Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Тоа ти е хеџ фонд, со спеицјална политика и специјални критериуми. Купи си го VOO, VTI ако сакаш без некои специјални критериуми.
Ги барав на NYSE и XETRA неможев да ги најдам како VOO, VTI. можеби не сум ги забележал, ке видам пак.
Инаку тие се фактички S&P 500, така?

Ти благодарам
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Ги барав на NYSE и XETRA неможев да ги најдам како VOO, VTI. можеби не сум ги забележал, ке видам пак.
Инаку тие се фактички S&P 500, така?

Ти благодарам
VOO е S&P 500.

VTI е цел пазар вклучувајќи и мали и средни компании по големина.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Луѓе дали некаде низ законот има пишано кој метод на цени за пресметка на капитална добивка/загуба да се користи, дали FI-FO или просечни цени?
Јас го прегледав целиот закон и не најдов информација, но може да ја имам и превидено.
Вие кои имате пријавено капитални добивки како ги имате сметано?

Исто така, дали трошоците (провизија, Stamp Tax) се признаваат како трошоци во намалување на капиталната добивка?

Дали признаваат 10% трошоци на капиталната добивка, и дали во внесувањето на капиталната добивка во e-pdd требало да се внесе добивката намалена за 10%?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

Самиот ППД коа ќе ја внесеш сумата од realized gain (лева графа) од извештајот со поставениот датум кога си оставрил добивка (јас ставив последен ден од месецот) ти ја конвертира во МКД. Трошоците и провизиите никаде не се спомнати за пребивки од странски ХВ така да не играат никаква улога во пресметката. Еве јас шо направив:
-Се ставив во ППД , капитални добивки од хартии од вредност.
- Од делот на акции каде имам остварено капитална добивка им објаснив во образложение (посебен документ) дека истите се купени пред 1.1.2023 година и дека можат да ги поверат датумите во извештајот.
-Од делот на опциите пошо имам крш месец , а контрадикторно висока основица за пресметка на капитална добивка им објаснив дека се работи за сложени финансиски деривати каде се прават комбинации од повеќе опции во пакет и пакетот засебно се купува и продава како една истоимена хартија од вредност. Бидејќи ИБКР не ги издвојува стратегиите визуелно засебно туку таксативно по опции, мислам дека ќе имам недоразбирање во овој дел
Мојата обврска си ја пополнив пошо до 10ти е финален датум за поднесок па нека ме упатат како они мислат дека треба. Предлагам сите шо имате дури негативно салдо да си поднесете пријава.
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Луѓе дали некаде низ законот има пишано кој метод на цени за пресметка на капитална добивка/загуба да се користи, дали FI-FO или просечни цени?
Јас го прегледав целиот закон и не најдов информација, но може да ја имам и превидено.
Вие кои имате пријавено капитални добивки како ги имате сметано?

Исто така, дали трошоците (провизија, Stamp Tax) се признаваат како трошоци во намалување на капиталната добивка?

Дали признаваат 10% трошоци на капиталната добивка, и дали во внесувањето на капиталната добивка во e-pdd требало да се внесе добивката намалена за 10%?
FIFO метод
1675856077891.png

- Од делот на акции каде имам остварено капитална добивка им објаснив во образложение (посебен документ) дека истите се купени пред 1.1.2023 година и дека можат да ги поверат датумите во извештајот.
Пиши дали ќе ти ги оданочат овие. И јас пред некој ден остварив капитална добивка со продажба на ХВ купени во 2022, и сега не ми е јасно дали треба да ја даночам или не...

ЕДИТ: го читам скриншотов за ФИФО метод, и пак ме буни тоа на крај „почнувајќи од 1 јануари 2023 година.“ Ова пак ме наведува дека даночењето на хартиите од вредност ќе се врши само на тие хартии од вредност купени во 2023?
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
FIFO метод
Прегледај го приврзокот 366443

Пиши дали ќе ти ги оданочат овие. И јас пред некој ден остварив капитална добивка со продажба на ХВ купени во 2022, и сега не ми е јасно дали треба да ја даночам или не...
Epa problemot e sto imame uste 2 dena za da prijavime. Ako go danocat nego togas nas ke treba da ne kaznat deka ne sme prijavile do 10ti....
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Epa problemot e sto imame uste 2 dena za da prijavime. Ako go danocat nego togas nas ke treba da ne kaznat deka ne sme prijavile do 10ti....
Мојава трансакција сум ја направил во февруари, така да јас барем имам до март рок за тоа. Ама како и да е, мислам дека не прават проблеми од ујп за доцнења се додека си плаќаш данок на се што треба. Барем таков муабет сум слушнал, ваљда нема да те замараат ако задоцниш 5-10 дена.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Let's get this straight now.

