После вчерашниот ветувачки PPI или извештај за промена на цени на големо и поткрепата дека пикот на инфлацијата е веќе одамна зад нас, не поминаа ни пар саати пред истиот да го пуштат низ вода со Retail sales репорт кој не само шо укажува на тренд на мега контракција во месец кога требаше да има шопинг сприи насекаде туку дава дознање дека падот на CPI и PPI индексот е од друга непосакувана природа, односно атрофирана економија и намален диманд заради превисоки цени.
Отпуштањата на Мајкрософт и останатите џинови само ми ги верификуваат earnings deterioration очекувањата шо ги најавував цела година и мислам дека финалниот чин е веќе започнат. Следува мега надолен тренд или Капитулација дел од трет бран кој ќе биде влошување на ова горенапишаново. Фед е во незавидна ситуација пошо секој блинк и стимулирање на економијата ќе го урнат доларот уше подолу а со тоа ќе ја воскреснат инфлацијата, меѓутоа сеа стагфлирачки во урната економија. Ако мислите дека во овие услови ФЕД ќе релаксира, think again.
Да повторам за да бидам појасен. Големиот краш (
The Great Inflation 2022-2023) е неминовно веќе започнат. Колку ќе трае и колкави ќе бидат последиците, не знам. Историски бил во 4-5-6 бранови кој после третиоt би тренало да бидат се помали и помали.
Зошо текстов го пишувам на погрешен форум коа тука ние се занимаваме со мсе...
Добронамерна сугестија до сите играчи тука е да размислат за затворање на позициите на мсе пред поделбата на дивиденди или евентуално пред полугодие или било какво драстично влошување на економијата во УСА како би се избегнал потенцијален домино ефект како во 2008ма година и репрезентативен пад на КМБ од 8000 денари на 1700то
. Доколку УСА влезе во рецесија нема ни 24 саати да поминат Европа ќе влезе во дабетер депресија заедно со мсе, ко на копче.
Советот е добронамерен и се однесува до сите вклучувајќи ме и мене шо имам позиции подолго време и шо бар за мсе бев секогаш пермабул.