Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Каква врска има мара со хероин бе другар?
Инаку признавам, крив сум за точката од „обвинението“ дека никад во живот не сум се макар и распрашал колку иде паковка хорс, и колку пати можеш да се упукаш со количината внатре. Јбг, никој не е совршен. :unsure:



Стварно безвезе е кога некој ти дава анализи, и тон примери и видеа... Безобразлук со посочување реалноста, банално немање осет да не се расипуваат фантазиите на нежните снегулки. :(
Совршен си за политичар.
Така заебано знаеш да ја извртиш дискусијата,страшна работа.:D

Не е проблемот толку во видеата и анализите,проблемот е што ти не си компетентен да зборуваш на ваква тема.Секој може тука да постира што сака,ама ако нема лично познавање се е џабе.
Јас ти дадов добри примери во пракса,ти воопшто не обрна внимание и пак почна да си тераш по свое.

Не само за хероинот,ти не знаеш практично ништо на оваа тема.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Не е проблемот толку во видеата и анализите,проблемот е што ти не си компетентен да зборуваш на ваква тема.Секој може тука да постира што сака,ама ако нема лично познавање се е џабе.
...
Не само за хероинот,ти не знаеш практично ништо на оваа тема.
Значи ако не се пукам во вена, или ако не сум дилер, тогаш не сум „компетентен“? Ти на кој начин си компентентен, на првиот или на вториот? :unsure:
Автоматски споено мислење:

Каква е таа глупост „медицинска употреба“? Не бре сине, за уживање... создава зависност, да! Способен си да не станеш зависник? Не! Е па не постои закон да те спаси од тебе самиот... ќе страдаш и умреш. Толку е едноставно, само премногу ги романтизирате нешатата, како општеството ќе страда, па семејството...
За се има лек и никој не мора да страда заради другиот.
Хаха, нема таков јунак што се пукал во вена со хорс, и бил „способен да не стане зависник“.
Прашај го колега ти Допамин, ако разбира да ти каже што се дешава со допаминот кога некој ќе консумира такви опијати. Потоа ти со стандарните секојдневни механизми нема шанси да регулираш допамин (и цел куп други работи). Нормални секојдневни активности ни било што друго, нема да те направи функционален. Без пукање во вена не можеш да функционираш. Дури и да те затворат некаде да ја поминеш кризата, долго време еден куп работи ти остануваат со сјебана регулација. А никогаш не поминува желбата и мечтаењето за тој „хај“. Тоа повеќето ги прави неспособни да одолеат и во следна прилика пак се враќаат на зависноста. Можеби @Dopamine ќе може да ти објасни повеќе, ако никот не му е само за украс.

Во секој случај, затоа е многу злобно од тебе кога ќе кажеш: „За се има лек и никој не мора да страда заради другиот.“
Злобата е во тоа да поддржуваш „слободи“ за паѓање во такви смртоносни стапици, и самото оставање да се деси зависноста и потоа да се „лечи“ тоа што не може да се излечи.



Те боли тебе фалусот за некое семејство што страда во моментов од некој зависник на супстанции, а не си слушнал на вестите? Не бре сине, ти си на форумов, топло дома, си уживаш и тоа е тоа...

Треба да се дозволи на оние кои немаат самоконтрола да исчезнат, не да имаме сите забрани... ќе страдало општетсвото. Еми ете имаме забрани за опојни дроги, ете имаме видеа од купишта зависници како зомби што ти ги постираше...
Не се строги законите, да ги стреламе тие? :)
Не да ги стреламе зависниците. Дилерите се тие кои треба да се стрелаат. Убаво кажав, кинески закони му се мајката за овој проблем. Драконски казни, меѓу кои и смртна казна за трговци/дилери со тешки дроги.

