Добра вечер,
Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.
Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.
Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).
На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да го напишам ова.
Просветлете ме
Штом немаш искуство во светот на инвестирање, најсигурен начин да почнеш е со index funds, или поспецифично, купи удели во
S&P 500. Ова е инвестициски фонд кој се состои од 500-те најголеми компании во САД, со што се постигнува огромна диверзификација, и твојата добивка не зависи од перформансот на една компанија, туку зависи од целата американска економија. Во просек,
S&P 500 враќа околу
9% годишно, но ова е само просек, и знае да варира драстично од година во година, пр. во 2021, вредноста на уделот се зголеми за
+27%, додека во 2022 падна за
-19%. Затоа, препораката е ако инвестираш во
S&P 500, треба да си спремен да ги оставиш парите инвестирани со години (пример 10 години или повеќе). Ако планот ти е да инвестираш пократкорочно, пример 1 година, може да ти се погоди некоја крш година како лани, и да си лапнеш
-19% загуба кога ќе ги извадиш парите.
Како да инвестираш во S&P 500?
За жал, секое инвестирање (купување и продавање акции или удели) мора да оди преку брокер. Генерално, имаш 2 опции за брокер:
- Брокер од банка (во мк ги имаш Комерцијална, НЛБ и Шпаркасе кои го нудат ова)
- Брокер апликација (во мк најдобра ти е Interactive Brokers)
Сум ги пробал и двете опции, лично ја преферирам втората (преку Interactive Brokers) заради 2 причини: апликацијата ти е достапна за купување и продавање 24/7 додека брокерот од банка само од 8:00 до 16:00, и дополнително провизиите на апликацијата се драстично помали од провизиите на банкарските брокери. Од друга страна, банкарски брокер може да ти е посигурана опција бидејќи сепак банката ти е тука во државата и си имаш некакви механизми за сигурност, додека Interactive Brokers ти е некоја си странска апликација врз која имаш помалку контрола. Но апликацијава не е од вчера, постои од 1978, така да во мое мислење и двете опции се сигурни.
Како и да е, кој брокер и да го одбереш, постапката е следната:
1. Отвори сметка кај брокерот
2. Префрли пари на таа сметка
3. Со тие пари купи удели во акцијата
VOO (ова е уствари инвестицискиот фонд за
S&P 500, има и други како
SPY, што генерално е истата работа, јас лично го користам
VOO)
4. толку. Не ги чепкај уделите неколку години, доколку имаш дополнителни пари, од време на време докупувај уште удели, и акумулирај си ја инвестицијата.
Во врска со прашањето како ќе правиш пари од овие удели, има 2 начини:
- Дивиденди,
S&P 500 исплаќа околу
1.57% од вредноста на уделот секоја година како дивиденда.
- Продажба, како што кажав, вредноста на
S&P 500 расте во просек 9% годишно, така да ако ги имаш уделите веќе некое време, голема е веројатноста дека вредноста ќе им биде повисока, и можеш да ги продадеш на ист начин како што ги купи преку брокерот.
Според мене, ова ти е далеку подобра опција од орочување на парите во банка за некоја мизерна 1% камата, ако ти дадат и толку...