Паметам дека ти беше еден од апологетите на идејата за Супер Лига, што е сосема легитимен став, но искрено мислам дека твоите побуди беа субјективни. Нема врска.
И тогаш и сега, сакам да се оградам, бидејќи противниците на идејата се портретираа како поддржувачи на УЕФА.
УЕФА е тешко ѓубре, корумпирана организација која не работи во полза на овој спорт. Тоа е јасно како ден, нека биде потенцирано уште еднаш.
Идејата можеби тогаш Перез ја споменал, тивко. Идејата пред колку, две години веќе, на чекор беше до отелотворување во пракса. Сета среќа помина како што помина. На чекор до отелотворување, симптоматично, токму кога наведените клубови се наоѓале во незавидни ситуации финансиски, со мал исклучок на Реал.
Нека се формира друго тело, лига, што и да е. Батали го УЕФА. Нека се вика и Супер Лига. Само не на овие постулати. Тоа беше и поентата на протестите и негодувањата. Нека има промени во фудбалот, ама нека не бидат тие промени што беа иницирани.
Нормално. Секогаш има можност за подобрување на условите на еден формат.
И мене лично не ми се допаѓаше едно од правилата што гласеше, нема испаѓање од лигата... тешка глупост.
Ама па тоа и беше еден од примамливите услови за учесниците и "основачите", затоа што им ветува и гарантира секоја година -излез во Европа. Рачунај дека баш следната година може многу лесно тоа да не го добијат баш Ливерпул или Челзи на пример. Или Јувентус.
Е сега приметувам дека и има некои работи што донекаде не им се баш јасни на луѓето.
Прво, сите одма поврзуваат и има некои коментари погоре, како, еј па не сакам да гледам Њукасл-Арсенал, сакам да гледам Арсенал- Баерн секоја година (или обратно, сакам да гледам Пул-Евертон и да се задржи шмекот на фудбалот).
Супер лигата не ги исклучува тимовите од настапи во домашните првенства. Е сега што потоа самите лиги под притисок од УЕФА им се заканија дека ќе ги избацат овие тимови од партиципација во домашните лиги е веќе друг муабет. Исфорсиран, што мислам дека беше само блеф. Каква лига би била шпанската на пример, без Реал и 8арса..
Друго, се оди на тоа дека Реал со Перез сакале да го задржат приматот преку оваа Супер Лига. Не делува дека е точно од повеќе причини.
Како прво во самата лига беа поканети и ПСЖ и Сити, и сите други клубови на најразлични магнати. Автоматски тие клубови ќе имаат покрај милијардите на газдите, потенцијално и милијарда долари плус од учество и освојување на лигата.
Потоа ,во случај да Реал биде година за година доминиран од тие тимови (што и не би било невозможно) значи дека баш така многу лесно Реал ќе го изгуби приматот во Европа.
Друга причина е и што и Реал е препознатлив по Лига на Шампиони и рекордните титули, од кои во старт ќе се само-лиши.
Значи повеќе причини дека не е гарантиран приматот на Реал како клуб над другите со оваа лига, дури и напротив.
И на крај ќе додам нешто што во текот на овие години лично се промени кај мене што искрено, ми е веќе сеедно дали ќе се случи лигава или не.
Форматот на УЕФА ми се допаѓа што на пример и во држави утепани и небитни како нашава, секоја година дава одреден процент на поддршка на фудбалските федерации. Колку клубови би згаснале само без тие пари, пари што на пример ќе се ги присвојат екслузивно одбраните клубови во супер лигата. Колку и деца, не би можеле да тренираат во некои локални селски клубови, на стадиони изградени од некоја донација од УЕФА.
И не ми се допаѓа претераната комерцијализација. Ќе станат уште повеќе customers clubs сите овие тимови. Па чекај, и што ако место милијарда ипол, ќе генерирале 3 милијарди евра приходи? Што ли ќе смени тоа само на подобро?
Ете Барса со Кутињо и Гризман од по 120 милиона евра беа подобри, или сега со Гави и Педри ? Со плати од по 20 милиони евра, со услови да ќе земаат и по 50/100 милиона евра. За да дресовите кои вредат за изработка 2 евра, ги шиткаат за 120 евра?
Или, она на Перез, децата повеќе не гледале фудбал. Тие што сакаат, гледаат и те како. А Супер Лигата сигурно нема да им ги тргне од раце мобилните на децата ако место Јунајтед- Лидс, би играле Јунајтед- Атлетико Мадрид.
Ќе било ова сега "амерички модел"... ако е ваков
(сите со мобилните во раце),
немора.
Али легитимна им е борбата, таков е и впрочем капитализмот. И секоја чест за храброста сепак.