РФ доста долго време даде шанса на мировен процес, 8 години. Па уште организација на олимпијади, првенства, меко или никакво враќање на било кои напади од западните „партнери“ (особено околу Russiagate), конструктивност, ефтини енергенси за ЕУ, итн. Затоа и е критикуван Путин во Русија, чекањето скапо ги чини сега. Да имаа цел воено да се пресметаат и да си направат траен анимозитет со Украинците, ќе го направеа тоа уште после Крим. Напротив, дадоа шанса за некакви нормални релации со украинска држава, која ќе признае дека со Крим немаат врска освен неколку декади (не им го ни бараа ова со Минск) и која ќе си гради нормални односи со Русите во нејзини граници и РФ.
Ама не, наместо тој логичен пат, украинските власти (или кој и да решава таму) решиле дека попаметна опција им е хранење на митови за Бандера, толерирање на секакви радикални групи, третирање на било кој со проруски погледи (а еве сега и доволно е да не знае украински) како граѓанин од трет ред, и секако, воено јакнење за да се пресметаат со најголемата земја во свет, која патем е и нуклеарна сила. Ок, интересна тактика, па да видиме до каде ќе стигнат.
Веќе знаеме до каде се сега: стотици илјади мртви и осакатени, милиони избегани кој на запад кој на исток (голем дел нема ни да се вратат), инфраструктура и економија десеткувани. Може целта ги оправдува средствата, да видиме.