Tie mislat deka mozat, inaku ne mozat. Amerite vekje se poglasno se zboruva, deka site instruktori i lica povrzani so Ukraina ke gi povlekuvaat postepeno vo slednite 30-40 dena, a sledstveno na toa i voenata pomos ke zapira postepeno. Verojatno si ja postignaa celta koja i da im beshe.. Vo zapadot (pred se Francija) posledniot mesec naglo se promenuva raspolozenieto od toa da se finansira vooruzuvanje na Ukraina..Postepeno iako potajno i 'demek' na crno gi popustaat sankciite sprema Rusija, ne mozi direktno tuku preku svoi firmi, taka da mislam deka sramezlivo se nadzira krajot na golgotata na Ukraina..Taka da Zelenski ke bide ostaven za brzo na cedilo...Od heroj so nekoi posledni negovi potezi stanuva problem i bolka za Ukraincite. Kako so rekov, na krajot i USA i Rusija ke se dogovorat i ke si gi ispolnat zamislite, samo majkite koi gi zagubija chedata vo besmislenava rabota ke ostanat cel zivot da patat po svoite cheda...
Па не сум сигурен дека ќе ги повлекуваат толку брзо. Тек треба тенкови и еден куп други оружја да стигаат. Целта на Америте понекоја логика, бар од она што јавно го знаеме, не верувам дека била да се исцрпи Русија, тоа само како бонус би им дошло. Америте и тоа како знаеле уште од старт колку и како ќе ја погодат сакнкциите Русија. Да не збориме дека санкциите им беа за у јавност, а у позадина, од трета страна си течеа бизнисите. Америте се гледаат преку бизнис, а војна ти е најголем бизнис. И го испразнија цело оружје на Европа, се тоа ќе треба да се замени, а знаеме од кај тоа ќе го направат, Сите што ги исподадоа советските и германсите тенкови и останато оружје, ќе добијат америчко. Германците ќе останат со таквото у рака. Милијарди ќе заработат америчките воени компании, а пола амерички конгрес има акции во тие компании или се финанситаани од нив.
Што се однесува до голготата на украинците, нив допрва ги чека. Не знам каде видов, во ураинската рада донеле закон со кој се забранети било какви преговори со Русија, што значи дека ќе изгинат еден тон деца и жени во униформи. А правата голгота за нив ќе следи тек после војната. Земја која беше и онака уништена и на дното на секое поле уште пред фебруар, минатата година. После војнава ќе искочи тотално уништена, покрадена, раселена, со можда и до милион жртви, многу повеќе осакатени.
Зеленски може во Украина да биде херој само дур пропагандата го форсира тоа, а после се знае, или ќе избега или ќе виси на Мајдан. Моментално во Украина секакво друго мислење од она што го има Зеленски е забраенто. Затворени се сите телевизии, забранети сите партии кои би можеле да имаат друго гледање и размислување за целава ситуација. Не е оставен простор за било каква критика за Зеленски. За потсетување, оној преговарачон нивни, уште на старт го срелаа, без судење без никаков демократски процес, со објаснување дека соработувал со русите. Еден куп луѓе уапсија од таа причина. Строго се контролира што смее да се каже во медиуми и на интернет. Ама тоа не може да тера така долго. Луѓето се исплашени и не се бунат, ама кога ќе почнат децата да им ги земаат на фронт и да им ги враќаат во ковчези, тешко дека ќе продожат така.
Америка и Русија ми делува дека можеби имаат договор уште пред се ова да почне. Како и да е, делува дека бар уште година дена ќе трае војнава најмалце, а можда и повеќе.