Да повторам уште еднаш.
Гледам повеќето повторуваат како Русија никаде не напредува на фронтот (во однос на „освоени територии“). Тоа што освоија и ги нервираат сите со анексии и референдуми е за да се притиска на копчето кај Украина - да се сили и да не размислува трзвено. Исто и западот засилен со идејата дека ако се има пари и се праќа оружје се ќе биде ок. Нема да биде ок. За жал.
Целта не е територија - туку намалување на наталитет, што повеќе загинати украински војници, способни мажи.
Ништо друго... со тоа се намалува се во една држава! Буквално се...
Кој ќе ракува со оружјето што се праќа ако бројките на загинати укрински војници е голема како што велат? Кој ќе гради држава за 20-30 години од сега?
На тоа како никој да не мисли...
Насекаде читам по прозападни медиуми како секој ден украинската војска ги одбива нападите на руската, не може да писне руската војска ни милиметар
И се залетуваат украинците во контра напад и ги убиваат или сакатат неспособни во иднина за било што...
И руски војници умираат, да не се разбереме погрешно - но... сепак постои тоа но, некако се чини дека повеќе умираат украинци отколку руси. Сепак војната Е во Украина, не во Русија.
П.С. Извинете што ви се замешав во манџата на проруски и прозападни муабети