Така е, јас имам проблем да им објаснам на соговорници дека инфлацијата е пљачка/данок само што не се плаќа на државата туку на газдите на нашите вазалски држави. Во овој случај се наплаќа за да водат војна против Русија, но се случува постојано и одсекогаш и некој постојано прави профит од инфлацијата.
Иронијата е што луѓето како Игорче (а не е само тој туку ги има баш многу), со испрани мозоци од медиумите навиваат за војната, да се дава оружје за Украина да се „бранела“ итн. Ама кога ќе видат точно што се случува во војната. Кога ќе видат видеа како она последното во темата за војната во Украина (18+,
на украински војници им се дава шанса да се предадат ама овие не разбираат точно што се случува и одбиваат), тогаш Игорче се жали зошто воопшто се постираат тие видеа. Не разбира дека видеата се потребни за луѓето како него да видат за колку е безумна војната и што всушност навиваат кога поддржуваат давање оружје и долевање масло на оганот на војната. Да видат како безумно и непотребно гинат млади луѓе.
Тоа таму во Украина се случува секојдневно. Секојдневно и на најмирниот ден на фронтот гинат барем троцифрени бројки луѓе кои се против своја волја бутнати да војуваат. Доброволците како тие од Азов/Ајдар тие се позади фронтот, и спречуваат десертирање (десертерите се вонсудски убивани на лице место).
Ете за што сите ние плаќаме, кога плаќаме за повисоките цени на горивото/енергијата и воопшто со инфлацијата.