Прегледај го приврзокот 365990
Која би од овие трите момци,а? Таа од лево? Таа од десно? У средината можеби? Погледнете таа од лево колку ѝ е долга левата рака...
Не може со ниедна. Оваа слика е креирана од chatGPT и ниедна од жениве на сликата не постои.
Ова значи збогум за порничите, инфлуенсерките, манекенките. Маркетинг кампањите ќе поефтинат драстично, низ социјалните мрежи ќе кружат ботови како никогаш порано, овој пробој на вештачката интелигенција е и закана за филмската индустрија, анимацијата...
Само е прашање на секунди кога на некој ќе му текне од триве виртуелни кукли од горната слика да создаде три профили на социјалните мрежи и да ангажира бот да одговара на секој лајк, огинче, аплауз. И лесно можат да се замислат ликови како
@callejón de la muerte или
@paralelni svetovi како се фалат дека си фатиле девојка преку социјалните мрежи:
“Лелееее да видиш шо убава девојка си фатив преку финтици на Инстаграм бе Неподобен, ти не знаеш што е љубов, финтиците имаат дејство, види ја.“
“ОК, од каде е?“
“Од Америка. Нашата врска е на далечина, таа меѓтоа патува многу и стално е на снимања пошто е манекенка.“