Мислам дека го апсолвиравме веќе ова. Патем ми стигна и од Комерцијална сеа коа правев трансакции.

Aкции купени и во мк и во странство пред нова година, НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ ОД ДАНОК НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА. Пириод
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Let's get this straight now.

Мислам дека го апсолвиравме веќе ова. Патем ми стигна и од Комерцијална сеа коа правев трансакции.

Aкции купени и во мк и во странство пред нова година, НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДАНОК НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА. Пириод
Па mixed signals прќаат од ујп, ете некој службеник од ујп пишал дека ќе се даночат... А што точно ти стигнало од Комерцијална? Потврда дека не подлежат на даночење? Беш ме интересира што кажале ако можеш да споделиш?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Па mixed signals прќаат од ујп, ете некој службеник од ујп пишал дека ќе се даночат... А што точно ти стигнало од Комерцијална? Потврда дека не подлежат на даночење? Беш ме интересира што кажале ако можеш да споделиш?
Почитувани,

оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност ќе се применуваат за хартии од вредност кои се стекнати почнувајќи од 1 јануари 2023 година од страна на даночниот обврзникот или од страна на правниот претходник во случај на наследување или подарок.
Даночен обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Основа на данокот на доход од капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на хартиите од вредност и нивната куповна (набавна) цена и на истата се признаваат нормирани трошоци од 10%.

Данокот на доход од капитални добивки се плаќа по стапка од 10%.
Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години.

За целите на утврдување на капиталната добивка, како продажна цена на хартии од вредност се смета остварената цена која обврзникот ја документира. Како куповна (набавна) цена на хартиите од вредност ќе се смета цената по која обврзникот ја документира како стварно платена или, ако тоа не го стори, најниската објавена цена на берза во годината во којашто е извршена продажбата или, ако немало купопродажба, нејзината номинална вредност.
Ако хартиите од вредност се стекнати по пат на наследство или подарок, како набавна цена се смета цената по која се стекнати хартиите од вредност од страна на правниот претходник (дарувачот или оставителот). Доколку не може да се утврди цената по која се стекнати хартиите од вредност како набавна цена ќе се смета најниската пазарна цена остварена на берзата во годината во која се стекнати од правниот претходник (дарувачот или оставителот) или ако немало купопродажба, нивната номинална вредност.

Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.

Централниот депозитар за хартии од вредност е должен на органот за јавни приходи да му достави годишен извештај со податоци за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица во земјата, најдоцна до 15 јануари во тековната година за претходната година. Аконтацијата на данокот на доход од капитална добивка од хартии од вредност се пресметува од органот за јавни приходи врз основа на податоците од годишниот извештај од ЦДХВ, најдоцна до 15 февруари во тековната година за претходната година.
При остварени капитални добивки/загуби од продажбите со хартии од вредност на странските пазари, даночниот обврзник е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот во која е остварена добивката/загубата. Аконтација на данокот на доход остварен од продажбата на хартии од вредност на странските пазари утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот. Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година. Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај. Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во предвидениот рок, доставената пополнета годишна даночна пријава се смета за потврдена.
Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност доколку:
- обврзникот ги стекнал со емисија на хартии од вредност реализирана како иницијална јавна понуда;
- oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основа на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот);
- обврзникот ги продава хартиите од вредност кои ги стекнал по пат на денационализација;
- обврзникот ги продава долгорочните должнички хартии од вредност издадени од државата и долгорочни должнички хартии од вредност издадени од општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје.

За подетални информации за обврските кои произлегуваат за даночниот обврзник можете да се информирате од ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22).

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Во пријавите за приход од дивиденди за 2022 што се од УСА кои беа внесени со данокот платен во странство, дали некој пријави дека не добил налог за плаќање?

- Знам дека доколку се внесе пријавата на овој начин ја прифаќаат како платена, но да не постои опасност ова да го сметаат како избегнување на плаќање данок (прифаќањето како платена може да е автоматски од систем без вистинска контрола). Затоа прашувам.
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Let's get this straight now.

Мислам дека го апсолвиравме веќе ова. Патем ми стигна и од Комерцијална сеа коа правев трансакции.

Aкции купени и во мк и во странство пред нова година, НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ ОД ДАНОК НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА. Пириод
1675862688110.png

Znaci ovoj del od zakonot e mnogu jasen. Se odanocuvaat samo kapitalni dobivki od hartii steknati posle 01.01.2023.

