Дрога ( Наркотични дроги )

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Секоја дрога треба да биде легална. Ама каква што е ситуацијата у МК, политичарите и функционерите ако можат и цигарите и алкохолот нелегален ќе го направат, за да можат да го продаваат на црно и да не плаќаат даноци.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Секоја дрога треба да биде легална. Ама каква што е ситуацијата у МК, политичарите и функционерите ако можат и цигарите и алкохолот нелегален ќе го направат, за да можат да го продаваат на црно и да не плаќаат даноци.
...како бе „секоја дрога треба да биде легална“ , наркотични супстанции легални? па ајде и дилерството на тие наркотични дрога ќе биде и професија, може и катедра за таква професија со добиена лиценца за работа, а студенти све наркомани упсс, извините корисници на опојни дроги кои се легализирани, нели и све тоа нормално, како родител еден и два :facepalm:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.680
попрецизен биди, антиковид вакцини, а не ,,вакцини,, и сум една од ретките што не подлегнав на ,,системот кој наредува за мојот живот без мое одобрување,, што ме иземува од лицемерие.
Како успеа да ја промашиш поентата на постот :cautious:.
Значи од една страна бараш системот да е на "стероиди", безмилосен против дрогата, а од друга страна кога тебе не ти одговара, кој го врти системот. Ти со твојата постапка за невакцинирање, си довела во опасност 10тици човечки животи, а некој што сам си прави штета или сака да ужива со полесните дроги, е тој да го бесиме. Тоа е лицемерие. Не може ти да одлучуваш што и кого системот да казнува, а кој да не е казнет. Затоа се надевам и навивам системот да биде уште помоќен и сите заслужено да наебеме. Комунизам на стероиди, па сите ко роботи да сме, само после нема офкање.

додека постои судство, судии, обвинители, извршители, додека постојат институции како полиција, граници и царина, шумска полиција, човекот значи не е на еволутивен левл за разумно и цивилизирано живеење, демократија не значи ,, ќе правам што сакам
Многу религиозна изиграваш по темиве, а овде човечките закони ги ставаш пред божјите закони. :neetaka:
Што таквото ве боли за другите како си го живеат својот живот. Уште па не значело ќе правам што сакам. Затоа бе само стапот за овој народ.

не мора да се возам низ Чаир, туку пиши зошто сите се иселуваат од таму, а и тие патишта се избегнуваат ако е толку ,,идеално,, нула свирка, затоа што веднаш од гепек ќе се извади оружје и веднаш на место, па дури и сопствен роднина, туку да застанеме на раскрсница и да направиме утрински тестови за опојни дроги куј знае што резултати ќе излезат.
Гледам, празни улиците, празни станови, школите празни, од што се иселуваат.
За тоа дека од гепек оружје вадат и пукаат, или кажи пример, или не прај холивуд филмови. А дека народ има страв, има, ама па затоа никој не свири и не замара, а по другите места ќе ја прегори свирката.

дополнително по главната улица кај Чаир јест да нема свирки од возила, се плашат од фантом Пајак возилото, тој не гледа женско, машко, полицаец, шофер, веднаш мава.
Па така треба, ако си посилен врати му, ако не, наведни главата и не галами.
Плус примериве што ги пишуваш, само потврдуваш дека системот е корумпиран, а од истиот тој систем барате ред да воведе. Па поголема веројатност има, дедо мраз пакетче да ти донесе, него ли твоево.

дрога ќе биде и професија, може и катедра за таква професија со добиена лиценца за работа, а студенти све наркомани упсс, извините корисници на опојни дроги кои се легализирани,
Па и сега имаш лесен пристап до дрога, не е до тоа дал е легална, дал не, туку дали сакаш или не сакаш. Ти не си пробала дрога зашто не е легална или затоа што не сакаш, зашто алкохол не пиеш, а е легален...

Што се мешаш во природна селекција, во смисла ако некој сака да е наркоман тури му пепел, негов избор.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Што се мешаш во природна селекција, во смисла ако некој сака да е наркоман тури му пепел, негов избор.
... така пишуваш затоа што не си имал блиска средба со наркоман кога е во криза ама во фаза на агресивност, така да изникне од темница пред тебе или да ти влезе во канцеларија ненајдено, јас немам проблем тој да биде наркоман, ама тој има проблем кога треба да набави уште, уште, дрога, а нема пари.
а некој што сам си прави штета или сака да ужива со полесните дроги, е тој да го бесиме. Тоа е лицемерие.
...зашто ми ги џвакаш зборовите, кај прочита да сум напишала „да го бесиме“? твои заклучоци ми ги наметнуваш за мое мислење, па одозгора ми закачуваш епитет на лицемерие.
Многу религиозна изиграваш по темиве, а овде човечките закони ги ставаш пред божјите закони. :neetaka:
Што таквото ве боли за другите како си го живеат својот живот. Уште па не значело ќе правам што сакам. Затоа бе само стапот за овој народ.
....сите овие луѓе кои се вон трасата на нормален тек на животот (сакаш по Божји закони, сакаш по човечки закони) ги сметам за патолошки девијации за кои треба лечење, зависност за мене исто е болест која можеби има поинаков тек, но можен и фатален, но не само за самата индивидуа ај да речеме пациентот туку и за неговите роднини, па и поширока околина што не е исто како другите болести, што ја прави зависноста не само лоша болест туку и свеопшто светско, опшествено, човечко зло.
 