Мене лично дали ме болел фалусот? Дали убаво ми било дома?
Па зошто да не ми биде убаво бе Хепта? Сум работел денес, сум обезбедил егзистенција. На никој лошо не сум направил. На пријатели и познати сум им направил услуги (не дека и мене другпат нема ми се врати со услуга кога ќе ми треба). Еве сега ќе седнам со блиски да замезам пар чашки ракија што сам сум ја направил и туршија сам што сум ја ферментирал. Со ручекот потоа, малку вино што сам сум го направил... Нормално функционирање и битисување. Сакам да кажам, не ми требаат тешки дроги за да си го регулирам допаминот (ниту па квазирелигиозни секташки забегувања за да им ги симнам инхибициите на тие со кои сакам да општам). :unsure:



Не знаеш кај тераш ти, само зборуваш по форумов... опојните дроги мора да се легализираат... инаку ништо не правиме.
Некој што не пробал прво на себе, не може да им препорача на другите дека тешките дроги не се штетни... Но ако веќе си запнал кој сум јас да ти забранам, само стави ја раката вената таму каде што ти се мислењето и ставот. Истото важи и за другите што промовирате легализација на тешки дроги. Пробајте па кажете дека тоа е здрава и нештетна работа... Или некои од вас веќе сте корисници? :unsure:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Треба да се дозволат дрогите. :)
Не знам зошто се иритираш што се бара тоа и што ќе се одобри сето тоа... тука на форумов, бесцелно зборуваме, на друго место се води војната.

Сега се забранети дрогите и ете имаш дилери, имаш зависници, имаш полиција која е дел од сето тоа, луѓе кои немајќи пари а се навлекле на кој знае што дроги, се губат низ животот, па земаат сешто за да ги отцепи од реалноста, крадат, убиваат... видовме видеа!
Тоа не е бидејќи се легализирани дрогите - туку не се легализирани, луѓето ништо не знаат за сето тоа...

Да пробаме со легализирање, што велиш? Можеби ќе исчезнат дилерите, а ќе има ефтини и проверени супстанци :)

Се создава зависност кај човекот всушност... човекот е една зависност сама по себе...
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
608
Поени од реакции
448
Што се тиче „Португалија, Холандија, Чешка и други држави“, користење на што точно е декримализирано таму? Тешки дроги? Хероин, крак, метафетамини, фентанил, кокаин? Нешто друго? Ајде наведи точно што, за да знаеме за кои дроги дискутираме.
Ете Португалија конкретно. Португалија ги декриминализира сите дроги, нивно користење и поседување за лично користење, откако во 90-тите имаја огромен проблем со опоиди. Откако во 2000-та го сторија тоа, бројката на корисници на тешки дроги се намали петкратно. И очигледно кај нас тоа што се нелегални не спречиле никого. Кој сакал пробал, кој не никогаш нема ни да проба. Само трупаме повеќе криминал од ситни кражби до убиства.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
Треба да се дозволат дрогите. :)
Не знам зошто се иритираш што се бара тоа и што ќе се одобри сето тоа... тука на форумов, бесцелно зборуваме, на друго место се води војната.

Сега се забранети дрогите и ете имаш дилери, имаш зависници, имаш полиција која е дел од сето тоа, луѓе кои немајќи пари а се навлекле на кој знае што дроги, се губат низ животот, па земаат сешто за да ги отцепи од реалноста, крадат, убиваат... видовме видеа!
Тоа не е бидејќи се легализирани дрогите - туку не се легализирани, луѓето ништо не знаат за сето тоа...

Да пробаме со легализирање, што велиш? Можеби ќе исчезнат дилерите, а ќе има ефтини и проверени супстанци :)

Се создава зависност кај човекот всушност... човекот е една зависност сама по себе...
...интересно размислување, ај да го легализираме и оружјето, да може секој во секое време да купи што сака, па дури и зоља, па тогаш може поради стравот од двобој на улица или можеби од помислата дека се може да се убие било кога, зошто нели и убиствата ќе бидат нормална појава ,,шид хепнс,,, нема да се случуваат убиства.
П.С.
...и дилерите не се криви, па да исчезнат едноставно тоа им е работа ,,да продадат,,, треба да исчезне тој бизнисменот, политичарот кој го држи тој бизнис, по н_ти пат се почнува на решавање на проблемот од позади, од ситните, колку е лесно да се среди тоа кога се знае кој е кривецот, а не тука не само што го имаат бизнисот туку тераат легализација преку наивни луѓе кои се надеваат на некое парче од тортата како лиценца за произвидство на тој шит кој поради зависноста му е обезбеден пазарот а со тоа и побајаги сума на пари.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Ете Португалија конкретно. Португалија ги декриминализира сите дроги, нивно користење и поседување за лично користење, откако во 90-тите имаја огромен проблем со опоиди. Откако во 2000-та го сторија тоа, бројката на корисници на тешки дроги се намали петкратно. И очигледно кај нас тоа што се нелегални не спречиле никого. Кој сакал пробал, кој не никогаш нема ни да проба. Само трупаме повеќе криминал од ситни кражби до убиства.
Не сум запознаен со приликите во Португалија, но пратам како Кина се справува со проблемот со дрогата. Сакаш ли да ги споредеме резултатите да видиме кој пристап е поефикасен?

