Ова 397 на SPY одговара на 3970 на S&P индексот?
Како што гледав некои анализи ако пробиел 3950 ќе одел до 4300.
Ако ова се случи тешко дека ќе има пад пред јуни/јули. Евентуално првите 2 квартали да бидат полоши, да се влезе во рецесија а FED да не ја намали каматната стапка, е тогаш мислам дека ќе биде вистинскиот потоп, некаде август/септември 2023.
Јас размислувам за bond за наредниот период. Вообичаено обврзиниците добро функционираат во период на високи камати. Ако терминалната стапка на FED е 5,5%, обврзиниците кои ќе се издаваат тешко да одат под 6,5%. Практично сигурна камата. И во хиерархијата bonds се на повисоко ниво од приоритетните и обичните акции. Дури и да се претходно издадени ќе одат на дисконт за да се постигне добра камата.
Па ако има некој искуство со тргувањето со обврзници нека пише искуство, јас како што гледав не е default уклучено на IBKR.
Да соодносот рафли е тука некаде меѓу индексот s&P 500 и ЕТФ SPY па и Wilshire5000 ако сакаш.
Никој не знае шо ќе се случува во иднина.
Write that down!. Затоа јас исклучиво си се потпирам на моите индивидуални анализи. Ако SPX пробие како шо викаш 3970 тоа значи дека отиде и целиот започнат надолен тренд од нова година навака. Мислам дека е рано за таков upside, впрочем нема ниту еден аргумент како поткрепа (massive layoffs, earnings deterioration, ongoing war etc), совен отварањето на Кина. Consumer Sentiment за месец декември кажува дека во последни 50 години луѓево само во 80ти години биле повеќе индиспонирани и со помали очекувања од сеа. Значи сеа е полошо од 2001 и 2009

Види 3 месечно трежри носи поголема камата од 30 годишна обврзница, ваква инвертираност на yield curve немало повторно од времето на Paul Volcker.
Уше утре претенциозните очекувања за пад на CPI од 7.1 ноевмри на 6.6 во декември ако не излезат ќе има пад на индексот.
Никогаш не сум размислувал да инвестирам во обврзници ниту во САД, ниту во ЕУ ниту кај нас. Дури и TIPS-от да можеше да се купи немаше да го купам. Едноставно нејќам лихварски мајндсет. Шо ти останува од обврзницата коа ќе достаса, освен купонот шо најверојатно ќе го трошиш ?, Рачки и изгубено време со девалвирана номинална вредност на бондот. Депозитите годинава може да дојдат до 4-5% so what. Си имаат име тие шо повеќе би чувале 10,20,30к $ депозит во УНИ него ли во 20% поевтино VOO или МБИ10 КБ Публикум.
Да се вртам на првото.
SPX,SPY или s&p500 ќе одат надолу пошо FED така сака. Кога ќе смени ФЕД плоча тогаш пак ќе праиме муабет. Еве ти три конфирмации од техничка перпектива за неделава пред нас.
1. 30 week SMА вика надолен тренд.
2.Не гледам волјум нешо изминатиов период.
3.RSI - нема моментум за пробивање