Најдобри инвестиции за млад човек со добри примања

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.379
Поени од реакции
3.391
Да е брат ми на формов ќе ти каже оди купи вила во Грција и рентај ја.
Ете совет од него јас немам :toe:
п.с искрена сум, он тоа е на план сега
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Како совет би ти дал да се едуцираш па да пробаш да донесеш одлука. Што е добро за тебе знаеш само ти.

Генерално земено додека човек е млад може да инвестира во поризични инвестиции, а како што старееш во т.н посигурни инвестиции.

Можеш да почнеш со инвестирање во акции, крипто и други работи. Како што старееш можеш да инвестираш во акции, злато, недвижнини.

Инвестирањето може да биде процентуално да речеме почнуваш со 80% ризични инвестиции, а 20% помалку ризични инвестиции и како што старееш го зголемуваш процентот на „сигурните“ инвестиции, а го намалуваш на „ризичните“.

Друга опција е инвестирање само во „сигурни“ инвестиции како злато и недвижнини и можеби индекс фондови.

Најдобра инвестиција е да направиш некој бизнис барем додека си млад.
 
Имам во крипто $2.5K и не ги чепкам. Сакам диверзификација да направам сега, и заинтересиран сум многу а имам малку знаење моментално за инвестирање, па затоа почнав да читам книги од таква категорија последно.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.494
Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).
Кардинална грешка.
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Вложи во берза, имаш две теми на форумот за зтрранска берза и МСЕ, или најмалку инвестирај во некој фонд. Кога ќе навлезеш повеќе во инвестирањето може да направиш диверзификација.

Инвестирај во сопствено знаење и ако имаш прилика, сопствен бизнис. Пасивен приход е секогаш интересна тема.

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Ожени се да видиш дали тие 4к евриња ќе ѝ стасаат секој месец на невеста ти, хахаха, да видиш како се фучкаат пари на сенекакви глупости за кои ти никогаш не би помислил дека би ти требале.
Инвестирај во себе. Таа инвестиција секогаш враќа профит. Купување па рентање недвижнини не е пасивна инвестиција, треба да се ангажираш да наоѓаш муштерии, да го одржуваш просторот што си го купил, локалните власти даночат такви имоти екстра оти мислат дека пари врнат врз тебе штом имаш пари да купуваш викендици. Не викам дека нема агенции кои тоа одржување ќе го водат место тебе, но меѓу плаќањето таа агенција, плаќање трошоци за одржување и плаќање даноци на властите каде ти е викендицата јас навистина се прашувам колку тебе ти останува после сѐ.
Другите форми на “пасивно“ инвестирање широко препорачувани на нет, како акции од вредност и крипто се и премногу подложни на икс-факторот: непредвидлив настан што се случува “еднаш во сто години“ а реално се случува секои 4-5 години. Владата сменила политика оти на власт дошла опозицијата- оп одма се осеќа на пазарот на хартии од вредност. Се појавила глобална болештина- оп власта да скокне да забранува сенешто и ги утепа фирмите во кои си вложил. Војна. Оп цените на производи кои ги извезува земјата што ја губи војната се вивнуваат во небеса.
Орочени пари, банките не се многу дарежливи со каматите на орочени влогови дури и ако се долгорочни. Инфлацијата ги јаде побргу одошто заработуваат камата.
Исклучок би можеле да бидат скапоцените метали и индексите на фирмите од областа на одбраната, во овие мрачни времиња. Не секоја фирма од одбраната значи и добивка.
Од на нет што слушнав мудрост во што да се вложува а што е отпорно на рецесија, најдобар совет слушнав на едно излагање на Јутуб на професорот Миодраг Зец: вложувајте во алати наместо во недвижнини. Со алатите вршите услуга чија цена се движи паралелно се инфлацијата. Недвижнината носи пари само кога не е рецесија. Рецесија кога ќе фати прво што ќе кратат луѓето се трошоци за сместување, одмор, држење дуќан.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
Чим си стигнал да заратуваш толку на 22, тешко некој на форумот дека е релевантен да ти дава совети. Али ете, коа сме веќе тука :D Секоја инвестиција носи ризик, колку и да те убедуваат дека не е така. Дури и оние најсигурните фондови како Вангард, ги глеаш на 5 години дека се топ ама друго е коа ќе ги стаиш парите.

