Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
13 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
8
Ако на каматите од денот на нивното покачување им треба некои 12-18 месеци за да ја удрат економијата, не знам зошто би се очекувало да има раст на акциите (n) Инаку како што разбирам инфлацијата е падната поради падот на енергенсите а не поради каматите.
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Ryan Cohen зазема позиција во Нордстром JWN. Реакција на тоа е што цената на акцијата пораснува за 25% пред отварање на берзата. Единствена причина за раст е тоа што Ryan Cohen влегол во компанијата.

Немам обичај да земам негативни позиции и да се обложувам против, но во случајов влезот на Ryan Cohen не ги менува продажбите на самата компанија која и понатаму е во лоша состојба.
- Купив путови Mar17'23 15 Put. Очекувам дека за неколку дена до недела, ќе се разбудат луѓето и ќе падне цената.
- Ова не е дел од мојата инвестирачка стратегија, само можност за заработка на претеран оптимизам
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373

Заебан тип е Cohen. Може да повлече цело стадо неинформирани инвеститори со него.
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89
ЈП многу микст пораки даваше на оваа конференција, чувството е како нешто да не кажува до крај, очекува инфлацијата дека ќе паѓа, ама со добра желба и голема надеж, ќе му пишеме на Дедо Мраз. Goods inflation highly negative (which mainly pulled down inflation rate), but we expect to come back up to the long term average of 0%, housing still hanging out but there are things in the pipeline that will trickle down to lowering the inflation, however the main part which comprises 56% of the inflation metrics (services ex housing) is not moving at all, none!

Од друга страна основна теза му е дека е возможен софт лендинг, со ниска невработеност и ниско ниво на ГДП пораст. Додека во исто време, кога го прашаа од каде го гледа дека ќе дојде порастот, кажува дека локалните влади имаат кешарица, се планираат одгомни трошења и инвестиции, па дури и даночни кратења и тоа одозгора на повискоа гобална побарувачка. As if he wants to have it higher for longer....and I don't mean interest rates.

Ако добро разбирам you’re betting on a range bound trading with crushing volatility and collecting time. Што ќе рече бираш акции со голема волатилност во блиско минато, но со идеја дека ќе тргуваат во одредени лимитирани рамки во следниот период и со помала волатилност, а ја собираш премијата. Само не разбирам што ќе ти се хеџовите, чисто ставени како hard stop loss за да не треба да ги мислиш? Иначе искрено ми делува малце хазардерски, во овие угоре/удолу услови, се надевам тера ок.

Бајдвеј, гуд лак како ќе ги објасниш овие на тетките од УЈП. Како тој погоре што си го пишал, а ти сугерирал да ги ставиш деривативите во подвижен имот. Ама знаеш кај нас како е, дериват, тоа ти е нафтен дериват, го тураш у кантичка и го клацаш ваму/таму, подвижен е :pos:

@BASHKAMEN мислам дека пред некое време ти имаше пишано за СПАЈ до 435 ако не се лажам, налетав на еден графикон, наликува на тоа што го збореше, со голден крос и РСИ во пораст.
Прегледај го приврзокот 365499
435 e mnogu vazen level od poveke pricini. Edna od niv e toa deka najmnogu transakcii se napraveni okolu ovoj level i moze da se kaze deka e nekoja prosecna vrednost na godisno nivo, a druga e toa deka 430 e levelot od koj sto pocna dampot do 348 koj e najniska vrednost 2022 i dodeka ne se napravi reclaim ke bideme vo bear market.
Ako si fan na fibonaci retracement povleci na Spy od high do low 2022 i ke vidis koe brojce ke ti izleze na toj level.
Marketot vo najgolem del od slucaite se vraka na prosecna vrednost da testira demand i supply.
Mislam deka narednive meseci ke vidime nekoj range megu 435 i 400 na Spy.
Sepak marketot moze sto saka da napravi i ne mu e gajle so nie mislime, no mora da se ima nekoj kontekst na koj ke se bazira nekoja strategija i verojatnost.
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Јас пратив маил до човекот во УЈП што минатиот пат ми ја врати пресметката за УС дивиденди и ова ми одговори

Прегледај го приврзокот 365403
Чекај, чекај, чекај!

Во врска со Одговор 3, во новиот закон за данок на личен доход (http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/425), во член 12, ставка 39-а) јасно си пишува:
„Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години.“

Во врска со Одговор 2, Членовите 116 и 117 гласат:
1675444602616.png
Не знам што точно се подразбира под „Започнати постапки“ во член 117, но јас го интерпретирав дека сите хартии од вредност купени пред 1.1.2023, ќе се даночат со законот пред 1.1.2023, т.е. ќе бидат ослободени од данок. Грешам ли?

За интерпретацијата во Одговор 1 се согласувам, но тоа веќе беше дебатирано во оваа тема.

Малку е загрижувачки што самите вработени во УЈП не ни знаат како треба да се даночат овие ствари...
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89
Абе дечки ако тргуваш CFD(contract for difference) не купуваш хартии од вредност, само правиш договор со брокерот за цената.
Така да овој закон за хартии од вредност не глеам како ги опфаќа и валда се плаќа само персоналец.
И за форекс валда си останува 10% персоналец.
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Cfds se securities (hartii od vrednost) pa spored ova vazi zakonot I za niv. Najdobro bi bilo da najdeme nekoj pratenik I da go zamolime da pobara avtenticno tolkuvanje na zakonot vo sobranie zatoa sto vaka se sozdava zabuna (pred se poradi polupismeni vraboteni vo ujp).
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
848
Поени од реакции
1.252
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да го напишам ова.

Просветлете ме
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Чекај, чекај, чекај!

Во врска со Одговор 3, во новиот закон за данок на личен доход (http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/425), во член 12, ставка 39-а) јасно си пишува:
„Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години.“

Во врска со Одговор 2, Членовите 116 и 117 гласат:
Прегледај го приврзокот 365529
Не знам што точно се подразбира под „Започнати постапки“ во член 117, но јас го интерпретирав дека сите хартии од вредност купени пред 1.1.2023, ќе се даночат со законот пред 1.1.2023, т.е. ќе бидат ослободени од данок. Грешам ли?

За интерпретацијата во Одговор 1 се согласувам, но тоа веќе беше дебатирано во оваа тема.

Малку е загрижувачки што самите вработени во УЈП не ни знаат како треба да се даночат овие ствари...
Ќе пратам маил пак па ќр ве известам
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да го напишам ова.

Просветлете ме
Оди си во банка (брокер). Купи си го целиот амерички пазар преку една акција (ETF) VOO или SPY и вети си сам на себе дека од секоја плата ќе си оделуваш процент за докупување на една иста акција без разлика на шо и да се случува во светот. Во меѓувреме читни за овие две скоро идентични ,,акции'' и продолжи си со 22 години во ИТ сверата да си делкаш 4к месечно.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
848
Поени од реакции
1.252
Оди си во банка (брокер). Купи си го целиот амерички пазар преку една акција (ETF) VOO или SPY и вети си сам на себе дека од секоја плата ќе си оделуваш процент за докупување на една иста акција без разлика на шо и да се случува во светот. Во меѓувреме читни за овие две скоро идентични ,,акции'' и продолжи си со 22 години во ИТ сверата да си делкаш 4к месечно.
Можи на кратко да ми објасниш како би заработил преку овие акции ? Дали е тоа дека во подолг период самата цена на акцијата ќе се покачи, или од дивидендата која ја исплаќа самата акција ? Или од двете ? Просветли ме малку pls
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Можи на кратко да ми објасниш како би заработил преку овие акции ? Дали е тоа дека во подолг период самата цена на акцијата ќе се покачи, или од дивидендата која ја исплаќа самата акција ? Или од двете ? Просветли ме малку pls
И да пробам да ти објаснам, повеќе ќе те збунам. Ако те интересира овој луд свет (многу различен од твојот) исчитај го форумов од почеток.
Секако после книгата. М. Хоусел заслужува поеднакво внимание ;)
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да го напишам ова.

Просветлете ме
Штом немаш искуство во светот на инвестирање, најсигурен начин да почнеш е со index funds, или поспецифично, купи удели во S&P 500. Ова е инвестициски фонд кој се состои од 500-те најголеми компании во САД, со што се постигнува огромна диверзификација, и твојата добивка не зависи од перформансот на една компанија, туку зависи од целата американска економија. Во просек, S&P 500 враќа околу 9% годишно, но ова е само просек, и знае да варира драстично од година во година, пр. во 2021, вредноста на уделот се зголеми за +27%, додека во 2022 падна за -19%. Затоа, препораката е ако инвестираш во S&P 500, треба да си спремен да ги оставиш парите инвестирани со години (пример 10 години или повеќе). Ако планот ти е да инвестираш пократкорочно, пример 1 година, може да ти се погоди некоја крш година како лани, и да си лапнеш -19% загуба кога ќе ги извадиш парите.

Како да инвестираш во S&P 500?
За жал, секое инвестирање (купување и продавање акции или удели) мора да оди преку брокер. Генерално, имаш 2 опции за брокер:
- Брокер од банка (во мк ги имаш Комерцијална, НЛБ и Шпаркасе кои го нудат ова)
- Брокер апликација (во мк најдобра ти е Interactive Brokers)

Сум ги пробал и двете опции, лично ја преферирам втората (преку Interactive Brokers) заради 2 причини: апликацијата ти е достапна за купување и продавање 24/7 додека брокерот од банка само од 8:00 до 16:00, и дополнително провизиите на апликацијата се драстично помали од провизиите на банкарските брокери. Од друга страна, банкарски брокер може да ти е посигурана опција бидејќи сепак банката ти е тука во државата и си имаш некакви механизми за сигурност, додека Interactive Brokers ти е некоја си странска апликација врз која имаш помалку контрола. Но апликацијава не е од вчера, постои од 1978, така да во мое мислење и двете опции се сигурни.

Како и да е, кој брокер и да го одбереш, постапката е следната:
1. Отвори сметка кај брокерот
2. Префрли пари на таа сметка
3. Со тие пари купи удели во акцијата VOO (ова е уствари инвестицискиот фонд за S&P 500, има и други како SPY, што генерално е истата работа, јас лично го користам VOO)
4. толку. Не ги чепкај уделите неколку години, доколку имаш дополнителни пари, од време на време докупувај уште удели, и акумулирај си ја инвестицијата.

Во врска со прашањето како ќе правиш пари од овие удели, има 2 начини:
- Дивиденди, S&P 500 исплаќа околу 1.57% од вредноста на уделот секоја година како дивиденда.
- Продажба, како што кажав, вредноста на S&P 500 расте во просек 9% годишно, така да ако ги имаш уделите веќе некое време, голема е веројатноста дека вредноста ќе им биде повисока, и можеш да ги продадеш на ист начин како што ги купи преку брокерот.

Според мене, ова ти е далеку подобра опција од орочување на парите во банка за некоја мизерна 1% камата, ако ти дадат и толку...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom