Тоа е многу точно и е директна последица на работењето на претходниците во последните пет години, за жал. А играњето во ЛШ и освојување на титули попатно, иронично, направи голема штета. Затоа и нема ептен трагично да го сфатам неиграњето идната сезона, иако ќе се смета за извесен неуспех, разбирливо.
Тимот не е доволно добар, бап - магично некој трофеј. Тераме, нема потреба од засилувања, доволно засилувања, асални засилувања. Се трошеа пари, кога веќе се трошеа, не многу рационално и не многу плански. Своевидна комфор зона, таму се наоѓаше Челзи. Имаме трофеи, имаме место во Европа, добри сме. Затоа сегашнава ситуација е очекувана, барем за нас и изненаден сум што дури сега си дојде сето на наплата.
Сите топ клубови во Англија го поминаа/поминуваат тој период, природно или неприродно (политичкиот импакт врз Челзи лани). Кога може Јунајтед да е девет години со само еден трофеј, Арсенал 20 со по некој куп и Ливерпул до скоро три децении без Премиер Лига...може и Челзи. Само не мислам дека толку ќе потрае, колку и да се шарлатани засега новиве газди, се наоѓаат некои позитивности кои влеваат надеж побезболен преоден период.
Туку, што сакав, да. Челзи секако имал промашени трансфери и не е тоа спорно. Но, проблемот не лежи во самите трансфери, туку во тенденцијата за менување тренери пречесто. Имено, во последните четири или пет години Челзи смени исто толку тренери. И каде настанува проблемот?
Доаѓа Лампард, со свои идеи, замисли, тактики, желби. Му носат играчи соодветни за неговиот систем. Го бркаат Лампард. Доаѓа нов тренер, со исто така свои идеи, замислк, желби, ама играчите од претходникот стојат уште тука. Па доаѓа трет, четврт, петти тренер. Играчи предвидени за xx системи и концепти, наследени од друг.
На пример, Тухел купува крилни бекови, доаѓа Потер и нема што да прави со нив бидејќи игра со четворица позади. Автоматски имаш вишок, автоматски имаш сериозен проблем. А не можеш сите да ги избркаш и не можеш да донесеш 10 нови, додека во јавност се креира слика дека имаш доволно добар и широк состав. Опасна илузија.
Капак, години наназад кубуриш со повреди, во време на коронавирусот си една од најзаразените екипи.
Во прилог податоков, за сите хаха хихи аМА сИ баРаТе аЛибИ вие:
Бујрум, нека зе носи било кој тренер со овие околности.
Тоа што дури и самите фанови на Челзи не го потенцираат претерано овој факт, а медиумите воглавно се однесуваат како да не постои (што не е случај на пример со Ливерпул, полна уста и нивна и на Клоп за повредени играчи после секој меч), тоа е наш проблем.