Последно уредено:

Rolling Paper

Џокер Ноле
Член од
21 јануари 2023
Мислења
252
Поени од реакции
521
Дрогата може да биде многу корисна, ДО ЈАЈА што би рекле србите, али треба да знаеш како ...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Дрогата може да биде многу корисна, ДО ЈАЈА што би рекле србите, али треба да знаеш како ...
...па нормално дека „Дрога“ е корисна, тоа преставува медицински израз (збор) на дел од растението (корен, лист, семе, стебло, цвет, кора) од што се приготвуваат лековити препарати за разни болести, така да и самиот наслов на темава не е медицински точен, но ајде форум е ова, па ќе помине како сленг или народски „дрога“ што богами не е тоа, тоа.

... инаку тие преставуваат супстанции со јако и многу јако дејство врз психички и физички функции,па наркотични, психстимулирачки супстанци, опијати, халуциногени супстанци.
 

Rolling Paper

Џокер Ноле
Член од
21 јануари 2023
Мислења
252
Поени од реакции
521
...па нормално дека „Дрога“ е корисна, тоа преставува медицински израз (збор) на дел од растението (корен, лист, семе, стебло, цвет, кора) од што се приготвуваат лековити препарати за разни болести, така да и самиот наслов на темава не е медицински точен, но ајде форум е ова, па ќе помине како сленг или народски „дрога“ што богами не е тоа, тоа.

... инаку тие преставуваат супстанции со јако и многу јако дејство врз психички и физички функции,па наркотични, психстимулирачки супстанци, опијати, халуциногени супстанци.
Па затоа реков корисна е.. во мали дози, ти го отвара умот, креативноста итн итн... Сеа ти ако се цепаш секој ден, тоа е друга
работа.

Трава не рачунам за дрога.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.680
така пишуваш затоа што не си имал блиска средба со наркоман кога е во криза ама во фаза на агресивност, така да изникне од темница пред тебе или да ти влезе во канцеларија ненајдено, јас немам проблем тој да биде наркоман, ама тој има проблем кога треба да набави уште, уште, дрога, а нема пари.
Затоа почитувана Бијонс, ќе си бараш право на поседување на оружје и по некоја година природната селекција ќе си го даде резултатот. Вака по ваше, со децении се вртиме во круг и се полошо, наместо се подобро да ни е.
Во Чикаго криминалот цвета, додека во Тексас така така.

зашто ми ги џвакаш зборовите, кај прочита да сум напишала „да го бесиме“? твои заклучоци ми ги наметнуваш за мое мислење, па одозгора ми закачуваш епитет на лицемерие.
Бесење се мислеше на уништување на иднината на човекот со казнување според ретардираните сегашни закони.
По трет пат ли да ти ја објаснувам поентата на постовите, а бидејќи само делче цитираше, јасно ми е дека сфаќаш што кажувам, но не ти иде во прилог, па пак ќе кажам лицемерна си. Или ќе прифатиш системот да не ни се меша во одлуките, или сите одлуки од системот ќе ги прифатиш.

сите овие луѓе кои се вон трасата на нормален тек на животот (сакаш по Божји закони, сакаш по човечки закони) ги сметам за патолошки девијации за кои треба лечење, зависност за мене исто е болест која можеби има поинаков тек, но можен и фатален, но не само за самата индивидуа ај да речеме пациентот туку и за неговите роднини, па и поширока околина што не е исто како другите болести, што ја прави зависноста не само лоша болест туку и свеопшто светско, опшествено, човечко зло.
Па не сум 100% сигурен дека се баш вон. Имаш изјави од историчар, лингвист, дека во пронајдените записи од мртво море, се зборува за влијанието на печурката Amanita muscaria врз одредени религиски личности, но Ватикан одлучил да се заташкаат. Може за тебе е нормално да гледаш некоја грмушка како гори, а да не е изгорена, плус некои гласови да слушаш. :D

За лекување никој не се противи, ниту пак прави проблеми. Кога сме кај лекувањето, знам човек кој од хероин се спасил со користење марихуана и ене го сега си работи, има оформено семејство.
Збориме за ретардираните закони и последиците од нив. Конзумент на било каква дрога нема што полиција со него да се занимава. Која е користа и целта алфите (интервентна полиција) да соблекуваат по гаќи млади дечки, за да им најдат џоинт, со кои на никого не наштетиле, напротив се релаксирале, значи никому нема да наштетат. Иди таму бркај ги тие што летаат со 150 на саат, што пролетуваат на црвено. Пред некое време, под Кале на паркингот каде е полигонот за обука на шофери, сред бел ден, 4 џандари, дечко и девојка ги извадија од паркираната кола, нив и цела кола им ја проверуваа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Пред некое време, под Кале на паркингот каде е полигонот за обука на шофери, сред бел ден, 4 џандари, дечко и девојка ги извадија од паркираната кола, нив и цела кола им ја проверуваа.
... навлегуваш во други проблеми, па не сакам тука баш да продолжам со политика, па да ти дадам спротивни примери на нереагирање токму поради селективно и непотизам делување на истите институции што ги спомна кон други кои се познати заштитени мечки.
... изживувањето е друг проблем, исто и мене ме извадија од автомобилот барајќи ми ланци, а јас дотерана каснев на дочек на 8ми Март, па контрола на сијалици комплет, па кутија за прва помош, а требаше да возам само преку три улици, пешки ќе стигнев побрзо, ама ете од една страна оправдано дека со право вршат контрола, иако дента пукнало сонце, јас носев ланци во багажникот по пропис, ама прашање зошто не го сопира тој што возеше со 100/ч покрај него, а ме допре мене, закон има, ама совест нема тој што го спроведува, ниту тој што треба да го казни за селективно, двоен аршин, работење!
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.068
Поени од реакции
9.475
Имаш изјави од историчар, лингвист, дека во пронајдените записи од мртво море, се зборува за влијанието на печурката Amanita muscaria врз одредени религиски личности, но Ватикан одлучил да се заташкаат.
Многу штрумфови гледаш...иначе тоа кардиналите биле култ на таа печурка ако добро се сеќавам, така слушнав еднаш. :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.680
изживувањето е друг проблем, исто и мене ме извадија од автомобилот барајќи ми ланци, а јас дотерана каснев на дочек на 8ми Март,
Епа тебе од други причини те извадиле од кола, не мешај баби и жаби :D, плус не те казниле.
Остај дрогата, оди таму спремај се за веганско мени и инсекти за јадење.

Многу штрумфови гледаш...иначе тоа кардиналите биле култ на таа печурка ако добро се сеќавам, така слушнав еднаш. :D
Одамна не сум ги гледал, ама овој сум го гледал
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.293
Многу штрумфови гледаш...иначе тоа кардиналите биле култ на таа печурка ако добро се сеќавам, така слушнав еднаш. :D
Типично за него. Слушнал нешто неспорно интересно ама само прочитал површно без да ја разбере суштината и сега баш тоа го вметнува во целосно погрешен контекст - пази - чисто за да си одбрани некој ретардиран став како легализација на тешки дроги. Мислам еј, од псилоцибин до проповедање на легализација на хероин, фентанил, крак, метфетамини и такви срања. :facepalm:

Да го прашаш кој од тие мистици на времето „предозирал“ и станал зависен од псилоцибин, ќе почне да врти на трет муабет.
Автоматски споено мислење:

Инаку многу интересна работа е, и конечно почнуваат да го легализираат за медицински намени. Еве нешто последно што читав: https://www.zerohedge.com/political/quebec-approves-magic-mushrooms-under-public-health-coverage




 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
плус не те казниле
...па немаа на што, а можат и да измислат финти кој ги знае сите прописи, како на пример ,,по ново морало да се има бакарна жица најмалку метро, демек ако има невреме некаде на пат, да ја спуштиш до земја демек уземјување од гром,, :icon_lol:

...инаку, за центрите во МКД каде се лечат од зависност неден новинар, портал веќе не пишува, да ги посетат да видат како што, ал има доктори и лекарства, дали се просторно обезбедени, важно министерството доби новоименувани 17 советници за измислени позиции.:(
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Amanita muscaria nema nisto zaednicko so psilocibinot, i e prilicno opasna pecurka za konzumacija, a i ne e tolku komercijalna, poveke e koristena za verski obredi, verojatno seuste ja koristat samani, wicca i slicni paganski kultovi. Isto i daturata, ili za naseto podnebje bunikata e odamna koristena, ama toa se raboti so koi nema igranje. Ne se poznati pozitivni efekti za covekot od ovie mokni i sveti bilki kako sto e slucaj so psilocibinot koj e prilicno siroko klinicki izucuvan.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
888
Поени од реакции
441
Од печурки кои имаат позитивно влијание на мозокот lion's mane вреди да се проба.

А што не пробате нешто со музика за смирување,ASMR,звук од природа,звук од поток, техники за дишење етерични масла и слично?

ПС. Па дури и хомеопатија
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom