Никој тука не пиша дека е значаен реквизит, ниту пак дека е некаков трофеј. Во неколку прилики Партизан и Звезда играле тука, дали било кошарка, ракомет, сеедно, и во неколку прилики салите биле преполни со нивни фанови, знамиња и слично, и на сите нас тука ни било жална и лоша слика. За утакмицава јасно беше напоменато дека тоа нема да се дозволи, и дека кога Вардар е домаќин салата ќе биде обоена во црвено-црно, и така и беше. Никој невин ниту бил дирнат ниту бил вознемирен. Маичката, а била, а не била, голем к*р, иако е јасно дека е производ на Гробари и ја носеле лица што се рачунаат за дел од таа група, без разлика што се македонци, можела и да биде земена и да им биде оставена, апсолутно небитно. Поентата е да им се даде до знаење дека ова не им е домашен терен и дека ако сакаат да го подржуваат нивниот омилен тим, си имаат гостински сектор за тоа, останатиот дел од салата припаѓа на Вардар.
Во среда, работен ден, во 6 часот попладне, Комити се реактивираат на ракомет со одлична бројка и издание, верглаш ти и уште неколку у празно за една ебана маичка, којашто на никој не му е поентата да ја прикажува како некојси трофеј. На полна трибина, одличен изглед, коментарите се зошто немало кореографија, лошо било навивањето, зошто се бркале македонските гробари тие се неутралци, и по некој залутан позитивен коментар за бројката. Во ред е да се критикува, ама кога за истото има основа и објективност. Убаво пиша некој, во обратна ситуација, коментарите ќе беа како во наша сала дозволуваме да се навива за друг тим.