Па нема што да се дискутира бе Чомбе , Манчестер првиот гол со Болтон го даде од непостоечки пенал , али тоа не значи дека незаслужено победиле , еве ти друг пример што стварно е на место , Италија против Австралија победија со непостоечки пенал , кога Гросо изглуми , кажи ми , дали некој рече дека Липи незаслужено го освои Светското Првенство и дека е лош тренер . Иначе не заборавај , тогаш Австралија го имаа Хидинк за селектор и играа супер фудбал ( Осман , Кејхил , Кјуел и ред други ) , во ниеден момент не беа надиграни од Италија и најбитното , Австралија имаа играч повеќе , Матераци беше исклучен . При резултат 1-1 во продолженијата неда ке напнеа , али ете ,на крајот од регуларните 90' се случи тоа што се случи , она што за жал е дел од оваа игра , судиска грешка.