Ете ти дај статистики за Португалија, јас ќе најдам за Кина.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
Ете Португалија конкретно. Португалија ги декриминализира сите дроги, нивно користење и поседување за лично користење, откако во 90-тите имаја огромен проблем со опоиди. Откако во 2000-та го сторија тоа, бројката на корисници на тешки дроги се намали петкратно. И очигледно кај нас тоа што се нелегални не спречиле никого. Кој сакал пробал, кој не никогаш нема ни да проба. Само трупаме повеќе криминал од ситни кражби до убиства.
...што се однесува до Португалија, корисниците на дроги се упатуваале до Комисиите за одвраќање на зависности од дроги (ЦДТ), составени од социјални работници, обвинители и психијатри, во кои се предлагале едноставни медицински интервенции, лекување, парични казни или никаква интервенција, во зависност од случајот, а не така слободна консумација и никому ништо.

... така да Португалија не ја легализирала дрогата, таа била декриминализирана, со што поседувањето станало административен прекршок, поврзан со силна политика за интервенција и третман, додека продажбата останала криминализирана.

... извештајот објавен од Институтот Като, позната институција за легализација, покажала да стапките на употреба не се зголемиле по декриминализацијата, но од друга страна, Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA) како авторитет за статистиката на дрога во Европа, составила податоци кои покажувале дека, за општата популација на Португалија, на возраст меѓу 15 и 64 години, таму било зголемена стапката на преваленца во текот на животот за употреба на марихуана, кокаин, амфетамини, екстази и ЛСД помеѓу 2001 и 2011 година.

... истражување на проектот за истражување на европските училишта за алкохол и други дроги (ESPAD) на 15/16 год.тинајџери покажувале глобално зголемување на распространетоста на марихуаната од 1999 до 2011 година, иако имало првичен пад во стапките на употреба.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
да може секој во секое време да купи што сака, па дури и зоља, па тогаш може поради стравот од двобој на улица или можеби од помислата дека се може да се убие било кога, зошто нели и убиствата ќе бидат нормална појава ,,шид хепнс,,, нема да се случуваат убиства.
Чикаго колку убиства има, а колку Мичиген, Тексас, Флорида итн итн. Кој знае па зашто сеуште има луѓе во државите каде е дозволено на јавно место да се шеташ со оружје. Колку повеќе закони, толку потрул системот за живеење. Од една страна верглате слобода, демократија, од друга страна барате се повеќе закони и построги да се во нивното спроведување, а плачете од нивното досегашно спроведување и резултатите. :brlav:
Филипини дозволија секој што сметаат дека е дилер, граѓаните може да го убијат без правни последици, па пак има дрога.

За коронава се буневме што носат такви препораки, закони и строго ги спроведуваат, додека други бараа уште построг однос од власта. Ти се противеше против "вакцините", значи си лицемерна, или целосно ќе прифатите системот да ви кажува како да живеете, или секој ќе си ја сноси одговорноста за своите лични постапки.
Сакате да се онадите, ама да не ви влезе :neetaka:.

Наместо да се мешате во туѓите животи, да живеете во страв дека ќе потфрлите како родител, притоа вината да ја префрлите на петко и трајко, засукајте ракавите и бидете поодговорни за својот живот и најблиските.
Тинејџер 17годишен потрошил ц.ц 10.000 еур на апаратине, таткото сега ги колне, сите локали да изгореле, мајката го обвинува друштвото, синчето не било такво, никаква казна не доби синот, дополнително секоја глупа желба му ја исполнуваат, најнов ајфон, случајно да не се наљутел, па пак да иде да се коцка. :tapp:
На скијање излегов од обележената стаза, се испокршив, нормално на почеток не си реков ама сум глуп, туку пцуев зашто кај делот што паднав немало некое означување. :tapp:


