Искористија криминална пресметка, и направија да влијае врз односите на двете држави и народи, а со тоа и иднината на една држава која и така е на стаклени нозе.
Вие бевте тие кои цел живот викате дека ние сме биле братски народи, еден народ две држави и такви глупи небулози, а од друга страна све правите за Македонија да не влезе во ЕУ, Македонците од друга страна никогаш не рекле дека сме биле еден народ во две држави. Никогаш не ве сметале ни за малку блиски.
Затоа утре кога Србија ќе влезе во ЕУ и ќе направи све за и Македонија да ја примат, немој да се чудите зашто тука народот ќе биде наклонет кон нив, и ќе ги смета за поблсики.
Македонија и до сеа не била во ЕУ, ниту пак утре ќе биде, нас исто ни се фаќа. Од друга страна вие си го покажувате вистинското лице кое што си го имате низ цела историја, и си потврдувате дека сте далеку од Европа, иако 20 години сте таму. Немате помрднато ниту милиметар, затоа и Хрватска и Словенија кои влегоа пред 10 веќе не само што ве одминаа, туку не можете ни да ги видите веќе, државишта се во споредба за вас, ни до колена не сте им. Јасно им е на сите таму во Европа дека не заслужувате да сте таму, дека е направена грешка од која нема назад.
20 години од членувањето во Европа го искористивте само на издавање пасоши и негирање на една нација.
Македонија и понатаму ќе си остане дупка, нефункционална држава со еден куп проблеми, ниту пак преку ноќ ќе ни се решат проблемите дури и да влеземе во ЕУ, ама вие што праите и каде терате дали знаете? Да не е Република Македонија дали ќе имате причина за постоење и каде ќе ја насочите таа негативна енергија што ја ширите.