Neznam sto podrazbiras pod demilitarizacija na Ukraina? Da gi ubijat site polnoletni mazi sposobni za sluzba ili sto?
Neznam zosto Bahmut e branet, si imaat nekoja matematika tamu nekoj, a taa moze da bidi i toa sto velis ti, sto cisto se somnevam iskreno, mozi i da bidi dobivanje na vreme za da se konsolidiraat, doopremat, da se vkluci uste nekoj itn itn itn, ili mozi ednostavno ne e tolku branet Bahmut kolku na ovie sto ne im cini taktikata. Vaka spored tebe ako padni Bahmut togas game over, ke zavrsi vojnata? Poslednata linija na otporot, last man standing, Alamo.....
Vanlok neznam kolku pati imam napisano, ne postoi vojna, nikade nikogas vo istorijata na vojuvanjeto kade vo interes na napagjacot e taa da trae sto podolgo. Nema nikakva voena, ekonomska ili bilo kakva logika vo toa. Nikakva. Nikade i nikogas.
Владе, незнам сега каква е работата во Бахмут и дали веќе конечно почнале да влагаат Русите, ама до пред 2 дена, Русите буквално не ни пробале да влезат во Бахмут, чисто само го бомбардираат. Јас незнам од каде испадна муабетот дека Русите брзале да го завземат Бахмут. Го заобиколуваат цело време, им го сечат дотурот цело време, ама дека пробале да влезат не е вистина.
Русите најверојатно пресметале каде се јаки и така ја водат војната. Удираат со артилерија, не ги ризикуваат животите на војниците непотребно се безсмислени напади. Пресметале дека поарно би им било да трае војната повеќе, а да им остане повеќе војска. Тренирањето на војниците е доста скапа операција. Како што гледаме средства имаат и повеќе одошто треба, за разлика од западот, кој почна да кубури со 155ки на пример. Додека војска не се наоѓа на улица, како што прават Украинците. На улица се наоѓа топовско месо.
Ако бараш економска логика во војните, запрашај се која беше економската логика, САД да војува 20 години во Авганистан и да им остави толкава техника, која ја изгубија за една недела. Авганистан нема ни нафта ни бутур. Која им била економската логика да војуваат во Виетнам и разни други земји кои немале никакви приодни богатства. Војната во случајов се води за превласт, за ставање точка на америчкиот империјализам. Можеби затоа не почна војната во 2014, бидејќи Русија не беше економски спремна за тоа што го прави сега, споро мелење на Украинската војска и западната техника. А кога ќе видиш веќе западот премногу вложи во Украина за да сега се повлекува, па ќе оди со уште поголем влог. Може спората војна го прави тоа, можда Русите и оставаат западната пропаганда да меле за Русите и да го залажува светот дека само што не изгубиле Русите, за да може вака полека да меле.
На крајот на краиштата, како што и сам знаеш, позади Русија стои цел слободарски свет, а највеќе оние кои го јаделе стапот од западот. Па вака-така почнувајќи од Иран, Кина и Индија, полека и застануваат позади таа Русија, за да ова што го прави може економски да го издржи. Затоа и реков, да беше пред 30 години, кога Западот беше монопол на индустријата можда ќе гледавме друга слика. А вака како што стојат работите, НАТо како главен доставувач на оружје на Украина, почнува да ја губи битката за вооружување од Русија. А за да се уопште почне да се случи тоа, беше потребна баш една војна што ќе трае. Замисли си, да завршеше војната во Март на пример, никој никогаш нема да дознаеше дека западот, вклучително со САД не можат да се носат со Русија во производство на муниција. Сите медиуми на западот викаа дека Русија ќе колабрира ако војната трае временски, а се случи токму обратното. САД и западот се во рецесија, воената индустрија на западот неможе ни приближно да ги достигне потребите за војна од ваков карактер. И така натаму. Замисли каков тоа сигнал им дава на многу држави кои се под директен јарем на САД. Еве гледај како го пречекаа Лукашенко во Зимбабве. Таков пречек немало одкако Тито беше во посета на Северна Кореја.