Ona sto ne e jasno e nacinot i periodot vo koj treba da se prijavuvaat kapitalnite dobivki od stranstvo.
Zatoa Cika Voki sega za sega ke si kjuti i ke ceka "podzakonski akti" t.e. pravilnici

1675863056407.png
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Почитувани,

оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност ќе се применуваат за хартии од вредност кои се стекнати почнувајќи од 1 јануари 2023 година од страна на даночниот обврзникот или од страна на правниот претходник во случај на наследување или подарок.
Даночен обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Основа на данокот на доход од капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на хартиите од вредност и нивната куповна (набавна) цена и на истата се признаваат нормирани трошоци од 10%.

Данокот на доход од капитални добивки се плаќа по стапка од 10%.
Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години.

За целите на утврдување на капиталната добивка, како продажна цена на хартии од вредност се смета остварената цена која обврзникот ја документира. Како куповна (набавна) цена на хартиите од вредност ќе се смета цената по која обврзникот ја документира како стварно платена или, ако тоа не го стори, најниската објавена цена на берза во годината во којашто е извршена продажбата или, ако немало купопродажба, нејзината номинална вредност.
Ако хартиите од вредност се стекнати по пат на наследство или подарок, како набавна цена се смета цената по која се стекнати хартиите од вредност од страна на правниот претходник (дарувачот или оставителот). Доколку не може да се утврди цената по која се стекнати хартиите од вредност како набавна цена ќе се смета најниската пазарна цена остварена на берзата во годината во која се стекнати од правниот претходник (дарувачот или оставителот) или ако немало купопродажба, нивната номинална вредност.

Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.

Централниот депозитар за хартии од вредност е должен на органот за јавни приходи да му достави годишен извештај со податоци за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица во земјата, најдоцна до 15 јануари во тековната година за претходната година. Аконтацијата на данокот на доход од капитална добивка од хартии од вредност се пресметува од органот за јавни приходи врз основа на податоците од годишниот извештај од ЦДХВ, најдоцна до 15 февруари во тековната година за претходната година.
При остварени капитални добивки/загуби од продажбите со хартии од вредност на странските пазари, даночниот обврзник е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот во која е остварена добивката/загубата. Аконтација на данокот на доход остварен од продажбата на хартии од вредност на странските пазари утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот. Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година. Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај. Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во предвидениот рок, доставената пополнета годишна даночна пријава се смета за потврдена.
Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност доколку:
- обврзникот ги стекнал со емисија на хартии од вредност реализирана како иницијална јавна понуда;
- oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основа на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот);
- обврзникот ги продава хартиите од вредност кои ги стекнал по пат на денационализација;
- обврзникот ги продава долгорочните должнички хартии од вредност издадени од државата и долгорочни должнички хартии од вредност издадени од општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје.

За подетални информации за обврските кои произлегуваат за даночниот обврзник можете да се информирате од ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22).

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје
Топ топ, заклучок: УЈП се изгубени...

Уште едно прашање. Сфативме дека не се даночат капиталните добивки за акции стекнати пред 2023, но дали имаме обврска да ги пријавуваме продажбите? Ако добро ти го разбрав претходниот пост, ти веќе имаш пријавено во епдд ваква трансакција?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Топ топ, заклучок: УЈП се изгубени...

Уште едно прашање. Сфативме дека не се даночат капиталните добивки за акции стекнати пред 2023, но дали имаме обврска да ги пријавуваме продажбите? Ако добро ти го разбрав претходниот пост, ти веќе имаш пријавено во епдд ваква трансакција?
Да јас веќе поднесов пријава за јануари месец и чекам респонд. Ќе ви пренесам кога ќе ми одговорат.

По мое толкување треба да се пријават и добивките и загубите.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Во пријавите за приход од дивиденди за 2022 што се од УСА кои беа внесени со данокот платен во странство, дали некој пријави дека не добил налог за плаќање?

- Знам дека доколку се внесе пријавата на овој начин ја прифаќаат како платена, но да не постои опасност ова да го сметаат како избегнување на плаќање данок (прифаќањето како платена може да е автоматски од систем без вистинска контрола). Затоа прашувам.
Владе јас ги имам пријавувано така, и кај мене сите пријави од ноември (која се однесува за приходи од октомври) стојат со статус "за проверка". Дури и од UK стојат со ист статус "за проверка". Значи нема можност истите да се автоматски одобрувани.

Дали има измени во прифаќањето на овие пријави од САД да не го признаваат платениот данокок во САД? Како што се споделуваа информации овдека, во Скопје го прифаќаат платениот данок, додека мислам дека имаше некој член кој спомена дека во Битола, прво му ја прифатиле пријавата и му го признале платениот данокот во САД, па му ја поништиле и го задолжиле со данок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom