Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Многу поголема разлика ќе направат пешадиските возила од типот на Бредли и другите оклопњачи со 30мм топ што ќе ги добијат. Русија и Украина немаат еквиваленти од тој тип и тие сериозно ќе ја подобрат украинската позиција.
Ќе задоволат некои услови што ги немаат, можеби поголема шанса за преживување, но нема ништо да сменат суштински.
Артилеријата изгледа е главниот фактор во оваа војна, и артилеријата ќе ја добие оваа војна.

Тенковите и оклопните транспортери се добри за офанзива, меѓутоа каде теренот е таков каде напредокот е бавен, (шуми, кал, бариери), подобрите сензори (ако ги имаат) не играат голема улога.

Можеби ќе бидат психолошки фактор, повеќе луѓе да фрлат за да освојат нешто.
 
Од каде овие информации?
Вчера вечерта имаше само информации за артилерирка припрема, што сама по себе ништо не значи,. Можда имале дојава за концентрација на техника и војска, па решиле да ги подсетат дека се тука. Ама како камикази дека напаѓале …. Во војнава тоа е својствено за Украинците, а не за Русите.

Да одиш на отворено со тенкови и бмп, а артилеријата да нема зачистено претходно и од крововите да те гаѓаат ко гулаб не знам како поинаку да го наречем, освен камиказа потег.

Screenshot_20230127_142240_Chrome.jpg
 
Да одиш на отворено со тенкови и бмп, а артилеријата да нема зачистено претходно и од крововите да те гаѓаат ко гулаб не знам како поинаку да го наречем, освен камиказа потег.

Прегледај го приврзокот 364103
Од коментарите читам дека се работи за Украински возила.

А и како е направена цела компилација, ако навистина имаше толку загуби Русија и камикази напади ќе имаше Стелков досега документарец направено.
И уште нешто. Својствено за Украинската армија е да ги пушта ко пилци на јуриш. Барем си имаа документирано све тие на тик ток.
Трето овиј Роб беше и остана еден од најголемите дебилни аналитичари на твитер.

Ај барем после доставава на западно оружје ќе се знае што кој губи на терен.
 
Се работи за руски возила, немаат Украинците БМП 3, ете потврдено е од рускиот телеграм канал дека се гаѓани од крововите. Мора да се читаат двете страни за да се оформи некаква реална слика, не може да се негира се што ќе каже едната страна. Очигледно форсираат Русите, им се брза додека не стигнало западното оружје во Украина.
 
Постара снимка на Украинска механизирана единица под тенковски оган.

На почеток изгледа дека поткалибарна граната поминува низ тенкиот оклоп на М113 без да оштети нешто битно внатре. Потоа веројатно менуваат на кумулативни бидејќи следуваат експлозии на другите возила.
 
Се работи за руски возила, немаат Украинците БМП 3, ете потврдено е од рускиот телеграм канал дека се гаѓани од крововите. Мора да се читаат двете страни за да се оформи некаква реална слика, не може да се негира се што ќе каже едната страна. Очигледно форсираат Русите, им се брза додека не стигнало западното оружје во Украина.

Како тоа немаат? Имаа околу 40 заробено од Русите ? Или не се важи тоа?

Ги читам и двете страни.
 
Да одиш на отворено со тенкови и бмп, а артилеријата да нема зачистено претходно и од крововите да те гаѓаат ко гулаб не знам како поинаку да го наречем, освен камиказа потег.

Прегледај го приврзокот 364103
Немало никакви операции во Угледар вчера, не се од таму снимките. Вчера вечер почнала артилериска подготовка. Денеска искрено не сум видел што се дешава.
 
Ситуацијата јужно од градот Доњецк: Украинската армија започна контранапад и повторно го зазеде источниот дел од дачите, принудувајќи ги силите на руската армија и на ДНР да се повлечат од предградијата на Вуледар. Силното гранатирање на градот продолжува.

photo_2023-01-27_20-22-43.jpg

Ситуацијата западно од Бахмут: Руската армија и силите на ДНР ја проширија испакнината (salient, не знам подобар македонски збор искрено) западно од Клишчивка и влегоа во шумата југозападно од градот Иванивске. Покрај тоа, трупите почнаа да напредуваат северно од Клишчиивка од неодамна заземениот систем на ровови.

photo_2023-01-27_20-25-39.jpg

Ситуацијата околу Бахмут.

Без наслов.png
 
Последно уредено:
Ме изненади Угледар, тешко утврден, тешко ќе го земат.
 
Ситуацијата јужно од градот Доњецк: Украинската армија започна контранапад и повторно го зазеде источниот дел од дачите, принудувајќи ги
Ме изненади Угледар, тешко утврден, тешко ќе го земат.
Чим падна Соледар, што истотака беше тврдина, ќе падне и овој. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom