Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Poslednive dva dena ima mnogu cuden price/action, na sekoj pivot point imase push up bid, a pressure release se slucuvase izmegju nivoa. I seto toa na low volume, definitivno ne bese FOMO, tuku konstanten steady bid, butka konzistentno malku po malku. Nesto se krcka definitivno, ovie dva dena just feels strange.

Se mislam ako CPI bide lower than expected, ke ima short squeeze na pogon, posto vekje go dignaa nivoto so poslednive dva dena. Either way, mi deluva kako da se nameraceni za nagore, barem zasega. Vaka kako sto stoi go merkaat 405, ne bi me iznenadilo da go doprat denovive vo pre-market i posle da ima rug pull. Anyway, uste ne bi menjal teza deka tolku bese od meckata.

Iako, iskreno, nekako on the back of my mind se prasuvam dali mozebi planot/pristapot na FED e persistent, continuous, (not high, but) elevated inflation rate, without letting anyone know i taka da go izedat dolgot, sto znaci inverted yield curve malce podolgo od ocekuvano. Glavnoto prasanje godinava ke bide -- not level, but the duration of higher interest rates.
Шо не го пукна на англиски целово текстче. Наши сме си, се разбираме :)
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89

Ако почне да тргува над 400 следна станица 435 кое воедно е годишен поинт оф контрол и голден покет а како шо глеам RSI на неделно ниво пробива 50 шо значи има моментум за нагоре при што рачунај и колку рект ке има на шортови и трап на лонгови. 400 многу битно моментално. Ако има одбивање и се загуби 2023 отварање тогаш 320 има голема веројатност.

:anco:
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
88
Поени од реакции
172

Moze da e taka, ne velam ne -- as Ella was singing in Anything Goes

Any shock they should try to stem,
'Stead of landing on Plymouth Rock,
Plymouth Rock would land on them.

Sto ke rece, se’ e mozno!

Pisav nekade prethodno, meckata ima edna cel, a toa e da gi ispegla site toptan, longs & shorts. Uste poloso, ova e inflatorna mecka. Zatoa gledam da ne se vrzuvam za odreden bias dolgorocno, sekoj den e novo info. Koga konjite ritaat, kako i sekoe pametno magare, si stojam na strana. Vo momentalnite uslovi bukvalno covek treba kako na jajca da gazi.

Inace, cuvstvoto mi e kako da sme vo period na tipping point of make or break. Od price/action mi deluva deka se nameraceni da krevaat do 405. Denes mislam deka ke imame edno doji na malku ponisko nivo, ama sepak ke zatvori nad 397 za pozitivna nedela. Slednata nedela ke krevaat do 405, nedelata posle da ima obdivanje i nazad do 397 i poslednata nedela od januari koga e FOMC ke bide pozitivna, ama onaka blah, nema da stigne do 400. Potoa ocekuvam nova noga nadolu. Dali ke bide taka, nemam poim, ke vidime, ovoj pazar e den kako godina.

Ako odi do 410, togas sakam da go vidam da testira 395-397 uste ednas i da izdrzi. Togas vekje I would think about thinking about leaning towards being a bull :)

Iako, ne gledam kako moze da pocne nov bull, bez prethodna kapitulacija, a takva nemavme do sega.
 
Последно уредено:
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Вистина е дека никој не може да ја превиди иднината и последниве движења се нелогични, ако ги гледаме од наша перспектива. Од друга перспектива можеби се сосема логични. На крајот ако е вистина дека преку 95% од тргувањата се одвивале преку алгоритми.....добар дел од случувањата и посебно овие нелогични растови, може да станат и појасни.

Мене ми личи дека наредниве 1-2 години S&P е заклучен на 3600-4100, можеби ќе има периоди на поголем раст, но генерално мислам дека тука ќе биде. Од друга страна страна, инфлацијата нема да застане. И јас сметам дека наредните години инфлацијата ќе биде во рангот на 4-4,5%. Така за наредните 1-2-3 години реaлната вредност да падне за некои 30% или да биде можеби и под 60% од all time hight. Сега некој може ќе каже дека тоа е невозможно, дека историски за макс 2 години се враќал пазарот и тнт. но ако го гледаме Никеи му требаше околу 20години да се врати на вредностите од раните 90ти.

Се на се, моментално ситуацијата делува на експериментот со жабата. Ако се стави во врела вода ќе избега...ако се стави во ладна вода и се загрева...ќе биде сварена без да се сети.

Мене ми треба раст за евентуално да се ослободам од MPW на која имам добра дивиденда од 9%, но по сите даноци, 30% САД и 10% МК (најверојатно, сеуште чекам конечен одговор дали ќе ми биде признат данокот во САД, како што беше пишувано овдека) нето заработката ми е испод 6% што ми е некоја минимално прифатлива граница.

Во исто време ми треба и паника и пад, за пазарење на дисконт кај mining и renewable energy.

Во иднина бидејќи повеќе фокусот ми е на дивиденди и раст на дивиденди, некако повеќе преферирам на УК, Каналски Острови (Џерси и Гернсли) и Сингапур, каде нема witholding tax, заради поедноставна процедура.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
но по сите даноци, 30% САД и 10% МК (најверојатно, сеуште чекам конечен одговор дали ќе ми биде признат данокот во САД, како што беше пишувано овдека)
Исто. Прво кој пријавував ги пишев платените 30% во САД. Но системот не ми ги прифаќаше пресметките. После по меил ги прашав и ми укажаа дека мора без платен данок да пишам оти тоа што ми одбиле 30% не ми е признато. И така за секоја дивиденда ми прават ново фолио на уште 10%.
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
88
Поени од реакции
172
Мене ми личи дека наредниве 1-2 години S&P е заклучен на 3600-4100, можеби ќе има периоди на поголем раст, но генерално мислам дека тука ќе биде. Од друга страна страна, инфлацијата нема да застане. И јас сметам дека наредните години инфлацијата ќе биде во рангот на 4-4,5%. Така за наредните 1-2-3 години реaлната вредност да падне за некои 30% или да биде можеби и под 60% од all time hight. Сега некој може ќе каже дека тоа е невозможно, дека историски за макс 2 години се враќал пазарот и тнт. но ако го гледаме Никеи му требаше околу 20години да се врати на вредностите од раните 90ти.
Тешко дека некој знае што ќе биде следниве 6 месеци, а камоли следните 2-5-10 години. Инфлаторна мечка не е заебанција, еве еден линк, чисто да видите со последната таква како тргувал индексот. Едно нешто што е сигурно е дека волатилноста ќе се зголемува се' повеќе и повеќе.

https://www.tradingview.com/chart/SPX/My0v9bXB-Market-crashes-in-60s-and-70s/

П.С. Пробија денес 200SMA, they are moving too fast.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Шо ми се случи утрово.

Неодамна направив втор личен подакаунт на IBKR со идеа да ги издвојам лонг терм инвестициите заедно со covered calls и cash secured puts на еден акаунт и се останато шо тргувам краткорочно шпекулативно како Short selling, Verticals, Ratio, Diagonal spreads, Iron Condor, Straddle, Short Strangle и ,,naked'' опции со недефиниран ризик на друг засебен акаунт. Го направив ова од причина шо со некој иден инцидентен margin call би си го довел во прашање long term портфолиото , шо не би сакал да ми се случи.

Уше во првата недела со новиот акаунт прекршив правило на регулаторот FINRA и ми го суспендираат акаунтот на 90 дена. Прекршив правило ,,Pattern Day Trader (PDT) кое вика доколку немаш тековно 25.000$ на margin account Net liquidation assets (или ти паднале под тоа ниво) не си eligible да бидеш дејтрејдер и во спротивно сум имал право да отворам и затворам само три (3) day trading-га во ролинг 5 работни денови. Шо е премалку. Пошо во првиот (основниот) акаунт имам средства над бенџмаркот никогаш немав проблем да правам и по 10,20,30 отварања и затворања на исти позициите на дневна основа.
Така да, добив ,,margin call'' со укор да доставам пари над границата од 25.000$ или да поднесам Барање за ресет на Pattern Day Trader као Барање ради неинформираност кое може само еднаш да се поднесе во 180 дена и да чекаш одговор.

IBKR за разлика од други брокери дозволува во ваков екстремент случај да ги затворите сите позиции (посебно short legs) и да се соочите со суспензијата на начин како вие сакате. Јас избрав да поднесам барање, да ги затворам позициите во понеделник и да си ги трансферирам парите кон иницијалниот ,,long term акаунт'' како до сега.

Наравоучени до сите со margin account:
Ако купите и продадете иста акција, опција или фјучерс во еден ист ден, повеќе од три пати во последните пет (5) работни дена или пак го сторите истото со повеќе од три акции (опции) во еден ист ден или последователно во пет работни дена, ќе јадете бан уше истата вечер.

Последно уредено:
Член од
13 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
8
Од следниот CPI извештај за инфлација за јануари 2023 кој се објавува на 14 февруари, и за сите останати извештаи натаму, ќе се менува концептот на пресметка на инфлацијата. Бидејќи јас не се разбирам, дали може некој да истолкува што би значело ова, односно дали би излегувала поголема или помала вредност?
Повелете некои линкови:
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Наравоучени до сите со margin account:
Ако купите и продадете иста акција, опција или фјучерс во еден ист ден, повеќе од три пати во последните пет (5) работни дена или пак го сторите истото со повеќе од три акции (опции) во еден ист ден или последователно во пет работни дена, ќе јадете бан уше истата вечер.

Фала на информацијата. Немам обичај да дејтрејдам, ама ми се има случено неколку пати во истиот ден да ја продадам акцијата што сум ја купил на отварање или пред отварање. Не знаев дека има такво ограничување.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Од следниот CPI извештај за инфлација за јануари 2023 кој се објавува на 14 февруари, и за сите останати извештаи натаму, ќе се менува концептот на пресметка на инфлацијата. Бидејќи јас не се разбирам, дали може некој да истолкува што би значело ова, односно дали би излегувала поголема или помала вредност?
Мислам дека ова значи најава за промена на производите и нивното учество во вкупниот индекс се во потрошувачка кошница. Колку што се сеќавам, и пред неколку години, имаше ваква ситуација и критиките беа дека води кон прикажување на помала и нереална инфлација.

Замисли ситуација кога консумираш 1кг месо и 1кг соја. 1кг месо е 10 евра а 1кг соја е 5 евра. Значи вкупно си потрошил 15 евра. Е сега месото оскапува 100% и 1кг месо е 20 евра. Сојата оскапува 50% и 1 кг соја сега е 7,5евра. Како резултат на поскапувањето на месото ти комплетно се префрлаш на соја.

Реалната инфлација е (27,5-15)/15=0,83 односно 83%.

Според начинот на пресметка на CPI нема инфлација бидејќи за храна трошиш исто како и претходно, по 15 евра, а месото повеќе не влегува во пресметката бидејќи си прекинал да го купуваш.
 
Не само сеа, 30 години се врши ревидирање, инженеринг и алтерација на методологија при пресметка на CPI и затоа истиот е нерелевантен во однос реалното покачување на цените. Во УСА има 6.5% номинално покачување на цените YOY, а ин виво филс лајк 50,60% и повеќе. Во 80 години имало инфлација 15% но реални со бетон кошничка шо компаративно со овој тип на франкештајн CPI веројатно сеа бројките се повеќе од дупли.

Ќе дадам еден пример. При пресметка на категријата Shelter, третина weighted контрибуција во класата има обична аматерскаа анкетa ,, Owners' equivalent rent (OER) која BLS м ја праи на обични станари кои немаат осет за цените на пазарот на недвижности. Прашањето во анкетата е ,,Колку би платиле рента за стан xxx квадрати?'' ЛОЛ. Актуелните цени на недвижностите и кириите се плафон насекаде низ светот и немаат доближна точка со податоците шо стојат во репортот.
 
Последно уредено:
Член од
7 мај 2012
Мислења
27
Поени од реакции
19
Друже дали истава процедура важи и за пријавување на капитална добивка/загуба при тргување? Колку што видов на сајтот на УЈП до 10ти во наредниот месец требало да се пријават сите продажби за предходниот месец.
На кој начин се пријавува капитална добивка/загуба?
Кои шифри се користат за пријавување?
Кој испис го генерираш и го приложуваш до УЈП како realised summary? Дали целосниот испис заедно со позиции и сл, или генерираш само custom испис со trades, dividends и сл?
Дали добивките и загубите од конверзија на eur/usd ја зголемуваат или намалуваат даночната основица?
Дали се задржува данок во US на капитална добивка, како што се задржува 30% за дивидендите?

Од УЈП може да се изваде потврда за даночен резидент и да се одбегне двојно оданочување. Дали е возможно наместо да се плаќа на пример 15% во Ирска, даночната обврска да се префрли кај нас каде стапката е сеуште е 0%. Каде треба да се достави оваа потврда? Дали треба до IB па тие ќе регулираат понатаму?

Исчитав страници и страници од оваа тема и не најдов конкретни одговори на овие прашања од овој член.

Дали секој месец се пријавува на ујп до 10-ти без разлика дали си повлекол пари од ИБКР на МК сметка?

Мислам дека би требало да има посебна тема во врска со даноци и ИБКР(тргување на хартии од вредност во странство).Оваа тема е одлична за дискусии во врска со берзи, акции, случувања, предвидувања.. Но, некако сите ови е прашања во врска до данокот се во главно игнорирани или не доволно образложени и разбирливо зошто. Бидејки се поставуваат често, а повеќето овде веќе ги имаат решено овие проблеми и скаат да дисктуират за конкретни акции.
 
Да!
Без оглед дали си ги повлекол парите или не, ако имаш приливи од дивиденда, мора секој месец до 10ти да се пријавуваат во УЈП. Тоа што парите не ти се префрлени на македонска сметка нема никакво влијание. Кога парите ќе одлучиш да ги префрлиш на македонска сметка не треба да плаќаш никакви даноци, бидејќи веќе си платил.

Во врска со данокот од САД моменталната ситуација е нејасна. Платениот данок во САД (dividend witholding tax) од 30% во некои градови не го признаваат и ти засметуваат +10% од бруто сумата, со што данокот ефективно ти доаѓа 40%. Мислам дека @Џек Блек пишуваше за ова.

Европските држави исто задржуваат данок на дивиденда во рангот на 25-50%. Овој данок треба да биде признаен од УЈП на основа на договорите за одбегнување на двојно оданочување. Данокот може да се смали до 10-15% ако поднесеш соодветни документи до странските даночни служби или алтернативно да бараш поврат за веќе платен поголем данок од на пример 25%, кој вообичаено го признаваат до 3 години по завршетокот на даночната година. ИБКР може да ја тера процедурата за тебе, ти треба само да им доставиш документи, но таа услуга кошта од 100еур па нагоре и не се исплаќа ако имаш мали вложувања.

Истото важи и кога ќе имаш капитална добивка. Ако акциите или обврзниците или нешто трето си ги продал со добивка, мора да пријавиш капитална добивка до 10ти во наредниот месец. Генерално капиталната добивка треба да се пребие со капиталната загуба. Ако има капитална загуба на крајот од годината може да се пренесе во наредните три години. Но последните коментари овдека беа дека истото не важи за странски акции и сл.

Во странство, овие работи се решени на многу поинаков начин. Имаш различни сметки (штедни, пензиски и сл.) и ако вложувањата (акции, обврзници и сл.) ги чуваш во такви сметки, комплетно си ослободен од било каков данок во државата, и данок плаќаш само кога ќе се одлучиш да повлекуваш пари од овие сметки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom