прсти да кажам нешто.
Фк Пелистер моментално е клуб со 100% сопственост на Општина Битола, а тука спаѓаат сите жители на овај град, од сите националности, вери и политички партии, затоа другари, полека малце.
За Митко Стојковски како претседател на клубот и ЉУДИНА од човек, нема шо да се кажи. Поддршка за такви личности како него - СЕКОГАШ !
Ама... Пелистер моментално кадровски не е ништо поразличен од пред 1,2,3-10 години. Се едни исти па исти луѓе, ти давај пари, јас ќе кажвам и тоа општински пари. Ќе пробам имиња да не спомнувам, сите тие на некој начин лично ги познавам и имам каков таков респект према нив, само за почеток НИКОЈ од вас не е над ПЕЛИСТЕР.
Ќе почнам од школата... Акцентот ќе биди клаен на школата - ПОЗДРАВ за идеата, но не и за праксата. НЕМОЖИ во школата да бидат луѓе кои имаат свои, приватни школи ИСТОВРЕМЕНО додека се на платен список во Пелистер, другари КЛУЧ на вашите школи и 100% посветеност на школата на Пелистер, само така ќе знајме дека немате задни намери и планови за во иднина, кога еден ден би ви дошол крајот, пошто секој филм нели има свој почеток и крај. Како бе вие 'другари' со функции во школата, 12 години се радвавте на секоја победа над Пелистер, ја ПУСТОШЕВТЕ школата на Пелистер, напрајвте најголема омраза да има помеѓу родителите на вашите приватни школи и школата на Фк Пелистер, па сега кога Пелистер застана малце на здрави нозе и во претходните 2-3 години од ,,Х" причини ви ги собра децата, чукате пак на вратата на Пелистер како вечни спасители, толку немате образ или мислите дека сите сме со кратко памтење? Дали постојат критериуми за работа во школата? Јавен оглас? Некој свој план да претстави, визија, па да се бира или како?
Како бе тренерите во клубот исто така да имаат работна обврска, кој наставници или професори по физичко, кој во Рек, Водовод, Пошта, како бе то 'другари'? Тренинг на децата тогаш кога ќе можите или треба да е тогаш кога ќе морате со работно време од 8 часа, има да се работи таму ако сте сериозни во вашите намери, ама не сте. Пелистер моментално, а и претходно бил само да се скубни нешто ПЛУС, нели од плус нема гајле. 'Другари' тренери, дали пред себе сте поставиле цели со кои би биле задоволни на крајот од сезоната, односно би си заминале во случај на неостварување на поставената цел? Не, нормално дека не, наместо тоа СУЕТАТА ви е до небо крената, мислите дека ќе сте ВЕЧНО, другари ви кажав погоре, секој филм има свој крај, за жал или за среќа. И да, јас не познавам клуб шо е со два координатори, па дури ни најуспешната школа на балканот ако не и во Европа, онаа на Динамо Загреб и проектот на Мамиќ не познава тавко нешто. И дај, препишете нешто, барем Хрватски разбирате, а и Српски. Во оваа една година ви заминаа неколку битолски млади деца, Исмаили, Бошковски, Талевски, а последен и Давид Ангелевски кој замина во Олимпија, директно од приватната школа на сегашниот координатор на клубот. И да, ФК ПЕЛИСТЕР не е ПРИВАТНА ШКОЛА и тука не смеат децата од школата да плаќаат над 100 евра за опрема, едно ради тоа шо клубот е општински и општината можи да субвенционира, друго толку пари по дете за опрема која ќе носи 1 година, сите растат и брзо ќе му се смалат, или на лето пак и така на секој 6 месеци? И да, додека немавте функции ме застанувавте и на муабетите им немаше крај, критики за тогашните, и здраво е то и треба критика, ама сега нешто носот да ви падни нема да си го крените.Е неможи така,ТОЛКУ.
Сениорската екипа... 'Другари', се додека по Петко, Трајко ги барате играчите, притоа немате ПОЈМА од играчи, ќе се носат непроверени играчи или веке испукани пушки, а притоа дебело платени. До кога? Скаутинг нешто? Или ќе верваме на жими мајка и на доверба на Петко, Трајко? Автоголот си го дадовте уште на 5ти Јануари и заменивте Ферари со Фичо кое ви го претставија како Ламбурџини, ама полека, ќе ви покажи времето, а јас дајбоже да грешам, ќе се извинам. Да, јас ќе се извинам и притоа моето грешно мислење нема да наштети никому, ШТО ако времето покажи дека вие сте погрешиле? Ќе си дајте оставките сите до еден? Да не се лажиме, НЕМА, ете дајбоже и за ова да грешам и да ме демантирате.
Маркетинг? Шо е бе то? Некој нешто знај? Кај се наоѓа? Како се користи? НЕМОЖИ бе другари во 2023 година да немате МАРКЕТИНГ или да имате каков шо имате, поарно да немате, НЕМОЖИ. Интернет и маркетинг е лицето на клубот, социјалните мрежи и промоцијата на клубот се нешто многу значајно во дешено време, и кога клубовите за тие работи се качиле на месечина, ние уште не знајме шо е МАРКЕТИНГ. Па како ќе привлечи клубот играчи, спонзори, навивачи, обожаватели, како? Прво е срамота и лицемерно за играчите, сениорите, за нивната промоција која НЕ ЈА ПРАЈТЕ, не ја добиваат, а после и за цел клуб, од сениори до петлиња. Страшно нешто.
Инфраструктурата? Добивме трибина, тука не е крајот, треба да е само почетокот стадион да добиеме. Ама треба и помошни терени, барем уште два околу стадионот, тренинг центар и грижа за нив, не да се фрли како ,,Павел Шатев". За ова околу инфраструктурата ви одржа Митичот лекција на едно интервју, само да има некој да го послуша и да го реализира.
Дајте клубски прес, кажете ги сите отворено сите планови, не се кријајте зад чистиот образ на Митко, излезете образложете, па секој кој сака прашање да постави, народот заслужва да прашва, зошто плати над просечните и чоек да неможи со лупа да ве најди, не го бива.
Ако има критика или некој не размислува како вас, незначи дека е против вас или дека на клубот му мисли лошо. Тој шо му мисли лошо на клубот, трипати полошо да го снајди.
САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА !