И јас имам СТ55 и се конектира на вифи без никаков проблем во рок од 5 секунди по пуштање на ТВ. За преводите се согласувам, се има десено неколку пати да ги нема (само кај дигиталните програми) ама со рестарт на ТВ се појавуваат. Има 3 УСБ портови и никогаш се нема десено да некој од нив не препознае било да е ФАТ или НТФС (за снимање од ТВ програма може само кај ФАТ формат, НТФС за се останато) Квалитетот на боите е релативен, ТВто нема опции за диминг, незнам дип блек како Самсунзите и според тоа квалитетот на боите сигурно не е на ниво на Сони/Самсунг/ЛГ али за мене е добар поготово на поживите модови на слика.
Е сега ако често се игра карти, мини и некои други плејстор игри, се дешава повремено да блокира андроидот па мора тогаш да се ресетира и тоа со вадење на кабелот од струја не само со он-оф на далинското.
Пред некоја година (7години го имам) ми прегорија неколку лед диоди мајсторот ми ги смена и за неколку часа беше готов ТВто за 800 денари, рече дека кај сите ТВа се дешава и кај скапите, прегорват кај СТ не е почесто од другите туку како ке ти се погоди среќата и ми советуваше да не го пуштам на максимум осветлението на сликата за посигурно за диодите повеке да траат (совет кој му го дава на сите кои му носат ТВ со прегорени лед диоди без оглед на моделот)
Јас го користам за Јутуб секојдневно гледање филмови било УСБ или некој стриминг програм плејстор игрици и слично по цел ден не се гаси, не сакам сега да го препорачувам овде пошто не знам на кого и колку ке му се погоди ама мене со сите овие мани и дефектот ми е Ок за цената