Бијонс, иди повози во Чаир по главната улица, изброј колку пати ќе слушнеш некој да свири или па да се караат шофери... Нула ќе ти е бројката, иако таму нели живеат луѓе што не почитуваат закони, со понизок степен на свест. :toe:
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.483
Поени од реакции
4.317
Чикаго колку убиства има, а колку Мичиген, Тексас, Флорида итн итн. Кој знае па зашто сеуште има луѓе во државите каде е дозволено на јавно место да се шеташ со оружје. Колку повеќе закони, толку потрул системот за живеење. Од една страна верглате слобода, демократија, од друга страна барате се повеќе закони и построги да се во нивното спроведување, а плачете од нивното досегашно спроведување и резултатите.
Едно е оружје. Или имаш малиозна намера или си неодговорен или не.
За дрога треба да си неодговорен.
За филипините, дрога ќе има. Бизнисот е лукративен. Али барем така дилерите нема да се шетаат како привилегирани граѓањи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
...што се однесува до Португалија, корисниците на дроги се упатуваале до Комисиите за одвраќање на зависности од дроги (ЦДТ), составени од социјални работници, обвинители и психијатри, во кои се предлагале едноставни медицински интервенции, лекување, парични казни или никаква интервенција, во зависност од случајот, а не така слободна консумација и никому ништо.
... така да Португалија не ја легализирала дрогата, таа била декриминализирана, со што поседувањето станало административен прекршок, поврзан со силна политика за интервенција и третман, додека продажбата останала криминализирана.
... извештајот објавен од Институтот Като, позната институција за легализација, покажала да стапките на употреба не се зголемиле по декриминализацијата, но од друга страна, Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA) како авторитет за статистиката на дрога во Европа, составила податоци кои покажувале дека, за општата популација на Португалија, на возраст меѓу 15 и 64 години, таму било зголемена стапката на преваленца во текот на животот за употреба на марихуана, кокаин, амфетамини, екстази и ЛСД помеѓу 2001 и 2011 година.
Немој толку агресивно и полека малку со тоа статистиката и ФАКТИТЕ, пошто дечкиве се малку нервозни. :unsure:


Филипини дозволија секој што сметаат дека е дилер, граѓаните може да го убијат без правни последици, па пак има дрога.
Настрана корумпирани и банана држави, дали во Кина имаат голем проблем со дрога?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.192
И кај нас поседувањето дрога за сопствена употреба е декриминализирано. За одредена количина која е за сопствена употреба не се одговара. Забрането е производството и продажбата. Во Европа скоро секаде е така, не само во Португалија...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.476
Основна разбирачка нема со тебе.Грам познавање немаш во овие работи и само не трупаш со еден тон видеа,анализи и разни глупости.

И тоа е проблем со многу други луѓе.Еден џоинт немаат испушено во животот,а најголеми гласноговорници се против дрогата.

Еве да те прашам нешто:Колку чини една паковка хероин во моментов во Македонија и колкава количина содржи?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
Ти се противеше против "вакцините", значи си лицемерна, или целосно ќе прифатите системот да ви кажува како да живеете, или секој ќе си ја сноси одговорноста за своите лични постапки.
...попрецизен биди, антиковид вакцини, а не ,,вакцини,, и сум една од ретките што не подлегнав на ,,системот кој наредува за мојот живот без мое одобрување,, што ме иземува од лицемерие.
Чикаго колку убиства има, а колку Мичиген, Тексас, Флорида итн итн. Кој знае па зашто сеуште има луѓе во државите каде е дозволено на јавно место да се шеташ со оружје.
...додека постои судство, судии, обвинители, извршители, додека постојат институции како полиција, граници и царина, шумска полиција, човекот значи не е на еволутивен левл за разумно и цивилизирано живеење, демократија не значи ,, ќе правам што сакам,, ,
Бијонс, иди повози во Чаир по главната улица, изброј колку пати ќе слушнеш некој да свири или па да се караат шофери... Нула ќе ти е бројката, иако таму нели живеат луѓе што не почитуваат закони, со понизок степен на свест. :toe:
...не мора да се возам низ Чаир, туку пиши зошто сите се иселуваат од таму, а и тие патишта се избегнуваат ако е толку ,,идеално,, нула свирка, затоа што веднаш од гепек ќе се извади оружје и веднаш на место, па дури и сопствен роднина, туку да застанеме на раскрсница и да направиме утрински тестови за опојни дроги куј знае што резултати ќе излезат.

pajak-3.png

... а Да, дополнително по главната улица кај Чаир јест да нема свирки од возила, се плашат од фантом Пајак возилото, тој не гледа женско, машко, полицаец, шофер, веднаш мава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom