Се појавуваат неколку прашања.
Дали е направена локална архива, прочитав дека ја качиле архивата на облакот, во ред, но ова се прави како дополнителна безбедност. Главната работа е локалната архива и зошто ја нема? Другото објаснување е дека не презеле соодветни мерки да го одвојат архива од системот и хакерите ја шифрирале и архивата???
Второ - колку често се прави резервната копија, дневно, неделно. Ова е важно затоа што ако се прави да речеме секоја сабота и хакерскиот напад се случил во среда, тогаш губењето на информации е само за ТРИ дена и не е голем проблем да го вратиш рачно. Но, очигледно ни тоа не е сторено.
Според мене единствено решение со оглед на тоа што немаат комплетна архива е да се пазарат и да платат. Ниту еден експерт не може да им помогне. Од друга страна, колку подолго доцнат, толку е поголема цената на штетата