A prviot arhetip e Zoroaster.
Inaku originalno pekolot e zimata, ako ne si sobral jadenje da ja preziveesh ima da umresh na studot..... voskresenieto e budenjeto na prirodata - prolet. I kaj paganite i hristijanite i site pred toa se e isto, Isus e sonceto, Bogorodica vecerta, ona go ragja sonceto. Na nekoi ikoni freski e pretsavena so plasht so zvezdi. Se e metafora no na pogolemiot del od populacijata i treba antropomorfnosta deka prajme muabet za covek, ko na dete sho mu treba meceto ushko ili bilo koe zivotince u crtan film da zbori. Ne sekoj e sposoben za apstraktno razmisluvanje plus poednostavno e. Verojatno postoel nekoj propovednik na koj ja zalepile celata filosofija i metafora no navistina nebitno e koj koga e roden, bitno e da prodolzime da seeme strav od gospod i taka prodolzime da sozdavame blokada vo umot na delot od populacijata sho se psihopati pa sprecime da ni se deshavaat masovni ubistva po shkoli, molovi i tako dalje. Bitno e mnogu da odrzime stvrav od gospo za bezbednosta na nashite deca.
Како вид, еволуциска карактеристика ни е да следиме и почитуваме авторитети (велам како вид, секогаш има поединци кои мразиме авторитети и конформизам). Ова е многу убаво и разбирливо објаснето во „Себичниот ген“ од еволутивниот биолог Ричард Докинс. Тезата му е дека едноставно поголемиот дел од битисувањето на човекот било во исклучително опасна животна средина каде следењето авторитети било еволуциски позитивна продобивка. Диви животни, предатори насекаде. Следствено децата кои не биле способни да следат инструкции од типот „не влегувај во водата“ или „не оди сам во шумата“, брзо биле елиминирани од колективниот генотип (ги јаделе предатори). Следствено таквите што слушаат ги пренесувале своите гени. Селективна генетска манипулација на видот која се случува со еони.
Итн, интересна книга но што се тиче дискусијава овде поентата е дека и религиите се резултат од оваа човечка карактеристика на следење авторитети. Едноставно повремено се наоаѓа некој кој од постоечките дотогашни верувања и обичаи ќе собере материјал со кој потоа се наметнува на мнозинството како авторитет. Се разбира, најчесто заради лична корист иако официјалната наратива е „бог ми кажа вака и вака“. Пред Зороастризмот имало нешто друго, после Зороастризмот дошле аврамскиte религии а со нив и Христијанството, па после и Исламот. Итн.
Ова (создавањето религии) полесно поминува колку повеќе луѓето се прости и понеуки. Човек би си рекол во денешното време со напредокот на науката дека е невозможно да се направи нова религија, но ликовите како Хабард и неговата „Сциентологија“ го демантираат тоа. Луѓето се еднакво подложни на манипулации и сега исто колку и во минатото. Разликата помеѓу таквите како Кроули и спомнатиот Хабард, е во тоа што Хабард бил многу повешт манипулатор на луѓе.
Повторно тоа ни се еволуциски карактеристики стекнати со еони еволуција, и би требале еони еволуција надвор од тоа.
На крајот на сите краишта, ако гледаме логички: Сѐ ова за што зборуваме донекаде е корисно за човештвото. Или барем ѐ кога ќе се спореди со неорганизацијата, хаосот и конфликтите кои претходеле на организираните религии - а со тоа и организираните општества/држави. Пошто сето тоа е поврзано и историски и причинско последично. И се разбира дека религиското организирање не значело крај на конфликтите - потоа поголемите групи луѓе влагаат во конфликти со други поголеми групи луѓе. Но сепак бенефитите генерално се поголеми од проблемите... Mеѓу другото да, и за држење под контрола на психопатите меѓу нас.
Сѐ додека има напредок, генерално позитивно гледам на тоа.
Проблемот е кога ќе запре напредокот на човештвото. Денешнава нова религија веќе се наѕира во социјалното инжинерство кое масовно и постојано се случува по многу вектори. Филмска уметност, музика, попкултура... Нѐ спремаат за новото, ама новото овојпат го уништува напредокот. Науката се негира, се канцелира. Биологијата првенствено, наеднаш сите сознанија веќе не важат - нема два пола, машки и женски. Сега наеднаш секој може (религиски) да верува дека може да биде што сака. Но не само поединецот, туку општеството, сите други мора да играат по тоа сценарио и да глумат лудило.
Ова се случува насекаде на западот, ама забрзано доаѓа и овде.
Ликот се избричил, лошо се нашминкал, бапнал сукња и градник со потпунки... И сите мора да глумиме лудило дека е жена, за да не му ги повредиме чувствата. Тој лично наеднаш смее и може да иде во женски тоалети и соблекувални со девојчиња, пошто се „осеќа како жена“. Итн, има многу примери. Потоа разбирливо лудилото се шири, а со тоа и последиците од тоа лудило.
Во меѓувреме научниците што се дрзнуваат да ја критикуваат новата религија? Нив ги канцелираат. Ордите „разбудени“ верници прават насилни протести пред работните места на таквите научници, и го присилуваат естаблишментот да ги избрка од работа таквите. Со време сите научници почнуваат да ја играат играта, да ја повторуваат новата догма на новата религија. Сите што не ја играат играта и онака се нерелевантни, пошто се избркани од работа и од социјалните мрежи (кои исто се медиум за ширење на новата религија).
Кроули? Па дури и Џошуа и другите попознати и помалку познати пророци... Тие сите заедно не можат ни вода да им носат на промоторите на новава религија која денес на сила ни се натура, па веќе и низ нос ни излегува. Но малкумина сме свесни за значајноста на новиот култ, повеќето едноставно без размислување си ја голтаат пропагандата и/или си се наоѓаат во некои банално тесногради, лични и користољубиви аспекти.