Ги најде двата најумрени тимови за споредба. Ако има поумрен тим од Интер моментално тоа е Барса.
Неможам да се ориентирам само од една утакмица, АМА ако можевме ние на гости првата да им претиме и правиме проблеми тогаш не гледам пречка кај ПСЖ. За втората не ни треба да се збори бидејќи се беше изгубено и таков ладен туш си заслужија.
И на загубена текма према мене треба машки да излезеш и да пробаш да победиш ама се виде колку гинеа и беа желни за победа. Затоа уште некое време ќе бидеме вакви мртви во менталитет.
Не викам дека се слаби Баерн ама не се ни толку јаки како што беа.
Тоа што Баерн издоминира не ги прави Интер и Барса лоши.
Мислам се разбираме , ЛШ и домашно првенство се два различни света.
Тие партии што ги пружи Интер против Барса беа многу повеке од солидни , да бидеме реални , има разлика од оваа Барса и таа од лани.
Ја мислам дека Интер ке можеше да им напраи проблеми на Ливерпул па и на ПСЖ, дури и да ги избаци ако изиграат партија како против Барса.
Тоа е целата работа , првите импресии што ги остава една екипа кога се истура од давање голови против бош екипи и кога ке дојде некоја цврста скоцкана екипа одма чкрипи.Иако Јуве изгуби,им пружи добар отпор , да не збориме Бенфика колку шанси имаше.
Колку еден тим е добар , не се оценува само на еден дел од теренот.
Чист пример е Бенфика , им пружија отпор и не искочија со спуштени гаќи , на крај извадија две нерешени во двомечот , значи одма се виде дека скоцкана екипа им прави голем проблем.
Сега они играат против Баерн , Баерн е "whole new level" во однос на Бенфика. Лани погледнете ги двата меча у група меѓу нив , не им дадоа Простор да земат воздух.
Баерн е екипа што психички и физички е спремна да игра против секого и секаде и да излезе како победник од тоа.Низ историјата има многу такви примери , тие што пратат фудбал подолго време го знаат тоа.Едноставно таков е германскиот менталитет , и Баерн е таа германска екипа што го претставува тоа на клупско ниво.
Јас знам дека репер ви е поразот од Виљареал лани и тој против ПСЖ преклани во 1/4 финалето ама овој Баерн е x3 подобар.
Колку цврсто , хируршки прецизно и со каков фокус играат , тоа последен пат го имам видено последната сезона на Јуп , кога Баерн освои ЛШ.
Се изначитав денеска низ страни , форуми , социјални мрежи.. Баерн е ставен во подредена улога, конретно фудбалскиот свет го става Баерн во подредена улога.
Со оглед на тоа каков хајп се шири и кој каква улога добива не ме чуди Баерн да реши све уште во Париз.И знам дека многу нема да се сложат , ама тие што фудбалот го гледаат малку поопширно не само од навивачка страна ке се согласат дека Баерн , Сити и Реал моментално се над сите други.И Разликата помеѓу овие и сите други екипи е голема.Збориме за комплетност, тактика , тимски дух , фокус , стабилност , континует на екипата, физичка и психичка спремност , форма на играчи..
Многу пати сум го пцуел Нагелсман ама мислам дека сезонава ке ја издиригира многу паметно.И сакам да ме демантира за све што сум кажал за него.Мислам т.е. се надевам дека нема да иде со глава во зид , ке изигра паметно , нема да нападне одма агресивно и да ги напикаат на една половина , ке игра на стабилност и ке чека ПСЖ да нападне и да се отвори , така и ке им дадат гол и уште повеќе ке ги натераат да се отворат и после ке ги здробат.Овој Баерн не е толку агресивен напред како што се збори во однос на последните сезони , тоа држи вода , ама тоа напикување на противници на половина и вртење и силување околу шеснаесетник донесоа две испаѓања во последните 2 години.Контра - гол и goodbye ЛШ им се деси минатата и предминатата сезона.
Така им направија на Барса , така им направија и на Интер.Ке им дадат простор што можат да го контролираат и малце кога ке се отворат , ке ги казнат.
Многу е потешко да контролираш прогресивен во однос на директен агресивен фудбал,тоа Реал го докажа годиниве уназад.
Ке ставев крст и печат одма за дуелов , ама Меси е бесен пред светсково кажав веќе , асистенција-гол му е секој натпревар.Неговото фудбалско знаење може да побие се и сешто , играч што најдобро го разбира фудбалот и го прави во исто време толку чудесен а толку едноставен.
Затоа ке го оставам тоа АМА..