Прва инвестиција што би ја препорачал е решавање на станбеното прашање. Ова ќе ти има непроценлива вредност. Утре може берзата да крашне, да останеш без работа и тн, ама место за живеење секогаш ќе имаш. Ако планираш некад деца, дури би идел тука и на уште еден. Е после тоа, голем дел би орочил. Помал дел би стаил на фонд како Вангард, СП500, и нешто ситно би стаил во купување индивидуални акции или крипто. Како што поише учиш за економија, овие ќе си ги поместуваш за ќар.
Ама мислам имаш време и учење за тоа, и боље да си ги зачуваш парите него да ги поебеш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
My 5 cents:
  • Бизнис кој захтева не повеќе од 2-3 саати време од твојот ден, или бизнис кој е близок до тоа што го работиш и да го водиш паралелно (пожелно да е на туѓо име за да се заштитиш од идни тужби дека си „позајмил“ идеја). Ќе те боли главата, ама ако успее може да ти вади и неколку пати повеќе од тоа што го вадиш со ИТ. Дури и постои можноста за почнување на бизниси, разработување до одреден степен, и продавање, особено во ИТ има многу глупости кои може да ги третираш како startup, и да ги шитнеш неколку пати поскапо од тоа што си инвестирал.
  • Партнерски бизниси, т.е инвестирање во локален бизнис и луѓе кои знаеш дека се компетентни (обавезо покриено се со договор за да немате плачки во иднина, и да бидеш дел од управувањето на бизнисот). Слично ти доаѓа како купување на акција (уддел), НО, имаш далеку поголема контрола во носење на стратешки одлуки со тоа што се работи за мала компанија и ќе поседуваш голем процент. Од една страна правиш добро со тоа што му овозможуваш на некој да направи нешто за кое немал доволно финансии, а од друга страна неговиот успех ќе ти донесе огромен успех и тебе (неспоредливо повеќе пари од стандардна акција). Исто може да е во ИТ, па покрај пари да посветуваш и дел од своето време, или да даваш консултантски услуги за тоа што си експерт.
  • Индекс фондови - само не е се така црно/бело и таму, и никој не гарантира дека истите ќе растат во наредни 10 години со темпото со кое растеле во минатото, или дека ако ти затребаат парите ќе биде поскап од тоа што си го купил, може да изгубиш и многу пари.
  • Акции (треба повеќе замаранција, особено ако купуваш амерички, треба да разбереш доста работи за нивната економија). Буквар што има доста корисни работи за ова: Warren Buffett Accounting Book: Reading Financial Statements for Value Investing, инаку поризично од фондовите, и исто, ставаш пари кои нема да ти требаат за ништо во наредниот период.
  • Недвижности: јас овие не ги сакам воопшто затоа што се тромави и никој не гарантира дека куќите/становите ќе растат вака до бесконечност, и таму се воведуваат нови методи на градење/материјали. Од друга страна имам подобро мислење за купување на плацови (земја) особено во индустриски зони или зони кои може да се пренаменат за индустриски потреби. Тука каде што живеам во моментов разгледувам опции за купување на земја во индустриски зони, или ако најдам некој во урбанизам да ископам инфо на каде ќе се шират градовите :D Ваквиот тип на „недвижност“ го одржува оној што ја користи (фирмата), и ти ја враќа во првобитна состојба на крај од користењето. За разлика од тоа куќа/стан се главоболка за одржување (имаш амортизација), особено пак ако ги ренташ наместени како што е во МКД (дома ме мрзи да се расправам со водоинсталатери/електричари/купување на бела техника, кујни, молерисување, а не пак да си пикнам чивија и други објекти). Добрите страни се што: немаш одржување, имаш еден кираџија кој е бизнис и најчесто го рента на долг период (мин. 2 години), минимална комуникација, секогаш цената ќе и оди нагоре затоа што е ограничена количина, плус можеш секогаш да отвориш твој бизнис од типот на: стоваришта за градежни материјали, монтажен простор и давање на storage услуги, паркинг за камиони и тн.
Без разлика во што ќе ги пикаш парите, секогаш гледај да се во повеќе различни „ќупови“ (типови на инвестиција, области и по можност држави), да ги разбираш барем основите на тоа што го купуваш/инвестираш, и секогаш гледај да имаш кеш при рака/работи кои се ликвидни за краток период со мали загуби, затоа што при прва калакурница на економијата може да изгориш (особено ако користиш висок leverage).
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.412
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
Ако најдеш некаде каде даваат леб без мотика. Пиши!

Штом спомнуваш диверзификација = scam. Мислам дека си на "добар пат"

Среќно
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
Пред се живеј го животот.
4.000 евра месечно се сериозна заработка.Шетај,ебавај,журкај се,едноставно живеј.
Не знам што бараш повеќе од оваа заработка:toe:
Трчајќи по пари,ќе пропуштиш да го живееш животот.

Реши го станбеното прашање пред се.Било каде,само во Скопје не.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.437
Поени од реакции
2.441
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
Во ова кризно време најдобра инвестиција е купиш стан на атрактивно место во големите центри,се разбира ако налеташ на добра цена,Лондон,Стокхолм,Парис,Копенхаген,Мелбурн ,Сиднеј,уса,германија....и не требит да лакомиш на киријата,после 4-8 г сигурно вредноста ке се зголемит.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.298
Поени од реакции
21.397
Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).
Како бе така немало поента провод, шетање и живеење квалитетен живот!? 22 години имаш. Зарем најубавите години од животот ќе ги поминеш пензионерски, само пред монитор!? Парите се за да проживееш убав и исполнет живот, особено додека си млад. Ти за кога ќе ги чуваш парите, за да имаш добар провод на 70 години или за во рајот? :LOL:

Не велам сите пари да ги трошиш на курви и казина, ама како што си паметен и способен да заработуваш толку, сигурен сум дека можеш и да живееш квалитетен живот, и да заработуваш многу повеќе од тоа. 4000 евра не се ништо, можеш многу повеќе.

Не ги затворај во банка сите пари. Прво обезбеди си сопствен покрив над глава, квалитетна кола, тргни си на страна средства со кои би преживеал 6-12 месеци без никакви приходи, а потоа размислувај во какви бизниси да вложиш. Најдобра инвестиција ти е во нов бизнис, со пари кои не ти се од животно прашање (ти го исполнуваш тој услов и ја имаш таа можност). Не се ограничувај само со фиксна плата, цел живот едно исто да работиш за некој друг да може своите милиони да ги проверува од некоја плажа на Бахамите.

Имаш услови, имаш знаење, размислувај што би можел да создадеш, а ќе ти носи дополнителен приход со минимален труд или пасивно. Не мора да е топла вода.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom