христијански верник е научен да ги нарекува сатанизам бидејќи тоа го зборуваат и едни проклети свештеници кои толку можат да го разберат човештвото со тој нивни затворен злобен круг!
Ништо страшно, тоа е само реакција и обид да се задржи по секоја цена човештвото во догма.
Од тебе скратено дознавме дека би убил за својата религија... бидејќи неверник е само по себе зло и носи зло! Така? Христијанинот може да суди за другите дека се зло и да измислува сешто за да неговото црнило добие малку светла боја, бидејќи тоа... поима немам, некој бог сигурно му го одобрил во однос на своите брајча на Земјата :)

Телема нема ништо со сатанизам бидејќи сето тоа доаѓа од старо-еонските религии кои проповедаат дуалност и имаат ужасна потреба да се има непријател за да има зошто нели да се има и спасител. Или што би рекол еден мој пријател: Грешете! Грешете многу ако сакате да Ви биде простено! Тоа е стариот еон! ;)

Телема нуди иницијација и самостоен пат на една индивидуа. Тоа барем убаво стои во „Книгата на Законот“...

А вие, како ви е волја луѓе... само намалете со сатанизмот, дајте Телема (волја)! :)

Автоматски споено мислење:


Како мислиш небитно е кој што зборува за Кроули? Кога попрво небитен е самиот Кроули. Која духовност ја ширел ако телесните задоволства му биле опсесија? Зошто некој писател во опис за книга би го нарекол Кроули шарлатан и магесник? Затоа што се бавел со сатанизам и магии ете затоа.
Автоматски споено мислење:


Бидејќи е христијанин, како тебе - тој обожува да најде лик кој што не е дел од неговото убедување и да го напаѓа и да зборува сешто... мртов човек е лесно да го напаѓаш со погрдни и лажни обвинувања!
За тебе се е зло ако не е христијанство. Сите сте исти. Како од калап вадени... како не разбираш и не гелдаш дека небитно е ти што зборува за Кроули на некој што го читал и разбира Кроули... ти веруваш на вакви видеа и се радуваш како мало дете како „еве му го плеснав, целата вистина“ :)

Небитно е било кој што зборува за Кроули. Дури и јас што зборувам за Кроули зборувам од она што јас сум прочитал од него и неговите дневници и како јас сум разбрал за нештата.
Не ми требаат свети отци за да ги разберам светите книги - писмен сум и доволно имам искуство да ги разберам, но за тоа треба да ги прочитам, а не некој да ми раскажува како и што прочитал!
Затоа јас постојано споделувам линкови до книги, да прочитате и да се запознаете со оригиналната мисла.
Секакви будали од свои причини сешто зборуваат за било кој... треба да им веруваме бидејќи ни е ок да веруваме дека нештата се така бидејќи нам ни даваат некое самозадоволство за нештата?
НЕ! НЕ! И НЕ! :)

П.С. Јако видео :) Јас какви видеа имам... ехее :) Ова твоево во стилот на рамноземјашките видеа... батали тоа, луѓе кои се заинтересирани за Телема не гледаат вакви видеа за да увидат што е што... ;)
 
Последно уредено:

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
да не беше Кроули и Телема
Нели те јаде срам од внатре да го спомнуваш тој болен психопат и дури да се идентификуваш со него? Па попрво подобро е да си атеист отколку да бидеш сатанист скриен под псевдонимот "Телема" што и да значи тоа. Гледаш психопатот живеел во трошна куќа и се занимавал со проституција,канибализам и црна магија. Го виде ли единственото видео? Не се грижи веќе не ти постирам видеа. Само сакав да ти доловам тебе а и на останатите членови каде живеел тој психопат и со што се бавел. И сега ти сакаш да ми го претставиш како некој "спасител" или духовна личност? Пријател му бил Л.Рон Хабард се ми е јасно. Па скиентологијата прерасна во поголема религија од Телемата. И двете се исти срања кои се бават со сатанизам но изгледа Л.Рон Хабард бил поголем преварант од Алистер Кроули.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Нели ти е тебе срам да зборуваш сешто за било кој и по секоја цена да го преставуваш секое учење како сатанизам бидејќи не е христијанство? Мислам, со кој ум го правиш тоа? Па и одозгора со простачки зборови користење...? Не ти е срам 40+ години а вакви пишувања бидејќи некој напишал „проклети свештеници“? Те заболе за туѓиот авторитет?
Кроули е мртов! Да живее Кроули :) Рековме сешто може да зборуваме за мртвите - додека не почнат на сон да ни доаѓаат ;)

Во што живеел Кроули? Битно ти е во што живеат духовните луѓе? Извини го немаме сеуште златото на г.г. Стефан и неговата тајфа за да Телема биде позитивно потврдена од такви ко тебе...
Сине, немој...

Слободно може да се запознаеш со историјата на Кроули, вака не знам што да ти кажам, треба да ти раскажувам сказни пред спиење... се што напиша е од весници или од нет собрано, како што реков и претходно: секој може сешто да пишува денес за било кој - ништо не можеме во врска со тоа :)
Сигурен си дека Хабард бил пријател со Кроули или така некаде прочита на нет? Мислам дека нешто погрешно си разбрал...скиентологија е сосема друга тема, далеку од Телема!

НЕ. Кроули не е спасител. Откачи се од таа христијанска идеја да ја пласираш насекаде кај луѓето...

П.С. Не знам како ти е убаво да користиш простачки зборови... се обидуваш да навредиш некој со тоа? Мене фалусот не ме боли што ти мислиш за Кроули или Телема... исто како што тебе не те боли што јас мислам за христијанството и нивните концепти на божественост. Не се фрустрирај толку...
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
батали тоа, луѓе кои се заинтересирани за Телема не гледаат вакви видеа за да увидат што е што... ;)
Тогаш зошто мораш да се правдаш? Од што се плашиш? Демек имаш следбеници овде? А што ако од видеото многу луѓе дознаат за каква личност се работи и дали воопшто таа грдосија и психопат може да се нарече човек? Затоа според мене сметам дека е многу е важно да се покаже и "другата страна на монетата" :)
Автоматски споено мислење:

Мене фалусот не ме боли што ти мислиш за Кроули или Телема...
Ете барем имате две заеднички работи со Кроули и толку од неговата а и твојата "духовност" :pos:
Автоматски споено мислење:

Не знам како ти е убаво да користиш простачки зборови...
Не знам како можеш да сметаш еден психопат, канибалист и магионичар за твој "духовен татко" кому телесното му било врвот на духовноста?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Тогаш зошто мораш да се правдаш? Од што се плашиш? Демек имаш следбеници овде? А што ако од видеото многу луѓе дознаат за каква личност се работи и дали воопшто таа грдосија и психопат може да се нарече човек? Затоа според мене сметам дека е многу е важно да се покаже и "другата страна на монетата" :)
Да го оправдам Кроули или било кој Телемит никогаш не ми било целта... ако го правам тоа, тогаш Телема ќе нема смисла и јас ќе зборувам лаги! Јас само зборувам за нештата за да ве запознаам вас каде што може да најдете и да прочитате и сами да одлучите за нештата...
Ако се пронајдете, супер... ако не се пронајдете, пак супер - не може насила да бидете она што вашето највнатрешно не може да го разбере и му е туѓо... нели?
Не е ова бре старо-еонска религија па тука ќе се закануваме со страшни судови и љубоморни богови кои никој никогаш од верниците не го видел туку само гракаат за нештата непотребно бидејќи имаат чудна идеја да ги омаловажуваат другите бидејќи „тие, големите христијани мирјани, биле тука со векови и имаат морално право да го осудуваат сечиј пат“...
Со крстот по кичмата, да научат да си гледаат својот крст, не туѓиот ;)

Телема е философија која зборува дека секој има волја и секој има свој пламен кој што гори во срцето на секоја ѕвезда - ничиј пат не може да биде оправдан или осуден бидејќи ние не можеме да ги облечеме истите чевли и да ги правиме истите чекори кои ги правел некој... тоа со судење, оправдување - е стара излитена шапка.
Од друга страна тоа не значи дека ако правиш што ти е волја, дека нема последици. Карма јога не може да се исклучи... но може да се исполни! За ова пак може да се консултира на пример Вивекананда

Телема е философија на животот! А тој е апсолутно разновиден.

Тоа така го гледаш ти бидејќи по се изгледа тоа ти го правиш во однос на христијанството - бараш оправдување на една догма.
Погрешно. Јас само зборувам за нештата бидејќи вие за нештата знаете од весници и нет, ниту еден наслов немате прочитано или оригинална мисла на некој за да пресудите каков бил и што сакал да каже - се е преџвакано за да авторот ве наведе да мислите како што тој мисли! А тоа е погрешен метод...

ТИ реков. за Кроули има книги многу напишано, луѓе кои ги следеле неговите дневници, по весници што е пишувано, има бааги книги - ако сакаш да ја видиш сликата на Кроули - може да се запознаеш со него многу лесно денес. Но, си треба време и малку читање книги :)

Денес премногу се знае за Кроули од сите страни - само христијани дрдорат сешто злобно без да имаат и најмала идеја за што зборувал. Се плашат луѓето од човек што прави што му е волја и не се грижи што мислат другите за тоа... кога ја имаш таа моќ, никој не може да те контролира со лажни обвинувања и проклети морални и етички бладања ;)
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661

Kajgana Shop

На врв Bottom