Како бе така немало поента провод, шетање и живеење квалитетен живот!? 22 години имаш. Зарем најубавите години од животот ќе ги поминеш пензионерски, само пред монитор!? Парите се за да проживееш убав и исполнет живот, особено додека си млад. Ти за кога ќе ги чуваш парите, за да имаш добар провод на 70 години или за во рајот?
Не велам сите пари да ги трошиш на курви и казина, ама како што си паметен и способен да заработуваш толку, сигурен сум дека можеш и да живееш квалитетен живот, и да заработуваш многу повеќе од тоа. 4000 евра не се ништо, можеш многу повеќе.
Не ги затворај во банка сите пари. Прво обезбеди си сопствен покрив над глава, квалитетна кола, тргни си на страна средства со кои би преживеал 6-12 месеци без никакви приходи, а потоа размислувај во какви бизниси да вложиш. Најдобра инвестиција ти е во нов бизнис, со пари кои не ти се од животно прашање (ти го исполнуваш тој услов и ја имаш таа можност). Не се ограничувај само со фиксна плата, цел живот едно исто да работиш за некој друг да може своите милиони да ги проверува од некоја плажа на Бахамите.
Имаш услови, имаш знаење, размислувај што би можел да создадеш, а ќе ти носи дополнителен приход со минимален труд или пасивно. Не мора да е топла вода.