Прегледај го приврзокот 363866
Еве кул опис од AI бот за Рон на пример. Иако тој е корисник на технологија, користи телефон, компјутер, интернет, хардверски уреди кои се состојат од десетици илјади линии код, и го поминува поголемиот дел од денот на интернет, тој вели дека технологијата не му е пријател на човекот. Рон вели дека AI било штетно. Зошто? Па од одговорот погоре може да заклучиме дека Рон никогаш не бил во контакт со AI, и не знае како да го користи, уште помалку па и да го сфати. Ама он место да биде паметен, решил да си носи сопствени заклучоци, притоа да не прифати одговор кој не се совпаѓа со неговото мислење.
AI нема никогаш да го замени човекот, а ќе замени само одредени професии. Како на пример касиерка во маркет. AI ќе замени шалтерски работници. X фирма за 4 години има отпуштено повеќе од 3000 вработени, и уште 10 илјади ќе бидат до 2025, ама истата таа фирма вработи уште толку луѓе ама на поинакви позиции. Болна вистина за некои луѓе, ама човештвото се стреми кон професии кои бараат поголемо знаење и да се автоматизираат за да се фокусираме на побитни работи отколку ете Сузе да дреме на каса по 9 саати.
Сите вие во телефонот користите апликација зад кои стои некаков AI софтвер, барем они новите модерни апликации. AI е алатка која ти овозможува автоматизирање и олеснување на многу работи, ако знаеш како да ја користиш. Алатка во вистински раце е многу корисна, како и се друго во погрешни раце ќе има негативен ефект.
Во фирма за која беа потребни 10 луѓе да извршат дневни задачи сега се потребни 2ца кои работат на AI системи и автоматизација за да го намалат обемот на работа.
ChatGPT може само да помогне во олеснување и автоматизирање како што спомнав. Сето тоа што ти го пласираат ваквите ботови е веќе постоечко на интернетот, тој бот е само малку попаметен и ти го сервира целото тоа знаење на едно место. Ако мислиш дека AI те прави поглуп, тогаш не знаеш да го користиш неговиот потенцијал.
Целта на AI е да биде што поблиску до човекот, да носи рационални одлуки и го има тој човечки фактор пред се емоции. Далеку сме од таа технологија, ама не и недостижно. Сето ова претежно работи на тестирање, хранење со вистински податоци и тренирање т.е. да се надградува системот. Во светот на пример се е еден вид на патерн, и кога тој ќе се пронајде, понатаму тоа може да се авотматизира, и од тука се добива бот или на нашки кажано Рон. Рон е бот кој има патерн редовно да постира глупости без да дава валидни аргументи, ама сака да глуми паметен на секоја тема, иако е далеку од било што поврзано со AI. Креаторите на Рон не му дале machine-learning способности па да се надградува со тек на време. Ете каков бил пред 5 години и сега е таквиот, и затоа неговиот страв од нови ботови е валиден, бидејќи многу веројатно ќе биде заменет.
Прегледај го приврзокот 363870